Почитувани,

 

Ве информираме дека Испитот за медијатори во Јунската испитна сесија 2018 година ќе се полага согласно следниот распоред:

·         Прв дел (теоретски дел) - 04.07.2018 година (среда) со почеток во 10.30 часот,

·         Втор дел (студии на случај) - 10.07.2018 година (вторник) со почеток во 11.00 часот.

За третиот дел од испитот, кандидатите дополнително ќе бидат известени.

Испитот ќе се полага во просториите на компјутерскиот центар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

 

НАПОМЕНА: Кандидатот може да го одложи полагањето на испитот од оправдани причини, најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот со поднесување на писмено барање за одложување на испитот до Архивата на Министерството за правда.