ДЕЛОВНИК ЗА РАБОТА НА РАБОТНАТА ГРУПА 23 – ПРАВОСУДСТВО И ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРАВА

Министерството за правда како координатор на работната група за Поглавје 23 Правосудство и фундаментални права, како резултат на заедничката соработка со Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит“,  Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Швајцарската агенција за развој и соработка, изготви Деловник за работа на работна група 23 Правосудство и фундаментални права.

Процесот на изготвување на Деловникот за работа, е во согласност со Одлуката за образување на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (Службен весник на Република Македонија број 137/09), и истиот вклучи консултации со сите членови на работната група.

Со Деловникот за работа, поблиску се уредува начинот на работа на работната група одговорна за Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, составот, делокругот на работа и надлежностите на работната група, правата и должностите на раководителот и членовите на работната група, учеството на засегнатите страни во работата на работната група, како и други прашања од значење за работењето на работната група.

Деловникот за работа, ќе им овозможи на членовите на работната група за подобра координација во процесот на приближување на законодавството на ЕУ, иницирање на процес на развивање на дополнителни механизами и платформи за меѓуинституционална комуникација, заснована на пишани правила и процедури, како и за поставување на модел за другите преговарачки тела.


Macedonian Edition
Albanian Edition
English Edition

 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk