Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Репуб- лика Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 2 април  и 12 јуни 2020 година, донесе

 

У Р Е Д Б А

СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ

ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

(Пречистен текст „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 89/20    и 156/20)
 

Член 1

(1) Законот за облигациони односи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 18/01, 4/02, 05/03, 84/08, 81/09 и 161/09 ), ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

(2) За определувањето на висината на стапката на казнената камата за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Член 2

(1) Стапката на казнената камата се определува на месечно ниво и тоа во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Северна Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

(2) Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, стапката на казнената камата се определува за секој месец, и тоа во висина на едномесечна стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од претходниот месец, зголемена за пет процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за четири процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (законска казнена камата).

(3) При пресметката на казнената камата од ставот (1) на овој член се користи последната референтна стапка утврдена и објавена на веб страницата од Народната банка на Република Северна Македонија.

Член 3

Определената висина на стапката на казнената камата, како и периодот и начинот на пресметка од член 2 став (1) и (2) од оваа уредба со законска сила, нема да влијае на стапката, перидот и начинот на пресметка на договорната камата во договорите во кои барем едното лице не е трговец, склучени пред влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.

Член 4

Одредбите на оваа уредба со законска сила ќе се применуваат за времетраењето на вонредната состоја, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30.06.2020.

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.