Одделение за ИПА проектите се вршат следните работи и задачи:

  • планирање на инструментот за предпристапна поддршка и помош-ИПА,во врска со приоритети и потреби кои произлегуваат од НПАА;
  • програмирање, техничка имплементација, мониторинг и евалуација (на ниво на проект);
  • целосно имплементирање на обврските предвидени во Оперативниот договор кој ресорното Министерството за правда ќе го склучи ЦФЦД;
  • доставување на прецизна и навремена информација за потребен буџет за наредната година во однос на националното ко-финансирање и програмираните ИПА средства по проекти, до надлежниот координатор за авторизација (НАО);
  • воспоставување на информационен систем со податоци за проекти (Database) ;
  • чување на целата документација поврзана со проектот во рок од 7 години по завршувањето на ИПА проектот;
  • подготвување на проектни задачи (ToR), техничка спецификација за тендерското досие;
  • подготвување на предлог-листа на членови до Комисијата за оценување до ЦФЦД;
  • парафирање на "twinning "договорите;
  • потпишување на Евиденција за присуство и испорачани услуги на експерти (Time Sheet), договори за градење (works), потпишување на временски и конечни сертификати за градење, верификување на направените трошоци;
  • континуирано следење на степенот на извршување на проектите и доставување на извештаи;
  • подготвување на годишни и финални извештаи за оперативната програма;
  • предвидување и оценка на ризик на ефектите од исполнувањето на Оперативната програма;
  • активности за учество во програмите и агенциите на Европската Унија;
  • соработка со Секретаријатот за европски прашања, Национален координатор за странска помош(НКСП), Комитетот на министри за координација на странск помош (КМКСП), со Министерството за финансии (МФ), Централната единица за контрактирање и финансирање (ЦФЦ), Националниот фонд (НФ) и другите надлежни органи и соработка со службите на Европската Комисија задолжена за програмите за Република Македонија;
  • вршење на други работи поврзани со странска помош;

 

Контакти во Одделение за ИПА:
  • srakipi@mjustice.gov.mk
  • mdzabirova@mjustice.gov.mk
  • phristovska@mjustice.gov.mk
  • tvitlarova@mjustice.gov.mk

 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk