Совет за ИКТ во правосудните органи

СОВЕТОТ ЗА КООРДИНИРАЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ПРАВОСУДНИТЕ ОРГАНИ

 

Врз основа на член 87-а од Законот за судовите (Службен весник на Република Македонија бр.58/06, 35/08, 150/10, 83/18 и Службен весник на РСМ бр,96/19) со Одлука бр.08-3183/5 од 01.11.2019 година и Одлука за исправка и дополнување бр.08-31837 од 25.11.2019 година, Министерот за правда го основа Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи (Совет за ИКТ), како оперативно стручно тело составено од претставници на правосудните органи и тоа во состав:

1.Митко Митревски, Претседател на Советот за ИКТ, Генерален секретар на Јавно обвинителство на   Република    Северна Македонија,

2.Весна Бојаџиевска, Заменик претседател  на Совет за  ИКТ  ,Раководител на служба за информатика, Врховен суд на Република Северна Македонија

3.Ирена Димовска,Советник , Јавно обвинителство на Република Северна Македонија и член на Советот за ИКТ,

4. Билјана Сековска Манева, Виш судски соработник,Врховен суд на Република Северна Македонија  и член на Советот за ИКТ

5.Аспарух Мисајловски, Генерален секретар на Совет на Јавни обвинители на Република Северна Македонија  и член на Советот за ИКТ,

6.Анита Андоновска,Генерален секретар на Судски совет на Република Северна Македонија и член на Советот за ИКТ,

7.Маја Хаџи-Кимова Трпкова, Раководител на одделение за информациско-комуникациски технологии, Судски буџетски совет и член на Советот за ИКТ. 

Секретар на Советот Драгана Цветковска, Министерство за правда и Заменик секретар Ирена Шекуткоска Јанакиевска, Министерство за правда. 

Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, како и следење, спроведување и ревизија на стратегијата за ИКТ во правосудството. 

Советот за ИКТ дава предлог за утврдување на приоритети на политиките и координација на правосудните органи во работењето на системот на информатичко-комуникациската технологија.

Министерот за правда дава административно-техничка поддршка на работењето на Советот за ИКТ.

Министерството за правда е корисник на статистичките податоци во базите на податоци од информатичкиот систем во правосудството.

Министерот за правда со подзаконски акт го утврдува составот и начинот на работа на Советот за ИКТ.