ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА

Почитувани,


Договорниот орган Министерство за правда, со адреса на Ул. "Димитрие Чуповски" бр.9, телефон за
контакт 3113-190 лок. 136, факс 3116-003 електронска адреса mminovska @mjustice.gov.mk, има потреба
од јавна  набавка  за  резервни делови и одржување- сервисирање на службени патнички моторни возила
во сопственост на Министерство  за правда .
За таа цел, договорниот  орган спроведува постапка  за доделување  на договор за јавна набавка на
услуги со отворена постапка , во согласност со член 21од Законот за јавните набавки („Службен
весник на Република Македонија" бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 24/12, 15/13, 148/13,
18/14, 28/14,  43/14, 130/14, 180/14, 78/15 и 192/15),
за што објави оглас број 02/2016.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка
најдоцна до            . 2016 во 11:00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или
лично со поднесување во архивата на договорниот орган.

Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви
помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови:
инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ((е ги содржи
договорот за јавна набавка, модел на договор, изјава за сериозност на понудата , изјава за
независна понуда и образец на понудата.