Врз основа на член 126 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 од Законот за Владата на Република Македонија ( „Службен весник на Република Македонија“  бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 169/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19) Владата  на Репиублика Северна Македонија на седницата одржана на  25 март,16 април и 12 јуни 2020 година донесе

 
УРЕДБА
 СО ЗАКОНСКА СИЛА

ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА 

(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ СЛ.ВЕСНИК НА РСМ БР.86/20, 103/20 и 156/20)

 
Член 1

Законот за извршување (,,Службен весник на Република Македонија“  бр.72/16,142/16 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/20) нема да се применува во периодот од денот на влегувањето во сила на оваа Уредба со законска силазаклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, освен доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

Член 2

Во периодот од денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба,извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија,  освен :

-во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;

-распределбата на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови,

-дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба,

- примање на барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања за извршување,

- изготвување на барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите,

- изготвување на налог за извршување врз недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот, и

-изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска  достава до Депозитарот за хартии од вредност,

во предметите по започнатите извршувања до 31.03.2020 година, врз побарување по сметки на физичко лице кај банка,

- во предметите по започнатите извршувања до 31.03.2020 година, врз расположливи средства на сметки на правно лице кај носителите на платен промет, и
- поднесување на заклучок за запирање со извршување од сметка на физичко или правно лице, доколку должникот го платил долгот.
 

Од извршување се изземаат примањата по следните основи: примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката; примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување; примање од права на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување, траен надоместок и еднократна парична помош) согласно со прописите од социјална заштита; примање врз основа на привремена невработеност; примања од правата за заштита на децата согласно со Законот за заштита на децата; примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти; примање на питомци на Воената академија; надоместок за работа на осуден во казнено-поправен дом, освен за побарување врз основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета предизвикана со кривично дело на осудениот; примање врз основа на патни трошоци; примања од право на социјална сигурност за стари лица, согласно со прописите за социјална сигурност за старите лица; средства исплатени како хуманитарна помош или надомест на штета во ситуации предизвикани од елементарни непогоди во услови на донесена одлука за постоење на кризна состојба од страна на Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија,средствата на посебната сметка која ја поседува извршителот, плата, пензија, надоместок на трошоци за сместување на лице, надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, надоместок за деца корисници на семејна пензија, примања на лица во резервниот состав на Армијата на Република Северна Македонија и Полицијата, примања на воени и мирновременски воени инвалиди врз основа на инвалиднина, ортопедски додаток и инвалидски додаток, примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот и средствата исплатени како финансиска поддршка или субвенција на правни и физички лица заради надминување на последиците од Корона вирусот COVID-19.

 

Во случаите од став 2 на овој член, должникот до извршителот преку електронска комуникација поднесува барање за одложување на извршувањето и доказ дека примањата се според некој од основите утврдени во став 2 на овој член.

 

Врз основа на барањето од став 3 на овој член, извршителот до носителот на платен промет преку електронска комуникација поднесува барање за одложување на налогот за извршување заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, без притоа да се наруши редоследот на прием на налогот.

Работодавaчите на должниците, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија во случај кога со налозите за извршување се задолжува сметка која се наоѓа во рамки на трезорската сметка или здравствената трезорска сметка, Трезорот при Министерство за финансии, односно Трезорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија каде што на должникот му се води сметкатасе должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот определен со член 1 на оваа уредбасо законска сила.

По поднесените приговори за незаконитости при извршувањето согласно член 86 од Законот за извршување, основните судови во Република Северна Македонија, се должни да донесат решенија,а  Апелационите судови да одлучат по поднесените жалби против решението на судот по приговор согласно член 87 од Законот за извршување, заради создавање услови за непречена распределба на средствата пристигнати на посебните сметки на извршителите.

Член 3

Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“