ИЗВЕШТАЈ ЗА РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ

 

1. Податоци за избраната Програма

 

Име на програмата:

Човекови права-унапредување на пристапот до правдата преку зајакнување на правото на бесплатна правна помош.

 

Сектор (организациона единица) надлежен за  спроведување на програмата:

Сектор за бесплатна правна помош и политички систем

 

Вид на програмата

Хоризонтална                                                                                                    

Вертикална     

 

Како програмата е поврзана со Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020:

Со цел спроведување на обврските кои произлегуваат од Методологијата за родово одговорно буџетирање и Стратегијата за родово одговорно буџетирање , која Владата на Република Македонија ја донесе во 2012 година, Министерството за правда е селектирано како пилот институција која треба да се вклучи во спроведување на родово одговорното буџетирање па за таа цел избрана беше програмата Човекови права-унапредување на пристапот до правдата преку зајакнување на правото на бесплатна правна помош, како програма преку која може да се согледаат родово сензитивните потреби на одредени маргинализирани категории на граѓани.

 

2. Вовед

 

Програмата за бесплатна правна помош има за цел остварување и унапредување на еднаквиот пристап на сите граѓани до правдата и гарантирање на уставното право на еднаквост на граѓаните и другите лица кои поради слабата материјална состојба во која се наоѓаат не се во можност самите да ги остварат и заштитат своите права.

Согласно Законот за бесплатна правна помош (“Службен весник на Република Македонија, бр. 161/09, 185/11 и 27/14) кој се применуваше и беше во сила до 30.09.2019 година, бесплатната правна помош може да се одобри за прашања кои се од интерес за барателите и тоа прашања од областа на социјалното, здравственото, пензиското или инвалидското осигурување, работните односи, заштитата на  деца,  жртвите  на  семејното  насилство,  заштитата  на  жртвите  од казниви дела, заштитата на жртвите од трговија со луѓе, признавање на право на азил и имотно-правните прашања.

Во изминатите години се работеше на нов предлог Закон за бесплатна правна помош кој беше завршен и доставен до Собранието на Ребпулика Северна Македонија во текот на 2019 година и истиот е донесен од страна на Собранието на Ребуплика Северна Македонија на 16 мај 2019 година, а започна да се применува од 01.10.2019 година.  

Согласно новиот Закон за бесплатна правна помош (“Службен весник на Република  Северна Македонија, бр. 101/19) се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, видовите, опсегот на бесплатната правната помош, давателите и корисниците на бесплатна правна помош, нивните обврски и одговорности, постапката во која се остварува правото на бесплатна правна помош, финансирањето, наградата и надоместокот на трошоците за дадената бесплатна правна помош, бесплатна правна помош во прекугранични спорови, транспарентност и отчетност во давањето бесплатна правна помош, посебните постапки за правна помош, надзорот над примената на овој закон и други прашања кои се однесуваат на бесплатната правна помош

Законот за бесплатна правна помош предвидува остварување на правото на примарна правна помош кое право го имаат сите физички лица кои имаат жиевалиште или престојувалиште на територијата на Република Северна Македонија и исто така  предвидено е и остварување на правото на секундарна правна помош кое право го има барателот на секундарна правна помош кој поради својата финансиска состојба не може да ги оствари со Уставот на Ребпублика Северна Македонија и со закон загарантираните права, без да го загрози сопственото издржување и издржувањето на членовите на своето семејство со кои живее во заедничко домаќинство.

Како даватели на примарна правна помош се овластените лица од Министерството за правда, овластените здруженијата и правните клиники. Правните клиники се новина во новиот Закон за бесплатна правна помош  со оглед на тоа што истите не беа предвидени со стариот Закон за бесплатна правна.

Министерство за правда води регистар на правни факултети овластени за давање на примарна правна помош, а правната клиника се запишува во регистарот на правни факултети овластени за давање на примарна правна помош, по поднесено барање за упис доколку е во состав на универзитет кој е рангиран меѓу првите 7 рангирани универзитети во Ребпулика Северна Македонија.

Додека секундарната правна помош се обезбедува од страна на адвокат кој е запишан во регистарот на адвокати запишани за давање на бесплатна правна помош и тоа може да застапува во сите степени во граѓански постапки, управни постапки и управни спорови, исто така и во попстапки за расправање на оставината пред нотар и се одобрува за составување на поднесоци на должник пред надлежен извршител кога извршувањето се спроведува со продажба на недвижниот имот во кој барателот на бесплатна правна помош живее.

За укажаната правна помош министерството исплаќа 70% надомест на вкупната сума на адвокатот согласно Тарифата  за  награди  и  надоместок  на трошоците за работа на адвокатите.

Со новиот Закон за бесплатна правна помош како новина е предвидено и ослободување на корисникот од судски такси и трошоци поврзани со постапката пред суд, а исто така и ослободување на корнискот од трошоците за вештачење, како и ослободување на корисникот од административни такси.

 

 

3. Позадина/контекст

 

Годишниот Извештај за 2019 година беше направен преку увидот во содржината на податоците за периодот од 01.01.2019 година до 30.09.2016 година и 01.10.2019 година до 31.12.2019 година и во него се укажува на значењето што го има законот во рамки на правниот систем на државата во насока на решавање на правни прашања од интерес на граѓаните, а преку отстранување на секаква дискриминација по основа на нивната имотна состојба.

Согласно новиот Закон за бесплатна правна помош секундарната правна помош се одобрува за застапување во сите степени во граѓански и судски постапки, управни постапки и управни спорови, како и за застапување во постапка за разправање оставина пред нотар и за составување поднесоци на должник пред надлежен извршител кога извршувањето се спровеудва со продажба на недвижност во случај кога барателот на правна помош и членовите на неговото семејство имаат во сопственот само еден едностанбен објект или стан во кој живеаат.

Во однос на родово разделените податоци, за оние кои поднеле барање и за оние кои го оствариле правото на бесплатна правна помош, Министерството за правда и  Сектор за бесплатна правна помош и политички систем, направи доплнителна анализа за програмата 2019 година. Од добиените податоци може да се заклучи дека 18 позитивни барања се од мажи, додека од жени се 34, а негативни се 14 за мажи и 34 за жени. Најчести основи за бесплатна правна помош се имотно правните прашања и развод на брак поради семејно насилство.

 

4.  Остварени резултати, промени и влијанија (се следат почетните состојби и индикаторите кои укажуваат на промени)

 

Министерството за правда изготвува Годишен извештај со основните информации на кои се заснова правото на бесплатна правна помош. Во периодот од 01.01.2019 година до 30.09.2019 година согласно стариот закон за бесплатна правна помош донесени се 44 позитивни решенија и 42 негативни решенија, додека за периодот од 01.10.2019 година до 31.12.2019 година донесени се 46 потврди за одобрување согласно новиот закон и 28 известувања за одбивање на барањето согласно новиот закон за бесплатна правна помош.

Најголем дел од одобрените барања се однесуваат на  решавање на имотно-правните прашања, потоа  следуваат заштита на жртвите на семејно насилство и заштита на деца, додека пак другите правни области како што се социјалната заштита, пензиското, социјалното и здравственото осигурување и работните односи  се помалку застапени. 

 

5. Анализа на буџетски алокации

Од Буџетот на Министерството за 2019 година исплатени се вкупно  1.176.072,00 денари на адвокати и овластени здруженија вклучени во постапката на давање на бесплатна правна помош. На овластените здруженија за дадена примарма правна помош извршена е исплата на  средства во износ од 16.500,00 денари, а исплатената награда  на адвокатите за дадена скундарна правна помош изнесува 1.159.572,00 денари.

Во координација со Секторот за финасиски прашање при Министерството за правда направена подетална анализа за исплатените средства на адвокатите кои во нивните постапки застапување мажи, жени и деца.

Согласно направената анализа за исплатени средства за 2019 година, донесени се 14 решенија за надомест на трошоци на адвокати во кои постапки застапувале мажи кој вкупен исплатен износ изнесува 283.013,00 денари, додека донесени се 36 решенија за за надомест на трошоци на адвокати во кои постапки застапувале жени кој вкупен исплатен износ изнесува 722.659,00 денари и 49 решенија се донесени за надомест на трошоци на адвокати во кои постапки застапувале деца кој вкупен износ изнесува 170.400,00 денари. 

 

6. Тесни грла и научени лекции (Како можеме да ја подобриме во иднина политиката/програмата за да обезбеди подобри резултати согласно дефинираните индикатори )

 

Непостоењето на родово разделена статистика го отежнува анализирањето на податоците со оглед дека поединечно секој предмет (барање) е потребно да се прегледа и од него да се извадат бараните податоци. Но прибирањето на податоците на ваков начин не е сосема прецизно и точно поради неможноста од одредени имиња да се утврди со сигурност дали станува збор за жени или мажи.

 

7. Заклучоци и препораки

 

Во постапка е можноста за изработка на софтверско решение односно воведување на електронска дата база за податоци, како би се подобрил увидот и можноста за водење на статистика согласно Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Се работи на зголемување на видливоста на Законот за бесплатна правна помош, и можностите кои што тој ги нуди на ранливите категории на граѓани во РСМ, а со тоа и подобрување на пристапот до правда согласно Уставот на РСМ.