Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 19 март 2020 година донесе

 
УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА
ЗАКОНОТ ЗА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

(„СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 70 ОД 19.03.2020)

 
 
Член 1

Законот за медијација („Службен весник на Република Македонија“ бр.188/13, 148/15, 192/15 и 55/16), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.    

За полагање на испитот за медијатори за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

 
Член 2

Полагањето на испитот за медијатори се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

 
Член 3

            Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

 
 
 
 
 

Бр. ______________                                                   Претседател на Владата

_________ 2020 година                                на Република Северна Македонија,

    Скопје                                                                                      Оливер Спасовски

 

                                                    ______________________________________

 
 
 
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
 
 

I.                   ОСНОВ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНАТА УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА

 

Согласно ОДЛУКАТА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПОСТОЕЊЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68/20), со која се утврдува постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на Коронавирусот COVID-19, а врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија донесува уредби до законска сила.

 

II.                ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЖЕНАТА УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА

 

Со утврдувањето на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Макдонија, се јави потреба од донесување на Уредба со законска сила за примена на Законот замедијација за време на воредна состојба.

 

Донесувањето на оваа уредба е со цел одложувањето на полагање на испитот за медијатори, чие спроведување е во надлежност на Министерството за правда на Република Северна Македонија, а истото не може да се спроведе во законски предвидените рокови во согласност со мерките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19. Одложувањето на полагањето на испитот за медијатори е за време на траењето на вонредната сосотојба.