Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на членот       75  ставови   1  и   2  од Уставот на Република Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република

Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И  ДОПОЛНУВАЊЕ НА
                                                 ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 17 јануари 2014 година.

 

Бр. 07- 325/1                                                                                            Претседател

17 јануари 2014 година                                                                    на Република Македонија,

Скопје                                                                                            Ѓорге Иванов, с.р.

Претседател

на Собранието на Република
          Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.

 

З А К О Н

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ
                                   ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Член 1

Во Законот за вештачење (“Службен весник на Република Македонија“ број 115/10), во
членот 4 став (2) зборовите: „или роковите определени од страна на нарачателот“ се
бришат.

 

Член 2

По членот 5 се додава нов член 5-а, кој гласи:

„Член 5-а

(1)  За  потребите  на  органите  на  државната  управа,  јавните  прептријатија  и
акционерските друштва во државна сопственост, вештачење врши Бирото за судски
вештања по претходно поднесено писмено барање за вештачење во соодветните области.

(2)  Формата  и  содржината  на  образецот  на  писменото  барање  ги  пропишува министерот за правда.“

Член 3

Членот  9 се менува и гласи:

“(1) Стручниот испит  се  полага  заради  проверка  на  потребното стручно знаење од соодветната област.

(2) Стручен испит може да полага лице кое ги исполнува следниве услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

 

 

 

1 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

- да има живеалиште во Република Македонија,

-  да  има  високо  образование  од  соодветната  област         (диплома  за  завршено

четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС)),

- со правосилна одлука да не му е изречна забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и

- да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето во соодветната област за која е поднесено барањето за полагање на стручен испит.“

Член 4

Членот 10 се менува и гласи:

“Начин на спроведување на испитот

 

Член 10

(1) Испитот се состои од два дела и тоа:

- прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и

- втор дел    (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на
кандидатите.

(2) Првиот дел од испитот од ставот (1) на овој член се полага писмено по електронски
пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на
компјутер.

(3) Вториот дел на испитот се состои од:

- практичен пример и

-  прашања  кои  треба  кандидатот  да  ги  одговори  врз  основа  на  анализата  на практичниот пример.“

Член 5

Насловот пред членот 11 се брише, а членот 11 се менува и гласи:

“(1) Испитот се полага според програма  во која се содржани    градивото, прописите и литературата.

(2) Програмата за полагање на испитот од соодветната област ја донесува министерот за правда.“

Член 6

Насловот пред членот 12 се брише, а членот 12 се менува и гласи:

“(1) Базите на прашања за првиот и базите на практични примери за вториот дел на испитот од членот 18-ѓ од овој закон ги изготвуваат професори од соодветната област и лица на кои им е издадена лиценца за вештачење и имаат најмалку десет години работно искуство во соодветната област определени од министерот за правда.

(2) Прашањата од првиот дел од испитот и прашањата и практичните примери од вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од:

- двајца претставници од Министерството за правда, назначени од министерот за
правда,

- тројца претставници назначени од Комората на вештаци и

- двајца претставници назначени од Врховниот суд на Република Македонија од редот на судиите во Република Македонија.

(3) Комисијата од ставот (2) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на
прашања и базите на практични примери од членот 18-ѓ од овој закон најмалку еднаш
годишно.

 

 

 

2 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

(4) При ревизијата Комисијата особено ги има предвид промените на прописите на кои
е засновано прашањето, односно практичниот пример, бројот на кандидати кои го
одговорале, успешноста во одговарањето на истите, како и други критериуми кои можат
да влијаат на подобрувањето на квалитетот на базите од членот 18-ѓ од овој закон.

(5) Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практични примери, Комисијата одлучува прашањата и практичните примери да бидат изменети или целосно отстранети од базите од членот 18-ѓ од овој закон.

(6) Професорите и лицата од ставот (1) на овој член и членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на  паричен надоместок што го определелува министерот за правда.

(7) Износот на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член се определува врз
основа на бројот на изготвени прашања и практични примери, како и сложеноста на
материјата.

(8) Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (6) на овој член не го надминува нивото на три просечни месечни бруто плати.“

Член 7

Насловот пред членот 13 се брише, а членот 13 се менува и гласи:

“Стручните и административните работи за потребите на спроведување на стручниот испит ги врши Министерството за правда, а испитот технички го спроведува правно лице регистрирано во Централниот регистар избрано од министерот за правда.“

 

Член 8

Насловот пред членот 14 се брише, а членот 14 се менува и гласи:

“Стручниот испит за вештак од соодветната област се спроведува најмалку два пати годишно.“

 

Член 9

Насловот пред членот 15 се брише, а членот 15 се менува и гласи:

“(1) Барањето за полагање на испит кандидатот го поднесува до Министерството за
правда.

(2) Со барањето за полагање на испитот кандидатот е должен да поднесе докази за исполнување на условите за полагање на стручниот испит, пропишани со овој закон.“

Член 10

Насловот пред членот 16 се брише, а членот 16 се менува и гласи:

“(1) Министерот за правда, или од него овластено лице, утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот.

(2) Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.“

 

Член 11

Насловот пред членот 17 се брише, а членот 17 се менува и гласи:

“(1)   На кандидатот на кој му е одобрено барањето за полагање на испитот му се определува времето и местото за полагање на испитот, а кандидатот се известува најдоцна во рок од осум дена пред полагање на испитот.

(2) На кандидатот му се овозможува да започне да го полага испитот во првиот нареден термин од денот на одобреното барање за полагање на испитот.“

 

 

 

3 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

Член 12

Членот 18 се менува и гласи:

“(1) Испитот се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето.

(2) Јавноста се информира за датумот и времето на полагањето на испитот   најмалку три дена пред одржувањето на испитот.

(3) Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на
Министерството за правда, а ако поради технички причини снимањето се прекине,
снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за правда.

(4)  Критериумите  во  однос  на  просторните  услови  и  материјално-техничката  и информатичката опрема на просториите за полагање на стручен испит ги пропишува министерот за правда.

(5) Во просторијата за полагање на испитот за време на полагање на испитот се присутни  двајца  претставници  од  Министерството  за  правда,  еден  претставник  од Комората на вештаци, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата и еден претставник од Министерството за информатичко општетсво и администрација (информатичари).

(6) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот од членот 13 од овој закон, доколку не го снима, не го емитува во живо на веб страницата на Минситерството за правда и доколку не   ја постави снимката од целиот испит на веб страницата на Министерството за правда согласно со ставот (3) на овој член.“

Член 13

По членот 18 се додаваат 14 нови члена 18-а, 18-б, 18- в, 18-г, 18-д, 18-ѓ, 18-е, 18-ж, 18-
з, 18-ѕ, 18-и, 18-ј, 18-к и 18-л,  кои гласат:

“Член 18-а

(1) Пред почетокот на полагањето на стручниот испит, претставник од Министерството за правда го утврдува идентитетот на кандидатот со увид во лична карта.

(2) На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

(3) На кандидатот за време на полагањето на вториот дел од испитот му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот.

(4) На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се
дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарите од
членот 18 став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот.

(5) Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

(6) Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и ако тие не бидат отстранети во рок

од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

(7) Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2), (3) и (4) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин.

 

 

 

4 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

(8) Во случаите од ставот (7) на овој член се смета дека кандидатот не го положил
стручниот испит и истото се констатира во записникот за полагање на стручниот испит.

(9)  Овластените претставници од членот      18  став   (5)  од овој закон за време на

полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути.

(10) Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на овластениот претставник од членот 18 став (5) од овој закон, доколку постапи спротивно на ставот (9) на овој член.

(11) Глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече на овластената институција која го спроведува испитот од членот 13 од овој закон, доколку не го прекине испитот согласно со ставовите (5) и (6) на овој член.

Член 18-б

(1) Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои
кандидатот   не   може   да   го   продолжи   полагањето   на   испитот (болест, породилно

отсуство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци.

(2) Решение за продолжување на испитот донесува министерот за правда по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци.

(3) Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил.

(4) Против решението на министерот за правда од ставот (2) на овој член кандидатот може да се поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

(5) Во продолжувањето на испитот, кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано.

Прв и втор дел од стручниот испит и
                електронски систем

 

Член 18-в

(1) Стручниот испит започнува со полагање на првиот дел (теоретскиот дел), а потоа на вториот дел (практичен пример).

(2) Вториот дел се полага во рок од најмалку 15 дена по успешното полагање на првиот
дел.

(3) Министерот за правда со Правилник го пропишува начинот на бодирање на првиот и вториот дел од испитот.

Член 18-г

(1) Првиот дел од испитот се полага за секоја соодветна област и содржи најмалку 50 прашања со пет опции за заокружување од кои едната е точна, две се слични, едната не е точна во мал обем (на неа се губат мал број поени) и една не е точна во голем обем (на неа се губат поголем број поени).

(2) Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандитатот да го положи првиот дел од испитот.

(3) Доколку кандидатот не го положил првиот дел од испитот согласно со ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил.

 

 

 

5 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

Член 18-д

(1) Вториот дел од испитот се состои од практичен пример.

(2) Прашањата кои се составен дел од практичниот пример се од соодветната област и
имаат десет можни опции на одговори од кои едната е точна, пет се слични и четири се
различни.

(3) Доколку кандидатот не го положил вториот дел од испитот ќе се смета дeка испитот не го положил.

 

Член 18-ѓ

(1) Полагањето на првиот дел од стручниот испит се врши со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

(2) Прашањата од тестот зависно од тежината се вреднуваат со поени определени во
тестот.

(3)  Полагањето на вториот дел од стручниот испит се врши со проучување на практичниот пример и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од практичниот пример, во вид на електронско софтверско решение (во натамошниот текст: електронски практичен пример).

(4) Прашањата од практичниот пример зависно од тежината, се вреднуваат со поени определени во практичниот пример.

(5) Прашањата содржани во тестовите за полагање на првиот дел на стручниот испит и нивните одговори, како и практичниот пример и прашањата кои произлегуваат од практичните примери и нивните одговори се чуваат во единствениот електронски систем за полагање на стручниот испит.

(6) Електронскиот систем од ставот (5) на овој член содржи и јавно достапна база од најмалку 500 прашања за секоја област, како и јавно достапна база од најмалку 100 практични примери за секоја област, за потребите на вториот дел од испитот.

(7) Во електронскиот систем е содржано и посочување на прописите и литературата во кои се содржани одговорите на прашањата од првиот дел од испитот и прописите за вториот дел од испитот.

(8) Бројот на прашања и практични примери во базите од ставот (6) на овој член се зголемува за 10% годишно, почнувајќи од 2015 година.

(9) Резултатите од полагањето на првиот и вториот дел од испитот му се достапни на
кандидатот на компјутерот на кој го полагал испитот, веднаш по неговото завршување.

 

Член 18-е

(1) На денот на полагањето на првиот, односно вториот дел од испитот, претставник на Министерството за правда му дава на кандидатот пристапен код, односно лозинка со кој му се одобрува пристап во електронскиот систем од членот 18-ѓ од овој закон.

(2) По одобрувањето на пристапот, кандидатот добива електронски тест за првиот дел
од  испитот,  односно  електронски  практичен  пример  за  вториот  дел  од  испитот,
компјутерски генерирани, чија содржина по случаен избор ја одредува софтверот на
електронскиот систем од членот 18-ѓ став (5) од овој закон, од базите од членот 18-ѓ став

(5) од овој закон.

(3) Првиот и вториот дел од испитот содржат упатство за начинот на решавање на истиот, за кое претставник на Министерството за правда дава појаснување, пред да започне полагањето на испитот.

(4) Електронскиот систем за полагање на испитот не може да дозволи постоење на
идентична содржина на електронски тест за првиот дел од испитот, односно електронски
практичен пример за вториот дел од испитот во еден термин за повеќе од еден кандидат.

 

 

 

6 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

Член 18-ж

(1) Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот,
поради  причини  што  доведуваат  до  техничка  неможност  на  функционирање  на
електронскиот систем од членот 18-ѓ од овој закон, полагањето на испитот се прекинува.

(2) Доколку причините од ставот (1) на овој член ќе се отстранат во рок од 60 минути
од прекинувањето на испитот, истиот се продолжува веднаш по нивното отстранување.

(3) Доколку причините од ставот (1) на овој член нема да се отстранат во рокот од ставот (2) на овој член испитот се презакажува за друг термин.

Член 18-з

(1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот дел од тестот за полагање на испитот изнесува 120 минути.

(2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на
прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни
поени.

Член 18-ѕ

(1) Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од секоја од практичниот пример од вториот дел изнесува 120 минути.

(2) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од практичниот пример постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

 

Уверение, ревизија на спроведените испити и
                                 трошоци

Член 18-и

(1) На кандидатите кои го положиле испитот им се издава уверение во рок од 15 дена од денот на завршувањето на испитот.

(2) Формата и содржината на уверението од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за правда.

Член 18-ј

На барање на кандидатот Министестерството за правда го информира за направените
грешки во тестот за полагање на стручниот испит, со овозможување непосреден увид во
тестот.

Член 18-к

(1) Тестовите и практичните примери се користат и се даваат на кандидатот само за време на полагањето на стручниот испит.

(2) Материјалите од одржаните испити, особено хартиените верзии од тестовите и практичните примери за полагање на стручниот испит и специмените за проверка на точноста на одговорите на тестот и практичниот пример, како и снимките од одржаните испити се чуваат во Министерството за правда.

(3) Министерот за правда формира Комисија за ревизија на одржаните испити, која во својата работа ги користи материјалите од ставот (2) на овој член и во која, покрај претставник од Министерството за правда и претставник од Комората на вештаци, членуваат и претставник од Владата на Република Македонија и информатичар од Министерството за информатичко општество и администрација определен од Владата на Република Македонија.

 

 

 

7 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

(4) Комисијата од ставот (3) на овој член се состанува најмалку еднаш годишно и врши
ревизија на начинот на спроведување на најмалку два испита одржани во тековната
година.

(5) Комисијата има право да изврши ревизија и на начинот на спроведување на испитите одржани во последните пет години до денот на одржувањето на состанокот на Комисијата, но не порано од денот на примената на овој закон.

(6) Доколку Комисијата утврди нерегуларности во спроведувањето на испитот од страна на поединци во смисла на членот 18-а став (5) од овој закон, предлага одземање на уверението од членот 18-и од овој закон.

(7) Министерот донесува решение за одземање на уверението врз основа на предлогот на Комисијата во рок од три дена од приемот на предлогот.

(8) Против решението од ставот (7) на овој член може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

(9) Глоба во износ од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече
на министерот за правда ако не го донесе решението во рокот утврден во ставот (7) на овој
член.

Член 18-л

(1) Трошоците за полагање на испитот ги сноси кандидатот, доколку институцијата каде што е вработен не ги плати.

(2) Висината на надоместокот од ставот (1) на овој член ја определува министерот за правда врз основа на реално направените трошоци за полагање   на   испитот,   неопходни за   спроведување   на првиот и вториот дел на испитот, подготовката на базите на прашања, спроведувањето на електронскиот тест, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија.

(3) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за правда.

(4) Ако трошоците не се уплатени на соодветна сметка на Министерството за правда, најдоцна 15 дена пред денот определен за спроведување на испитот, на кандидатот не му се дозволува  полагање на испитот.

(5) Ако кандидатот во рок од една година од денот на уплатата на средствата не го полага испитот, уплатените средства се враќаат согласно со закон.“

Член 14

Во членот 20 став (1) точка 2 по зборовите: „магистерски студии од соодветната научна област“ се додаваат зборовите: „со пет години работно искуство по магистрирањето, односно положениот специјалистички испит“.

По точката 3 се додава нова точка 4, која гласи:

„4) лице вработено во орган на државна управа и стручна установа надлежна за вршење на вештачење кое има најмалку пет години работно искуство во соодветна област на вештачење по поднесено барање за лиценца за вештачење и доставување на потребната документација од членот 9 став (1) алинеи 1, 2 и 3 од овој закон.“

Член 15

Членот 22 се менува и гласи:

“(1) Издадените, одземените и продолжените лиценци на вештаците, како и лиценците на вештаците кои престанале да важат, се евидентираат во Регистарот кој го води Министерството за правда.

(2) Регистарот од ставот (1) на овој член се објавува на веб страницата и на огласната табла на Министерството за правда, на веб страницата на Комората на вештаци и се доставува до судовите во Република Македонија.

 

 

 

8 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

(3) Формата и содржината на Регистарот и начинот на неговото водење ги пропишува министерот за правда.“

 

Член 16

По членот 29 се додава нов член 29-а, кој гласи:

 

„Член 29-а

Уредбата  за  начинот  на  пресметување  на  висината  на  надоместокот  за  реално потребните трошоци за вештачењата извршени од Бирото за судски вештачења за потребите на органите на државната управа, јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост на предлог на министерот за правда ја донесува Владата на Република Македонија.“

 

Член 17

Во членот 33 став (1) точка 9 зборот „помала“ се заменува со зборот „поголема“.

 

Член 18

Во членот 37 став (1) зборот „пониска“ се заменува со зборот „повисока“.

 

Член 19

Членот 48 се брише.

 

Член 20

Надзор врз спроведувањето на овој законгодината врши Министерството за правда и Државниот управен инспекторат.

 

Член 21

За прекршоците пропишани со овој закон прекршочна постапка ќе води и прекршочна санкција ќе изрече надлежен суд.

 

Член 22

Министерството за правда го создава единствениот електронски систем за полагање на
стручниот испит во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Член 23

Министерството за правда во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон го воспоставува Регистарот на вештаци.

 

Член 24

Подзаконските акти предвидени со членот 2 од овој закон се донесуваат во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Подзаконските акти предвидени со членовите 5, 6 и 13 од овој закон се донесуваат во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.
    
Подзаконските акти предвидени со членот 15 од овој закон се донесуваат во рок од 15
дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Подзаконскиот акт предвиден со членот 16 од овој закон се донесува во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон.

 

 

 

9 од 10


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 12 од 22.01.2014 година

 

Член 25

Физичко лице запишано во Список на постојани судски вештаци кое до денот на влегувањето во сила на овој закон има најмалку пет години работно искуство во соодветна област, може да поднесе барање за запишување во Регистарот на вештаци во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Лицето кон барањето од ставот 1 на овој член е должно да ја достави потребната документација од членот 9 став (1) алинеи 1, 2 и 3 од овој закон.

Министерството за правда во рок од 30 дена од доставувањето на барањето согласно со ставовите 1 и 2 на овој член, доколку ги исполнува условите, му издава лиценца и   го евидентира лицето како вештак во Регистарот на вештаци.

Лицето од ставот 1 на овој член е должно во рок од две години од денот на влегувањето во сила на овој закон да положи стручен испит за вештак од соодветната област согласно со одредбите од овој закон.

Доколку во рокот определен во ставот 4 на овој член лицето не положи стручен испит се брише од Регистарот на вештаци и му се одзема лиценцата.

Член 26

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“, а одредбите од членовите 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12 и 13  од овој закон кои се однесуваат на условите и начинот на полагање на стручниот испит ќе започнат да се применуваат една година од денот на влегувањето во сила.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

10 од 10