Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 ), Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 19 март и 8 април 2020 година донесе

 
УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА
ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА
(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ -СЛ.ВЕСНИК НА РСМ бр. 70/20 и 95/20)
 
Член 1

Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/16, 142/16 и 233/18), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.    

За полагање на нотарскиот испит и продолжување на мандатот на претседателот и органите на Нотарската Комора за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

 
Член 2

Полагањето на нотарскиот испит, се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

Мандатот на претседателот и органите на Нотарската Комора избрани во 2017 година, продолжува за време на траењето на вонредната состојба.

Собранието на Нотарската комора е должно во рок од 30 дена од денот на престанување на траењето на вонредната состојба да започне, односно даја продолжи постапката за избор на претстедател на Нотарската комора и на членовите на органите на Нотарската комора.

 
Член 3

            Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 
 
 
                                                                                   

Бр. ______________                                                   Претседател на Владата

_________ 2020 година                                на Република Северна Македонија,

    Скопје                                                                                      Оливер Спасовски

 

                                                    ______________________________________

 
 
 
 
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
 
 

I.                   ОСНОВ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНАТА УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА

 

Согласно ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОСТОЕЊЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68/20), со која се утврдува постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на Коронавирусот COVID-19, а врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија донесува уредби до законска сила.

 

II.                ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНАТА УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА

 

Со утврдувањето на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Макдонија, се јави потреба од донесување на Уредба со законска сила за примена на Законот занотаријатот за време на воредна состојба.

 

Донесувањето на оваа уредба е со цел одложувањето на полагање на нотарскиот испит, чие спроведување е во надлежност на Министерството за правда на Република Северна Македонија, а истото не може да се спроведе во законски предвидените рокови во согласност со мерките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19. Одложувањето на полагањето на нотарскиот испит е за време на траењето на вонредната сосотојба.