ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ,

ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ И БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА ВО ЗАТВОРИТЕ - МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА И УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ВЕ ПОВИКУВААТ

ДОКОЛКУ ИМАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА КОРУПТИВНИ ДЕЈСТВА ВО ЗАТВОРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИЈАВЕТЕ КОРУПЦИЈА ВО ЗАТВОРИТЕ НА ТЕЛ.

 ИЛИ ИСПРАТЕТЕ НА АДРЕСА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА

02 3223 519

УЛ. "ЈУРИЈ ГАГАРИН" БР.15

....................................................................................................

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА УИС И ДКСК

Директорот на Управата за изрвшување на санкции Лидија Гаврилоска и Претседателот на Државната Комисија за спречување на корупција Игор Тантуровски потпишаа меморандум за соработка на 17.05. 2017 година во Тренинг Центарот во Идризово.

повеќе

....................................................................................................

ТРИ ЕДНОДНЕВНИ ОБУКИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА НА ЗАТВОРСКИОТ ПЕРСОНАЛ ЗА НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА НА НЕСООДВТЕНО ПОСТАПУВАЊЕ И КОРУПЦИЈА ВО ЗАТВОРСКИ СИСТЕМ

На 20-ти февруари 2017 година во Тренинг центарот во Идризово започна спроведување на еднодневни обуки во врска со Политиката за нулта толеранција за несоодветно постапување и корупција во затворски услови.

повеќе

....................................................................................................

КАСКАДНИ ОБУКИ ЗА ПРИМЕНА НА ОПШТА КОГНИТИВНА ПРОГРАМА ЗА ТРЕТМАН НА ОСУДЕНИ ЛИЦА

Во рамките на на ИПА 2009 Проектот ,,Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица” во периодот април-мај 2015 година се реализираа 4 циклуси на обука за примена на Општа когнитивна програма за третман на осудени лица.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД РАКОВОДНИОТ КАДАР НА МАКЕДОНСКИОТ ЗАТВОРСКИ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА УНГАРИЈА

Во периодот од 11 до 13 мај 2015 година, во рамките на ИПА Проектот 2009 “Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица”, се реализираше работна посета во Република Унгарија со цел размена на искуства од областа на менаџирањето и раководењето со затворскиот систем.

повеќе

....................................................................................................

КАСКАДНА ОБУКА ЗА ПРИМЕНА НА ОПШТА КОГНИТИВНА ПРОГРАМА ЗА ТРЕТМАН НА ОСУДЕНИ ЛИЦА

Управата за извршување на санкциите во рамки на ИПА 2009 Проектот ,,Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица” започна со спроведување на каскадни обуки за примена на Општа когнитивна програма за третман на осудени лица, од кои првиот циклус на обуки се одржа на 2 и 3 април 2015 година во Хотел Оаза, Штип.

повеќе

....................................................................................................

ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА КАЗНАТА ЗАТВОР И ЕФИКАСНО СПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

Управата за извршување на санкциите во соработка со Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје во периодот од 9 до 14 февруари 2015 година во Хотел Арка, Скопје спроведе обука на обучувачи за планирање на казната и ефикасно справување со конфликти во затворски услови.

повеќе

....................................................................................................

ПИЛОТ ПРОЕКТ ВО ЗАТВОР БИТОЛА

Управата за извршување на санкциите во рамки на ИПА 2009 Проектот ,,Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица” на 17 февруари 2015 година започна со спроведување на Пилот Проектот во Затвор Битола за примена на Општата когнитивна програма за третман на осудени лица.

повеќе

....................................................................................................

ОБУКА НА ЗАТВОРСКИ РАКОВОДЕН КАДАР

Управата за извршување на санкциите во соработка со Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје во периодот од 18 до 20 февруари 2015 година спроведе Пилот Обука на затворски раководен кадар.

повеќе

....................................................................................................

Обука за примена на Општа когнитивна програма

Управата за извршување на санкциите во рамки на ИПА 2009 Проектот ,,Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица” на 13, 14 и 15 јануари 2015 година во Охрид организираше тродневна обука на обучувачи за примена на Општата когнитивна програма и кратката алатка за скрининг на осудени лица во казнено-поправни установи.

повеќе

....................................................................................................

ТРКАЛЕЗНА МАСА за претставување на Национална Стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија 22 декември 2014 година

На 22 декември 2014 година во организација на Управата за извршување на санкциите и Советот на Еверопа, во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје се одржа Тркалезна маса на која беше презентирана Националната Стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија заедно со Акционен План за нејзина реализација.

повеќе

....................................................................................................

МУЛТИЛАТЕРАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ДОБРИ ПРАКТИКИ НА ПОЛЕТО НА ПЕНИТЕНЦИЈАРНИОТ СИСТЕМ

Во периодот од 27-28 Ноември 2014 година во рамките на работата на Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа се одржа мултилатерална конференција во Стразбур, Франција на која активно учество зеде и Република Македонија со свој преставник од Управата за извршување на санкции, во врска со воспоставување добри практики на полето на пенитенцијарниот систем.

повеќе

....................................................................................................

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО ,,ПРАВОСУДЕН ЛАНЕЦ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА ‘‘

На ден 11 и 12 Декември 2014 година под покровителство на Кралството Холандија во Будва, Црна Гора се одржа Регионална конференција за владеење на правото 2014: ,,Правосуден ланец во кривичната постапка‘‘ со присутво на земјите од Југоисточна Европа.

повеќе

....................................................................................................

Регионална работилница ,,Промовирање на меѓународни стандарди за третман на жени затвореници” 15 и 16 декември 2014 година

Во периодот од 15 до 16 декември во Виена, во организација на (United Nations Office on drogs and crime) UNODC се одржа регионална работилница со наслов: ,,Промовирање на меѓународни стандарди за третман на жени затвореници”, за земјите од Југоисточна Европа на која што присуствуваа делегации од Република Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

повеќе

....................................................................................................

СЕМИНАР ЗА ЗАТВОРСКИ ПЕРСОНАЛ ,,ТРЕТМАН И ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПРОГРАМА ЗА ТРЕТМАН НА ОСУДЕНИ ЛИЦА ШТО КОРИСТАТ ДРОГИ ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНИ УСТАНОВИ”

Управата за извршување на санкциите во соработка со Министерство за здравство, Проектна единица за имплементација на Програмите од Глобалниот фонд, во Хотел Континентал на 11 и 12 декември 2014 година организираше дводневен семинар со наслов: Третман и психосоцијална поддршка на осудени лица што користат дроги во казнено-поправни установи.

повеќе

....................................................................................................

РЕАЛИЗИРАНА СТУДИСКА ПОСЕТА ВО Р.ХРВАТСКА ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „ПРОМОВИРАЊЕ НА ОДРЖЛИВИ ВРАБОТУВАЊА III“

Во периодот од 03-06 ноември 2014 година во Загреб, Хрватска се реализираше студиската посета во рамките Меморандумот за соработка помеѓу Програмата за развој на обединетите нации (UNDP) и Министерството за образование и наука и Управата за извршување на сакциите, како дел од активностите на проектот „Промовирање на одржливи вработувања III“.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОПШТА КОГНИТИВНА ПРОГРАМА

Во периодот од 6 до 8 ноември 2014 година, во рамките на ИПА Проектот 2009 “Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица”, се реализираше работилница во Маврово со цел развивање на Општата когнитивна програма од областа на третманот на осудените лица.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТНА СЕСИЈА ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ПЕНИТЕНЦИЈАРНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во периодот од 10 - 12 ноември 2014 година во Маврово, претставници од Управата за извршување на санкците заедно со национален консултант ангажиран од страна на Совет на Европа одржаа тридневна работна сесија за изработка на Националната Стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЗАТВОРСКИОТ СИСТЕМ ВО КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА

Во периодот од 27 до 29 октомври 2014 година, во рамките на ИПА Проектот 2009 “Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица”, се реализираше работна посета во Кралството Норвешка со цел размена на искуства од областа на третманот на осудените лица, со посебен фокус на Програмите за третман и проценка на ризик на осудени лица.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТНА СЕСИЈА ЗА РАЗВИВАЊЕ НА МОДУЛ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА КАЗНАТА ЗАТВОР И ЕФИКАСНО СПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

На ден 13 и 14 октомври 2014 година во Програмската канцеларија на Советот на Европа се одржаа два работни состаноци за изготвување на два модули за обука за затворскиот персонал. Едниот модул се однесува за планирање на казната затвор, додека другиот се однесува за ефикасно справување со конфликти во затворски услови.

повеќе

....................................................................................................

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ИНСТИТУЦИИ ЗА ТРЕТМАН НА МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА ВО ХОЛАНДИЈА

Во периодот 06-10 октомври 2014 година, во рамките на Проектот ,,Подобрување на затворските услови за реинтеграција на малолетните затворени лица’’, се одржа студиска посета на институциите за третман на малолетни лица во Холандија, организирана од страна на Холандскиот хелсиншки комитет..

повеќе

....................................................................................................

РАБОТНИ СОСТАНОЦИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ПОЧЕТНА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА НА РАКОВОДЕН КАДАР ВО КАЗНЕНО-ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО-ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ

На 07 и 08 октомври 2014 година во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје се одржаа состаноци за развивање на Програма за обука на раководен кадар во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија на кои учествуваа членовите на работната група од Управата за извршување на санкциите и казнено-поправните установи и меѓународни консултанти од Советот на Европа.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ИЗРАБОТКА НА ОПШТА КРИМИНОГЕНА ПРОГРАМА, РАЗВИВАЊЕ НА ИНСТРУМЕНТ ЗА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК И БРЗА АЛАТКА ЗА СКРИНИНГ НА ОСУДЕНИ ЛИЦА

Во периодот од 03-06 октомври 2014 година, во Хотел Арка-Скопје, се одржаа работни сесии за изработка на Општа Криминогена Програма со модули за третман на осудени лица, адаптација на Инструментот за процена на ризик и изработка на кратка алатка за брз скрининг на осудени лица.

повеќе

....................................................................................................

РАБОТЕН СОСТАНОК ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ПЕНИТЕНЦИЈАРНИОТ СИСТЕМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 01 и 02 октомври 2014 година во Стразбург – Франција, се одржа Четвртиот состанок за изработка на Националната Стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Република Македонија, што е дел од активностите на ИПА Проектот 2009 насловен како “Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица”.

повеќе

....................................................................................................

СОСТАНОЦИ НА ТЕМА "УНИФИЦИРАНИ ОБРАСЦИ КОИ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ НА СТРУЧНОТО ДОСИЕ"

На ден 25 и 29 септември 2014 година во МП-Управа за извршување на санкциите се одржаа состаноци на тема ,,Унифицирани обрасци кои се составен дел на стручното досие“. На состаноците беа присутни претставници од Управата за извршување на санкциите и вработените во сектор за ресоцијализација, здравствен сектор и затворска полиција од казнено-поправните установи, со цел за дискусија на конечната верзија на обрасците, како и начинот на водење на стручното досие. На состаноците е прифатена конечната верзија на Упатството за содржината и начинот на водење на стручно досие за осудени лица во казнено-поправни установи, како и содржината на обрасците. Стандардизиран начин на водење на стручно досие за осудени лица во сите казнено-поправни установи е во согласност со современите затворски препораки и ќе започне со имплементација од 1 октомври 2014 година.

....................................................................................................

РЕЗИМЕ од Директорот на Управата за извршување на санкциите во врска со преземените активности кои се однесуваат за подобрување на третманот на осудените лица

Почитувани, 

 Управата за извршување на санкциите согласно своите надлежности континуирано презема крупни реформски зафати во насока на подобрување на затворскиот систем во Република Македонија.

За остварување на поставената визија и мисија на Управата за извршување на санкции, а тоа е професионално и ефикасно организирани и управувани казнено-поправни и воспитно-поправни установи кои во континуитет обезбедуваат висок степен на ресоцијализирани и интегрирани граѓани во општеството, преземени се конкретни интервенции во легислативата, значајни активности за подобрување на процесот на ресоцијализација на осудените лица, подобрување на сместувачките капацитети во установите, како и активности за јакнење на капацитетите на вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи во Република Македонија.

повеќе

....................................................................................................

ДИРЕКТОРОТ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БРИТАНСКАТА СЛУЖБА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОСУДЕНИ ЛИЦА

Во рамките на проектот “Поддршка кон воспоставување на пробациска служба во македонскиот казнен систем”, финансиски поддржан од Британската Амбасада во Скопје, во периодот од 14-18 ноември 2011 година, директорот на Управата за извршување на санкциите Лидија Гавриловска, претставници од Управата и од Центарот за човекови права и разрешување конфликти кој е локален имплементатор на Проектот, остварија студиска посета во Лондон, Велика Британија.

ЗАТВОРОТ СКОПЈЕ СО НАЈОВРЕМЕНИ УСЛОВИ ЗА ПРИТВОРЕНИЦИТЕ

Во сите притворски одделенија во затворите во земјава биле создадени услови за непречен и неограничен контакт на притворените лица со нивите бранители без да се бара одобрение од судот што ја води кривичната постапка.

повеќе

.......................................................................................

Фатени тројца малолетници избегани од Воспитно поправниот дом Тетово

Тројцата малолетници од Воспитно поправниот дом Тетово, кои на ден 29.10.2010 година извршија бегство откриени се од полицијата и вратени се во Воспитно поправниот дом кој е времено сместен во објектот на Отвореното одделение на КПД Идризово во Велес.

Меѓу нив е и лицето Петре Севдински, кој како полнолетен е осуден со повеќе пресуди на казна затвор од 1 година и 3 месеци и кој ќе биде упатен на издржување казна затвор од надлежниот судија.

Притвореник вратен на доиздржување на мерката притвор во Затвор Тетово

Ве известуваме дека притвореното лице Шани Исмаили од Тетово, кое на 26.10.2010 година изврши бегство од Затворот Тетово, на 02.11.2010 година е приведен од страна на СВР Тетово и е вратен на доиздржување на мерката притвор.

Фатен затвореник при обид за бегство од КПД Штип

Ве известуваме дека осуденото лице Роберт Пешев од с. Владевци, Струмица кое на 29.10.2010 година изврши бегство од Казнено поправниот дом Штип, на 01.11.2010 година е фатен и приведен во Полициската станица Струмица, истиот ден е преземен од страна на службените лица на КПД Штип и е вратен на доиздржување на казната затвор.

Јуни 2010

Во рамки на Оценската мисија за правда, слобода и безбедност при Европската комисија на Европската Унија, членот на мисијата г. Греам Џонсон посети неколку Казнено поправни установи во Република Македонија.

По реализираните посети г. Џонсон даде позитивна оценка и благодарност до Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите за напредокот на реформите во затворскиот систем во Република Македонија.

Писмото го пренесуваме во целост.

Почитувана г-ѓо Гавриловска

Тукушто го завршив мојот извештај и го пратив до Брисел. Се потрудив колку што е можно повеќе да ја рефлектира целосната слика и да се осигурам дека овозможува проценка на работата која Вашата служба ја има преземено под Ваше водство. Најбитниот елемент е процесот на промена со кој се справува вашата служба во моментот и големината на промените кои се успешно имплементирани во текот на последните две години. Извештајот немаше да биде завршен доколку ја немав неизмерната соработка од Вас и Вашиот персонал. Се надевам дека ќе обезбеди подобра слика за секој кој ќе врши оценски мисии во иднина. Исто така, би сакал да ја искажам мојата екстремна благодарност на Вас за времето кое го одвоивте за да бидете со нас и за Вашето гостопримство во текот на времето кое го поминав во Македонија.

Ви честитам уште еднаш за заемот од Банката за развој кој ќе ви овозможи да направите вистинска разлика во пружањето на вашите услуги. Стратешкиот план кој вклучува инфраструктура и развој на менаџментот треба да и овозможи на Вашата служба да напредува и да се развива во модел од најдобри практики во регионот.

Со почит,

Греам Џонсон

Graham Johnson 

............................................................................................

Работилница : “Превенција од тортура и заштита на човековите права на затворениците”

Во организација на Управата за извршување на санкциите а во соработка со Европската комисија преку инструментот за Техничка помош за размена на информации – TAIEX, денеска и утре во хотелот Арка во Скопје се одржува Работилница на тема: “Превенција од тортура и заштита на човековите права на затворениците”.

Целта на одржување на работилницата е спроведување на обука на вработените во казнено поправните установи за почитување на правата на осудените лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

На работилницата ќе бидат обработени повеќе теми кои се однесуваат на почитување и заштита на правата на осудените лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор, опасностите и последиците од тортура, одговорностите и последиците за вработените во затворите за кршење на човековите права на затворениците, како и за улогата на државата за заштитата од тортура.

На работилницата ќе присуствуваат претставници од Управата за извршување на санкциите и дел од вработените во Секторот за ресоцијализација и Секторот за обезбедување од сите казнено поправни установи во Република Македонија.

................................................................................................

СООПШТЕНИЕ

Заради објективно информирање на јавноста, во врска со изјавите на Прес-конференцијата во Канцеларијата на Народниот правобранител, Управата за извршување на санкциите не се согласува со наводите дека ништо не е направено за подобрување на состојбите во Казнено-поправниот дом Идризово.

Ваквите наводи не кореспондираат со последниот извештај на Народниот правобранител, каде што е констатирано очигледен напредок во сместувачките капацитети во повеќето казнено-поправни установи

повеќе

...............................................................................................

ИНТЕРВЈУ ЗА ВЕЧЕР: ЛИДИЈА ГАВРИЛОВСКА, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИ

ЗАВРШИЈА ВРЕМИЊАТА НА КОРУПЦИЈА ВО ЗАТВОРИТЕ

Ја намаливме и можноста за внесување на мобилни, дрога, пари преку храна. Ние имаме најдено калап сирење, засирен со телефон внатре, векна леб на која никаде не се познава дека е сечена, а внатре мобилен телефон.

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ЗА РАБОТЕЊЕТО И СОСТОЈБАТА ВО КАЗНЕНО ПОПРАВНИТЕ И ВОСПИТНО ПОПРАВНИТЕ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА за 2008 година

Управата за извршување на санкциите како орган во состав на Министерството за правда кој согласно Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на РМ“ 2/2006) врши работи од делокругот на Министерството што се однесуваат на извршувањето на санкциите, е одговорна за организацијата и унапредувањето на системот на извршувањето на казната затвор и воспитната мерка упатување во воспитно-поправен дом. Во тие рамки, Управата има надлежност да организира, спроведува и да врши надзор на извршувањето на тие санкции, па преку ефикасен систем за професионално организирани и управувани казнено-поправни и воспитно-поправни установи во Република Македонија. да обезбеди законито извршување на санкциите со примена на меѓународните стандарди за почитување на личноста и достоинството на осудените и малолетните лица и заштита на нивните права.

Имајќи ја предвид законската обврска од член 9 став 3 на Законот за извршување на санкциите, Управата за извршување на санкциите ја известува Владата на Република Македонија за состојбата и работењето на казнено-поправните установи и Воспитно-поправниот дом Тетово во 2008 година.

РЕФОРМА НА ПЕНИТЕНЦИЈАРНИОТ СИСТЕМ

Во Република Македонија во тек е реформа на пенитенцијарниот систем со цел подобрување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на поефикасно извршување на санкциите во согласност со меѓународните стандарди. 

Реформата опфаќа две компоненти:

I.Подобрување на сместувачките капацитети за осудените, притворените и малолетните лица, како и подобрување на условите за работа на персоналот во казнено-поправните установи;

II.Подигање и јакнење на кадровските капацитети во казнено-поправните и воспитно-поправните установи.

Работилница: “Превенција од корупција во казнено поправните и воспитно поправните установи во Република Македонија”

Во организација на Управата за извршување на санкциите во соработка со Европската комисија преку инструментот за Техничка помош за размена на информации – TAIEX на 22-ри и 23-ти април 2010 година во хотелот Best Western во Скопје се одржа Работилница на тема:“Превенција од корупција во казнено поправните и воспитно поправните установи во Република Македонија”.

Свое излагање имаа експерти од Европската унија за поимот на корупцијата како појава, видовите на корупција како и последиците за вработените кои ја злоупотребуваат службената должност преку коруптивни дејствија. 

На работилницата присуствуваа претставници од Управата за извршување на санкциите и дел од вработените во Секторот за ресоцијализација и Секторот за обезбедување од сите казнено поправни установи во Република Македонија.

-->

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk