Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година

 

 

 

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Врз основа на членот       75  ставови   1  и   2  од Уставот на Република Македонија,

претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република

Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
                                                             
ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за вештачење,

што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 25 февруари 2014 година.


 

Бр. 07-1208/1

25 февруари 2014 година

Скопје


 

 

 

 

 

Претседател

на Собранието на Република

Македонија,

Трајко Вељаноски, с.р.


 

Претседател

на Република Македонија,
   
Ѓорге Иванов, с.р.


ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ

Член 1

Во Законот за вештачење („Службен весник на Република Македонија“ број 115/10 и
12/14), во членот 1 зборовите: “како и други прашања кои се однесуваат на вештачењето”
се  заменуваат  со  зборовите: “надлежностите  на  Бирото  за  судски  вештачења (во

натамошниот текст: Бирото), организацијата и работењето, како и други прашања од значење за судските вештачења, супервештачења, процени и грижа за унапредување на работите на вештачењето“.

Член 2

По членот 43 се додава нова Глава IV  и 14 нови члена 43-а, 43-б, 43-в, 43-г, 43-д, 43-ѓ, 43-е, 43-ж, 43-з, 43-ѕ, 43-и, 43-ј, 43-к и 43-л, кои гласат:

„IV. БИРО ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА

Член 43-а

(1) Бирото е орган на државна управа во состав на Министерството за правда, со својство на правно лице.

(2) Бирото врши стручни работи од областа на вештачењата и супервештачењата за
потребите на судовите и јавните обвинителства во Република Македонија, за потребите на
државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата,
физичките и правните лица, како и за други субјекти за кои е потребно да се изврши
вештачење.

 

 

 

 

1 од 5


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година

 

(3) Бирото   за потребите на судовите и јавните обвинителства,   државните органи, јавните претпријатија и трговските друштва основани од државата, изготвува Програма за вештачење и процени.

(4)    Бирото ги врши и работите на процена согласно со закон.

 

Член 43-б

Вршењето  на  работите  од  својата  надлежност,  особено  вршење  на  вештачења, супервештачења и процена, Бирото ги заснова врз научни и стручни методи со примена на методологија и сознанија според достигнувањата на науката и искуствата на практиката во соодветната област.

Член 43-в

Во делокругот на Бирото од областа на вештачењето спаѓа:

- следење на научните, стручните и техничките достигнувања во областите во кои врши
вештачења и процени, преземање мерки за усовршување на работата, методите на
вештачењата и стручно усовршување на вработените и надворешните соработници,

- запознавање на барателите на вештачењата со достигнувањата во определените
области, заради нивно упатување во можностите за користење на вештачењата и процена,

- преземање мерки за оспособување лица за вештачења и процени во рамките на
Бирото,

- предлагање мерки за унапредување на дејноста вештачење,

- вршење советодавна стручна работа за подобрување на квалитетот во дејноста вештачење,

- учествување во спроведувањето на обуки за вештаци и проценители, со цел практично и теоретско усовршување на знаењата и вештините,

- обезбедување на меѓународна помош во областа на вештачењата и соработка со меѓународни организации и здруженија и

- вршење и на други работи  утврдени со закон.

 

Член 43-г

Во вршењето на работите од својот делокруг  и за определени работи од надлежност на Бирото кои бараат посебна стручност и за чие извршување се потребни соодветни стручни лица, опрема и уреди кои не ги поседува Бирото, Бирото може да склучи договор за соработка со друг орган на државната управа, државен орган, високообразовна установа, научна установа или стручна установа.

Член 43-д

(1) На Бирото за извршените вештачења, супервештачења и други услуги на барање на правни и физички лица, му следува награда и трошоци во согласност со законот кој ја уредува предметната област.

(2) Наградата и трошоците за вештачење и супервештачење ги подмируваат барателите на услугата.

 

Член 43-ѓ

(1) Со работата на Бирото раководи директор.

(2) Директорот го именува Владата на Република Македонија за период од четири
години.

(3) За именување на директор се објавува јавен оглас во три дневни весници кои се
издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците што се

 

 

 

 

2 од 5


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година

 

издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

(4) За директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

1) е државјанин на Република Македонија;

2) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

3) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

4) има минимум пет години работно искуство;

5) поседува еден од следните меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,

- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и

6) има положено психолошки тест и тест за интегритет.

(5) Функцијата директор е неспојлива со вршење други јавни функции или професии.

 

Член 43-е

На директорот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е именуван:

- заради смрт,

- ако тоа сам го побара,

- ако е утврдена трајна неспособност за работа и

- ако ги исполнува условите за пензионирање.

Член 43-ж

Владата на Република Македонија го разрешува директорот на Бирото пред истекот на мандатот за кој е именуван:

- ако со правосилна одлука му е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност,

- ако со правосилна судска одлука е осуден на казна затвор во траење од најмалку шест месеци и

- поради нестручно, пристрасно и несовесно вршење на функцијата и надлежностите кои му се доверени.

Член 43-з

(1) Во Бирото вработените се групираат во групи и подгрупи согласно со Законот за вработените во јавниот сектор:

- aдминистративни службеници и

- помошно-технички лица.

(2) Вработените Бирото имаат статус на административни службеници.

(3) За вработените од ставот (2) на овој член категориите, нивоата и звањата се утврдуваат согласно со Законот за административните службеници.

(4) Вработените од ставот (2) на овој член кои вршат вештачења и процени потребно е да ги исполнуваат и условите за вештаци и проценители предвидени со овој закон и Законот за процена.

(5) За прашањата кои се однесуваат на класификацијата, евиденцијата, вработувањето,
унапредувањето, стручното усовршување и оспособување, мерењето на учинокот и други

 

 

 

 

3 од 5


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година

 

прашања во врска со работниот однос на административните службеници во Бирото се применуваат одредбите од Законот за административните службеници.

(6) Вработените во Бирото кои вршат помошно-технички работи, имаат статус на помошно-технички персонал.

(7) За прашањата кои се однесуваат на класификацијата, евиденцијата, вработувањето и други прашања во врска со работниот однос на помошно-техничкиот персонал во Бирото, се применуваат одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.

 

Член 43-ѕ

(1)      За  вршење  на  работите  од  своја  надлежност  Бирото  може  да  ангажира  и

надворешни соработници од соодветна област.

(2) Надворешните соработници вештачењата и процените ги вршат во име и за сметка на Бирото за судски вештачења.

(3) Надворешните соработници на Бирото се должни да ги исполнуваат условите определени со закон.

(4)  Бирото за судски вештачења е должно да објави листи на надворешни соработници вештаци и проценители на својата веб страница.

(5) Образецот за аплицирање за надворешен соработник (вештак или проценител), на предлог на Бирото го пропишува министерот за правда.

Член 43-и

(1) Вештачењата и процените по правило ги вршат вработените вештаци во Бирото за судски вештачења.

(2) Надворешните соработници од членот 43-ѕ Бирото може да ги ангажира заради:

- особено сложени случаи

- ангажираност

- за вештачењето, односно процената е потребно и учество на други вештаци, односно проценители со иста или друга специјалност,

-  по барање на надлежните органи и

- други причини предвидени со актите на Бирото.

Член 43-ј

(1) За извршеното вештачење или процена или учество во вештачење, односно процена, надворешните соработници на Бирото имаат право на надоместок и награда.

(2) При утврдување на наградата и надоместокот на надворешните соработници ќе се земат  предвид  критериумите  сложеност,  времетраење,  обем  и  потребни  ресурси  за извршеното вештачење.

(3) Уредбата за наградата и надоместокот на надворешните соработници на предлог на министерот за правда ја донесува Владата на Република Македонија.

Член 43-к

(1) Бирото за својата работа доставува Годишен извештај до Владата на Република Македонија.

(2) Програмата за вештачења и процени на предлог на Бирото за судски вештачења ја донесува Владата на Република Македонија.

Член 43-л

(1) Средствата за финансирање на Бирото се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

 

 

 

4 од 5


 

 

 

Службен весник на РМ, бр. 43 од 04.03.2014 година

 

(2)   Бирото може да остварува сопствени приходи, приходи од донации и од други извори утврдени со закон.”

 

Член 3

Подзаконските акти предвидени во овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 4

Директорот на Бирото именуван до денот на започнувањето на примената на членот 2 од овој закон со кој се дополнува нов член 43-ѓ продолжува да ја врши функцијата до истекот на мандатот за кој е именуван.

Член 5

Одредбите од членот 2 од овој закон со кој се дополнува нов член 43-з ќе започнат да се
применуваат  со  отпочнувањето  на  примената  на  Законот  за  административните
службеници („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14) и Законот за
вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14).

Одредбите од членот 2 од овој закон со кој се дополнува нов член 43-ѓ ќе започнат да се применуваат по една година од денот на влегувањето во сила на овој закон, освен одредбите кои се однесуваат на условот за познавање на странски јазик, кои ќе започнат да се применуваат по две години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 6

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за основање и  работа  на  Републичкиот  завод  за  судски  вештачења  во  областа  на  финансиите, материјалното работење и сообраќајот(“Службен весник на СРМ“ број 9/77).

Член 7

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5 од 5