Сектор за финансиски прашања
Раководител на сектор: Милева Младеновска

 

Контакт телефон: 3116648, локал: 229 

e-mail: mmladenovska@mjustice.gov.mk

Во Секторот за финансирање се вршат работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на финансиско планирање и анализа, материјално-финансиско работење и јавните набавки.

Работите од делокругот на Секторот се извршуваат преку: 

  • Одделение за буџетска координација;
  • Одделение за буџетска контрола;
  • Одделение за сметководство и плаќање.

 

Одделение за буџетска координација


Во Одделението за буџетска координација се вршат следните работи и задачи: 

  • координирање процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола;
  • вршење работи кои се однесуваат подготвување, изменување и дополнување на буџетот и стратешкиот план во делот на финансиите ;
  • давање предлози за воспоставување/укинување на ex ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
  • задолжително давање мислење по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во Министерството и на други органи кои би можеле да имаат финансиски импликации за буџетот на Министерството;
  • изготвување на план за воспоставување на финасиското управување и контрола, како и методологија за спроведување на планот кои ги одобрува министерот;
  • следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење;
  • оценува дали предлог буџетот за наредната година добиени од раководителите на организационите единици се во согласност со насоките од Секторот за финансиски прашања и Министерството за финансии;
  • подготвување на извештај за реализирани програми, проекти и договори;
  • подготвување на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
  • подготвува решение/ја за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет;
  • вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиското управување и контрола;
  • подготвување на Годишниот финансиски извештај согласно Законот за јавна внатрешна контрола
  • анализа и контрола на одобрените средства во буџетот/финансискиот план пред пеземањето на обврските.


Одделение за буџетска контрола


Во Одделението за буџетска контрола се вршат следните работи и задачи: 

  • следење на времено и целосно пробирање на приходите;
  • контрола на извршувањето на буџетот;
  • следи навремено плаќање на расходите во согласно со процедурите за преземање на обврските и и извршување на плаќање;
  • контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
  • ја следи усогласеноста на извршувањето на буџетото во целост или за одделни буџетски ставки со процедурите донесени од раководителот на субјектот или министерот за финансии
  • ја следи ефективноста на буџетската контрола што ја спроведуваат раководителите при управувањето со сопствениот дел од буџетот, при што обезбедува дали: одобрените буџети не се надминати, пренамените помеѓу буџетските ставки со вршат согласно на целите и/или намената и буџетските ставки се извршуваат во годината за која се планираат;
  • следење на буџетското и финансиското известување;
  • советување и поттикнување на раководителите да спроведат ефективно, ефикасни, уредно, проверливо и целосно финансиско управување и контрола;
  • спроведува контрола на ревизорска трага воспоставена од раководителите на субјектот;
  • следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведување ex post финансиска контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација со која се врши плаќање на истите;
  • изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот;
  • следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди упатства) од областа на финансиското управување и контрола;
  • контрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред пеземањето на обврските.


Одделение за сметководство и плаќање


Во Одделението за  сметководство и плаќање се вршат следните работи и задачи: 

  • сметководствено евидентирање на основните средства на субјектот, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски;
  • спроведување на сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финансискиот план и подготвувањето на годишна сметка (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, контролиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи);
  • воспоставува ревизорска трага односно документарен тек на финансиски и други трансакции од нивниот почеток до крај;
  • изготвување месечни финансиски извештаи за реализација на извршувањето на буџетот по организациони единици согласно решението за внатрешна распредлба на буџетот по програми и ставки;
  • врши заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба;
  • ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето, согласно пишаните процедури за сметководствените процеси;
  • изготвува налози за плаќање,  секојдневно водење на благајнички работи и трезор, како и  пресметка и исплата на платите на вработените
  • спроведува навремено, точно и целосно евидентирање на плаќања во финансиско сметководство
  • буџетско и финансиско известување по сметки.