Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15,142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 30 април 2020 и 2 април 2020 година, донесе

 

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ЈАВНООБВИНИТЕЛСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ИСТРАЖИТЕЛИТЕ И ДРУГИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕОВЛАСТЕНО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ И ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ГОНЕЊЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ПОВРЗАНИ И КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД СОДРЖИНАТА НА НЕОВЛАСТЕНО СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

 

(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 90/20 и 112/20“ и Одлука на Уставен суд бр.143/2020 од 1 јуни 2020)

 

(консолидиран текст)

ПОНИШТЕНА СО ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД НА РСМ

 

Член 1

За сите прашања кои се однесуваат на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на јавнообвинителските службеници и лицата вработени во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи, за време на вонредната состојба одлучува јавниот обвинител на Република Северна Македонија

 
Член 2

Истражителите во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ке ги распореди на работа во истражен центар во јавно обвинителство или Ке ги врати во институцијата од која се преземени.

 

Член 3

Од буџетот на јавното обвинителство на Република Северна Македонија во програма 2 потпрограма 21, откако Министерството за финансии по барање на јавното обвинителство на Република Северна Македонија Ке изврши соодветна прераспределба по ставки и намени на вкупниот износ на одобрените средства на таа потпрограма Ке се исплакаат средствата за тековни трошоци за работа, за заостанатите неисплатени средства за тековни трошоци за работа на јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, -за заостанатите: неисплатени плати и платите на јавнообвинителските службеници, на истражителите и лицата вработени во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи.

 
Член 4

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија".