ИНФОРМАЦИИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРАВОСУДЕН ИСПИТ

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за пријавување на правосуден испит:

 

1. Барање со уплатница за административна такса од 50 денари (контакт адреса и телефон).

2. Уверението или дипломата од Правен факултет (Заверена фотокопија кај нотар).

3. Потврда за работен стаж согласно Законот за правосуден испит (,,Службен весник на Република Mакедонија”бр.137/2013).

За волонтери кај адвокат, нотар или извршител потребна е

потврда од соодветната Комора.

 

Покрај горенаведените документи, потребно е да се уплати на

уплатница ПП/50, со следниве податоци:

- ЕМБГ - ______________________

- Цел на дознака – за полагање на правосуден испит

Назив на примачот: Министерството за правда

Банка на примачот: Народна банка на РМ

Уплатницата на жиро сметка: 100000000063095

Износ 9.000,00 денари

Сметка на буџетски корисник 070010014063112

Приходна шифра и програма 723013 10

 

УПЛАТА НА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Се уплаќа на жиро сметка на образец ПП 50

Од десната страна :

Назив и седиште на примачот: Буџет на РМ

Банка на примачот: НБРМ

Трансакциска сметка: 10000000063095

Уплатна сметка: 840 Шифра на општината 03161

Приходна шифра и програма: 722313 00

Од лева страна:

Назив и седиште на налогодавачот: Ваше име и презиме

Даночен број или ЕМБГ: Вашиот матичен број

Цел на дознаката: Административна такса за правосуден испит

 

Во текот на годината има пет испитни сесии и тоа: февруарска,

априлска, јунска, октомвриска и декемвриска сесија.

 

Пријавувањето на испитот е од 1 до 15 претходниот месец (јануари,

март, мај, септември и ноември). Во текот на годината, средствата

што ќе ги уплатат кандидатите доколку не се јават на испитот односно не го започнат полагањето на испитот, се префрлуваат за следните сесии додека не се јават на испитот.