Сектор за правосудство
Раководител на сектор: Помошник раководител на сектор - Ана Стојова

 

 Контакт телефон:  , локал:

e-mail: astojova@mjustice.gov.mk

Во Секторот за правосудство се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на судството, јавното обвинителство, државното правобранителство, другите правосудни органи, адвокатурата и други видови на правна помош, наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи, амнестијата и помилувањето, кривичната, парничната и вонпарничната постапка, прекршоците, интелектуална сопственост и вештачење.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку: 

  • Одделение за нормативна дејност во кривичната и граѓанска материја.
  • Одделение за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи;
  • Одделение за помилување и надомест на штета;
  • Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи;
  • Одделение за дејноста вештачење и процена.

 

Одделение за нормативна дејност во кривичнатата и граѓанската материја


Во Одделението за нормативна дејност во кривичнатата и граѓанската материја се вршат следните работи и задачи: 

  • подготвување на предлози за донесување на закони, предлози на закони и други прописи и општи акти во кривичната и граѓанската материја;
  • изготвување на анализи за спроведување на законите од кривичната и граѓанската материја;
  • изготвување на компаративни анализи и анализи за меѓународните стандарди од кривичната и граѓанската материја;
  • изготвување на мислења по закони и иницијативи за оценка на уставноста на законите од кривичната и граѓанската материја;
  • следење и имплементација на законите од кривичната и граѓанската материја.
  • собирање податоци од судовите, вршење анализа на казнената политика на судовите, давање предлози за унапредување на законската рамка и следење меѓународните стандарди содржани во меѓународните документи кои се однесуваат на конфискација на имот, имотна корист и одземање на предмети во кривична и прекршочна постапка.


Одделение за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи


Во Одделението за судови, јавно обвинителство и други правосудни органи се вршат следните работи и задачи:

 

  • подготвување на предлози за донесување на закони, предлози на закони и други прописи и општи акти во областа на судството, јавното обвинителство, адвокатурата и другите правосудни органи;
  • изготвување на извештаи, мислења, анализи, осврти, информации и други материјали што се однесуваат на работата на судството, јавното обвинителство, адвокатурата и другите правосудни органи;
  • следење и проучување на работата на судството во врска со организацијата, навременоста, експедитивноста и ажурноста во нивното работење;
  • остварување соработка со јавното обвинителство по прашањата на обезбедување на општите услови за работа, како и по други прашања од заеднички интерес;
  • учество во вршење надзор над управното работење и во вршењето надзор над ажурното работење;
  • изготвување на Судски деловник;
  • водење грижа за спроведувањето на Судскиот деловник и дава упатство и објаснувања на негова примена и врши увид во врска со примената на Судскиот деловник;
  • следење на работата на правосудните институции и подобрување и усовршување на нивната работа;
  • следење на остварувањето на имплементацијата и заштитата на интелектуалната сопственост;
  • следење и имплементација на реформата во правосудниот систем во рамките на надлежностите на секторот;
  • извршување на работи во врска со правосудната управа;
  • водење евиденција за судиите, која содржи податоци за името и презимето, датумот и местото на раѓање, националноста, местото на живеење, степенот на образованието, стручниот назив, познавањето странски јазици, како и други податоци определени со закон;
  • водење евиденција за припадниците на судската полиција, вршење увид во безбедносната состојба на судовите и давање препораки и насоки за нејзино подобрување;
  • водење евиденција за јавните обвинители, која содржи податоци за името и презимето, датумот и местото на раѓање, националноста, местото на живеење, степенот на образованието, стручниот назив, познавањето странски јазици, како и други податоци определени со закон;
  • прибирање и водење на статистички податоци и изготвување на анализи и статистички извештаи за работата на судовите и јавните обвинителства;
  • водење на редовна судска статистика и изготвување на годишни статистички евиденции, прибирање и обработка на статистички податоци;
  • собирање и обработка на податоци.


Одделение за помилување и надомест на штета


Во Одделението за помилување и надомест на штета се вршат следните работи и задачи: 

  • изготвување на предлози за помилување на поименично осудени лица;
  • изготвување предлози по одлука на Претседателот на Република Македонија (групни) помилувања;
  • вршење на работите во врска со надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода.


Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи


Во Одделението за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи се вршат следните работи и задачи : 

  • постапување по претставките и поплаките на граѓаните на работата на судовите кои се однесуваат на одолговлекување на судската постапка или на работата на судските служби;
  • испитување на претставките и поплаките на граѓаните што се однесуват на работата на јавните обвинители и другите правосудни органи;
  • изготвување на информации, анализи и други материјали кои се однесуваат на претставки и поплаки на граѓаните што се однесуват на работата на јавните обвинители и другите правосудни органи;
  • водење евиденција на претставките кои се поднесени по работата на судовите, јавните обвинители и другите правосудни органи.


Одделение за дејноста вештачење и процена


Во Одделението за дејноста вештачење и процена се вршат следните работи и задачи: 

  • подготвување на предлози за донесување на закони и предлози на закони и други прописи и други општи акти во областа на вештачењето;
  • изготвување на извештаи, мислења, информации, анализи, осврти и други материјали кои се однесуваат на работата на дејноста вештачење;
  • преземање на административно-техничките работи за спроведување на стручниот испит;
  • постапување по барања за лиценца на вештак;
  • водење на регистар на лиценците на вештак;
  • постапување по барања кои се однесуваат на работата на вештаците;
  • следење и вршење надзор над спроведувањето на законските и подзаконските акти во областа на процената;
  • вршење на надзор на Збирниот регистар на проценители во Комората на проценители.