Одделението за преговори и интеграција се вршат следните работи и задачи :

  • активности за реализација на обврските кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) предвидени во Глава VII Правда и внатрешни работи во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на Европската унија (ЕУ) и приоритетите од Европското партнерство;
  • континуирани активности во насока на планирање, изготвување, реализација и следење на имплементација на Националната програма за усвојување на правото на Европска унија (НПАА);
  • следење на динамиката на реализација на Поглавје 23 од (НПАА) и ажурирање на матрицата ;
  • одржување на електронската библиотека на документи и акти поврзани со НПАА (хронолошко следење и чување на актите донесени и хармонизирани со ЕУ acquis)
  • поддршка во работата на Поткомитетот на ССА за Правда и Внатрешни работи (ПВР) и другите тела за спроведување на процесот на европска интеграција;
  • поддршка во подготовка на преговарачките позиции за преговори со Европската унија во областите на acquis communiatire;
  • следење на законодавството и политиките на Европската унија во областа на acquis communiatire (процесот на донесување на секундарното законодавство на ЕУ и негово стапување во сила);
  • утврдување на надлежностите за ЕУ мерки и следење на потребите за превод на ЕУ мерки;
  • користење на базите на податоци на ЕУ за работите од делокругот на Одделението;
  • соработка и одржување контакти на соодветно ниво со Секретаријатот за европски прашања и други министерства, европски и меѓународни институции и организации за прашањата во областа од надлежност на Одделението;
  • учествува во работата на работни тела на Владата на Република Македонија за прашања од областа на Европската унија;
  • координација помеѓу надлежните институции во правец на приближување на националното законодавство кон законодавството на ЕУ и приоритетите на Европското партнерство;
  • активности за организирање редовни средби на Работната група и ССА Поткомитет за Правда и внатрешни работи;
  • подготвување на анализи, извештаи, информации, оценки, мислења за реализација на обврските од ССА и Европско партнерство и другите активности за пристапување во ЕУ;
  • други работи поврзани со процесот на европска интеграција;

Контакти во Одделение за преговори и интеграции:

  • bbosilkova@mjustice.gov.mk
  • ageorgievski@mjustice.gov.mk
  • mkrzalovski@mjustice.gov.mk


 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk