Влада на Република Македонија

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

MИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

Михајло Маневски

 

100 ДЕНА

од работата на Министерството за правда

 

Скопје

01.12.2006 година

 

Надлежностите на Министерството за правда се регулираат со Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во членот 17 од Законот се наведува дека Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на:

o         Судството, обвинителството, јавното правобранителство;

o         Државната управа;

o         Кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;

o         Нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;

o         Наследувањето, сопственоста, стварните права и облигациони односи;

o         Меѓународната правна помош;

o         Извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;

o         Организацијата и управувањето со казнено – поправните и воспитно – поправните установи;

o         Амнестијата и помилувањето;

o         Судските вештачења, експетртизи и супер – вештачења;

o         Изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;

o         Кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;

o         Управниот надзор

o         Вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и

o         Врши други работи утврдени со закон.

Согласно Законот, планот и програмата за работа на Министерството за правда за 2006 година, во изминативе 100 дена се реализирани следниве активности:

   

             I.      ЗАКОНИ

          II.      РАБОТНИ СРЕДБИ НА МИНИСТЕРОТ и ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕРОТ

       III.      КОНФЕРЕНЦИИ, СЕМИНАРИ, ТРКАЛЕЗНИ МАСИ, ЈАВНИ РАСПРАВИ ОДРЖАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

         IV.      МЕЃУНАРОДНИ КОНФЕРЕНЦИИ/ФОРУМИ

            V.      БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ

         VI.      МЕДИУМСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

      VII.      АКТИВНОСТИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ  НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

   VIII.      АКТИВНОСТИ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ПОСТОЈАНА ОБУКА НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

         IX.      ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ПО СЕКТОРИ

            X.      АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНИОТ УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

         XI.      АКТИВНОСТИ  НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ

      XII.      ЗАКЛУЧОК

 

             I.        ЗАКОНИ

1) Донесени Закони

·    Закон за правата на Претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанување на функцијата (Службен весник на РМ бр.46/2004 и 109/2006- измени и дополнувања);

·    Закон за спречување на корупцијата (Службен весник на РМ бр.28/02 и 46/04) – измени и дополнувања (донесен на 24.11.2006)

·    Закон за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на РМ бр.58/2000 и 44/2002) – измени и дополнувања, завршен претрес, во фаза на гласање;

·    Закон за попис на земјоделието во Република Македонија, 2006 година – измени и дополнувања, донесен во Собранието;

2) ЗАКОНИ ВО ФАЗА НА ДОНЕСУВАЊЕ

·    Закон за здруженијата на граѓани и фондациите (Службен весник на РМ бр.31/98)– измени и дополнувања, во собраниска процедура);

·    Закон за политичките партии (Службен весник на РМ бр.76/04) – измени и дополнувања во Собраниска процедура;

·    Закон за спречување на судир на интереси (во Владина процедура, доставен на мислење во Државната комисија за спречување на корупција и до Секретаријатот за законодавство);

·    Изборен законик (Службен весник на РМ бр. 40/2006 - работна верзија,   предлог-измените на Изборниот законик на 29.11.2006 година се доставени на мислење на Венецијанската комисија

·    Предлог Закон за Соработка со Меѓународниот кривичен суд за гонење лица одговорни за сериозни повреди на меѓународното хуманитарно право извршени на територијата на поранешна Југославија (доставен е на мислење на Претседателот на судот и до главниот обвинител на Хашкиот Трибунал и ОБСЕ)

·    Предлогот за донесување на Законот за меѓународно приватно право е доставен до Владата на Република  Македонија во  прва фаза  на  донесување.

·    Закон за адвокатура

·    Закон за малолетничка правда

3) ЗАКОНИ ВО РАБОТНА ВЕРЗИЈА

·    Закон за Јавно обвинителство

·    Закон за Советот на јавни обвинители

·    Судски деловник (анализа на странски искуства и прв текст во работна верзија)

·    Предлог за донесување на Закон за малолетничка правда 

·    Закон за медијација (измени и дополнувања)

·    Закон за вршење на нотарски работи (компаративни анализи и работна верзија на текстот)

·    Закон за договорен залог - измени и дополнувања

·    Закон за  верски заедници

4) ИМПЛМЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНИТЕ

Закон за медијација

·    На 16. септември 2006 година , во Апелациониот  суд во Скопје се одржа  иницијативен состанок за формирање на Комора на медијатори, со 60 медијатори кои завршија почетна и напредна обука за медијатори, согласно Програмата за  обука  на  медијатори. Целта на состанокот беше   што побрзо формирање на Комора на медијатори , бидејќи примената на законот  е од 1 ноември 2006 година. На состанокот беше формиран Иницијативен одбор  за формирање на Комората. Во тек е изготвување на Тарифникот

·    Со учество на Министерот за Правда на 22 октомври 2006 година во просториите на Клубот на пратениците се одржа  Основачко собрание и  формирање на Комората на медијатори на Република Македонија. Со тоа се створија услови за афирмација на медијацијата во Република .Македонија, што ќе придонесе во доближувањето до стандардите на  европските  демократии.

Закон за извршување

·    На 23 септември во Клубот на претениците се одржа средба на Министерот за правда со Собранието на извршители и претседателите на дел од Основните судови;

·    Изготвени се дополнувања на Законот за извршување кои се во собраниска постапка и кои веќе ги поминаа комисиските расправи и се очекува да одат на собраниска седница;

·    Се прибираат податоци од вонтеренска контрола над работата на извршителите и обработка на истите;

·    Се подготви нова тарифа за награда на извршителите;

5) ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

·    Правилник за формата и начинот на издавање на писмена потврда за донации во јавните дејности (работен текст, доставен на мислење до Секретаријатот за законодавство);

·    Правилник за трошоци на прекршочната постапка

·    Правилник за евиденција и образци во прекршочната постапка

·    Упатство за пауша лот во прекршочната постапка

·    Правилник за формата и содржината на Уверението за избран член на Совет од редот на судиите

·    Уверение за избран член на Советот од редот на судиите и Образец

6) ИНФОРМАЦИИ

·    Информација за состојбите со судски предмети кои се водат против Република Македонија

·    Информација за потребата од итно пристапување кон усогласување со одредбите на Законот за прекршоците

·    Информација по поднесени барања за надомест на штета на лица неоправдано осудени и неосновано или незаконито лишени од слобода

·    Информации за три правосилни пресуди на Европскиот суд за човекови права

·    Информација за состојбата со судските предмети во кои странка е Република Македонија и нејзините органи, застапувани од Јавното Правобранителство на Република Македонија

·    Информација за состојбата со судските предмети со досудена штета од над еден милион денари од 2004 година до денес

·    Информацијата за проблемите со адресните податоци во Избирачкиот список и активностите во врска со примена на Законот за именување на улици и други инфаструктурни објекти и истата е помината на Генералниот колегиум во Владата на Република Македонија на 15.11.2006 година

·    Информација за противзаконско посредување во Република Македонија (лобирање)

·    Информација за инвестиционото вложување на фирмата Вектра-М, сопственост на Виолета Јосифовска од Кавадарци во Република Србија

II.  РАБОТНИ СРЕДБИ НА МИНИСТЕРОТ и ЗАМЕНИКОТ МИНИСТЕРОТ

Ø     РАБОТНИ И ПРОТОКОЛАРНИ СРЕДБИ СО АМБАСАДОРИ

15.09.2006

Протоколарна средба помеѓу Министерот за правда и Амбасадорот на Република Австрија во РМ

Целта на средбата беше запознавање на Министерот Маневски со Амбасадорот Хојос со цел продоложување на соработката меѓу двете институции и информирање за напредокот на реформите во правосудството, особено во делот кој се однесува на Академијата за судии и обвинители, Законот за судови, МПП. Беше наведена и подготвеноста на австриските власти за TWINNING програми со земјите од Западен Балкан и за помош во поглед на програмата за подобрувањето на условите во затворите. 

25.09.2006

Средба Министер Маневски и Амбасадорката на САД Џилијен Миловановиќ

На средбата нејзината екселенција Џулијен Миловановиќ придружувана од Барбара Карлин од проектот ОБДАТ и Кети Стермер од проектот УСАИД на која се дискутираа тековните активности и клучните приоритети кои се однесуваат на реформата на правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата особено во однос на евро-атланските аспирации на РМ.

10-31.10.2006

Посети на Заменик Министерот Василевски на Затвори, Основни јавни обвинителства и Судови во Гевгелија, Битола, Охрид, Струга, Штип, Тетово, Прилеп, Скопје и КПД Идризово

Целта на средбите на Заменикот беше да се изврши целосен увид на состојбите во наведените институции и да се евидентираат активности кои треба да се преземат за подобрување на условите

19.10.2006

Средба Министер Маневски со Н.Е. Фредерик де Ман амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија

Министерот за правда Михајло Маневски денеска ја прими  г-ѓа Фредерик де Ман амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија. На средбата стана збор за досегашната соработка и можностите за нејзино интензивирање во иднина. 

Министерот Маневски рече дека помошта што холандската Влада и ја дава на Република Македонија во остварувањето на реформите во изминатиот период е од извонредно значење и оти се надева дека взаемната соработка ќе продолжи.

27.10.2006

Средба Министер Маневски и Амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Ралф Бред

Министерот за правда, Михајло Маневски оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Ралф Брет и го запозна со напредокот на реформите во правосудството и чекорите што се преземаат за спроведување на Законот за Судски совет на РМ, како и за Законот за судови, кој треба да стапи на сила од први јануари 2007 година. Тој додаде дека од први мај следната година ќе започне со работа Управниот суд, со што се очекува граѓаните многу поефикасно да ги остваруваат своите права во управните предмети.

Амбасадорот Брет ги поздрави реформските чекори што ги презема Министерството за правда и рече дека неговата земја ќе продолжи да и дава поддршка на Република Македонија во напорите за интегрирање во Европската унија.

27.10.2006

Средба Министер Маневски со амбасадорот на Велика Британија, Н.Е. Роберт Четертон Диксон

На средбата се дискутираа активностите и мерките што Министерството за правда ги презема и ќе ги презема во рамките на реформите во правосудството и борбата со организираниот криминал. Министерот Маневски потенцира дека во тек е заокружување на правната рамка со подготовката на Законот за јавно обивинителство и Законот за Совет на јавни обвинители, согласно измените на Уставот на РМ. Тој, при тоа, ја образложи и намерата за донесување Закон за формирање Агенција за борба против организираниот криминал. Министерот за правда, Маневски додаде дека помошта од страна на британските експерти во оваа област би била добредојдена.

31.10.2006

Средба Министер Маневски и Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Н.Е. Томас Фуглистер

Министерот за правда Михајло Маневски го прими Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија,  Н.Е. Томас Фуглистер.

На средбата се дискутираше за финализирањето на реформите во правосудството во РМ. Министерот Маневски потенцира дека Владата на РМ е цврсто определена да ги имплементира донесените реформски закони, како и оние што следат со цел да се обезбеди ефикасно остварување на правата и слободите на граѓаните на Република Македонија. Тој потенцира дека реформите имаат за цел и ефикасна борба со организираниот криминал.

Министерот Маневски и амбасадорот Фуглистер оценија дека во наредниот период полето на медијацијата може да биде област за интензивна соработка, за што ќе бидат разменети искуства на законодавен и практичен план.

01.11.2006

Средба Маневски-Диксон-Вајнинг

Министерот за правда Михајло Маневски се сретна со  амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Роберт Четертон Диксон и британскиот експерт за корупција Руперт Вајнинг со цел изнаоѓање на модалитети за продлабочување на соработката во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Министерот Маневски ја потенцираше политичката определба на Владата на Република Македонија за реална, наместо вербална заложба за борба против корупцијата. Тој го запозна експертот Вајнинг со законските решенија во Република Македонија, како и со активностите кои се преземаат во насока на спречување и санкционирање на корупцијата додека Вајнинг даде препораки насочени кон подобрување на постојната законска и инстиуционала рамка за борба против корупцијата.

20.11.2006

Средба на Заменикот Министер Василевски со претставници на Канцеларијата при Стејт Департментот на САД за прашања на воени злосторства, Мајк Левин, Дубравко Болшевец  и Претставници од ОПДАТ, Барбара Карлин и Кристина Каранакова

На реализираната средба се дискутираше за соработката на РМ со Хашкиот Трибунал и подготвеноста на Република Македонија за враќањето на четирите случаи.

Ø     РАБОТНИ СРЕДБИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА И МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

 05.09.2006

Работна средба на Министерот за правда, Михајло Маневски со амбасадорот, г-н Карлос Паиш, шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

На средбата беа разгледани прашањата поврзани со функционирањето на судскиот систем и реформите во судството. Беше изразена взаемна соглсаност за досега преземените мерки на овој план, со нагласка на потребата за ефикасно и целосно имплементирање на законите.

06.09.2006

Работна средба на Министерот за правда, Михајло Маневски со специјалниот претставник на Европската унија во Република Македонија, амбасадорот, г-н Ерван Фуере

На средбата стана збор за реформите во правосудството. Министерот Маневски го извести амбасадорот Фуере за активностите што во наредниот период ќе бидат преземени во реформата на правосудството и за зацртаните приоритети. Притоа, тој нагласи дека клучен приоритет е имплементацијата на законите.

07.09.2006

Средба на Министерот Маневски со претставникот на УНИЦЕФ во РМ Хонгвеи Гао

На остварениот состанок, претставникот на УНИЦЕФ го информираше Министерот за нивните тековни и реализираните активности во РМ и се дискутираше постапката за донесување на Законот за малолетничка правда, за воспитно-поправниот дом Тетово и за квалитетот на образованието и обуката во воспитните установи и затворот за малолетници.

27.09.2006

Средба Министер Маневски и постојаниот претставник на Советот на Европа во РМ г-н. Мишел Риволие

На средбата беа подвлечени приоритетите на министерството и од страна на Министерот Маневски беа образложени поодлени реформски активности и тоа профункционирањето на Академијата за судии, измените на Изборниот Законик, заедничниот проект на РМ и Советот на Европа кој се однесува на затворската реформа, борбата со корупцијата.

18.10.2006

Средба на Заменик Министерот Василевски со Заменик Министерот за правда на Република Бугарија Н.Е. Г- ѓа. Ана Караиванова

На средбата двата заменици Министри разменија искуства и разговараа за приоритети на реформата на правосудниот систем и борбата против организираниот криминал и корупцијата особено во однос на Европските аспирации на двете држави.

31.10.2006

Работна средба на координативното тело на УСАИД World Learning и членови од МП

Целта на одржаниот состанок беше рекапитулација на постигнатиот напредок во првата фаза за анализа на постигнато и разгледување на предлог вториот меморандум за соработка со кој ќе се имплементира втората фаза на проектот

02.11.2006

Средба Заменик Министер Василевски и генералниот директор на Лукоил

На состанокот Заменик Министерот Василевски го информираше генералниот директор на Лукоил за приоритетите на Владата поврзани за привлекување на странските инвестиции  и конкретните активности на МП за надминување на пречките во инвестирањето во РМ.

15.11.2006

Средба Министер Маневски - Франческо Марија ди  Мајо, проект менаџер на КАРДС модул 4

Министерот за правда, Михајло Маневски оствари средба со Франческо Марија ди  Мајо, проект менаџер на Модулот четири во рамките на проектот КАРДС 2003, Доменико Аирома, судија и советник при италијанскиот Парламентарен комитет за борба против еко-мафијата и Џованела и Андреа, соработник. На средбата стана збор за активностите што ги презема Министерството за правда во рамките на реформата на правосудниот систем и беше подвлечена спремноста за соработка на Италијанското Минстерство за правда преку експертска помош.

Ø     СРЕДБИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ

18.09.2006

Средба Министер Маневски со медијаторите

На иницијатива на Министерот за правда, Михајло Маневски се одржа средба со медијаторите кои ја завршија почетната и напредната обука за медијатори.

19.09.2006

Состанок на Министерот за правда со претставници на Министерството за надворешни работи и Секретаријатот за законодавство

23.09.2006

Работна средба на министерот за правда г.Михајло Маневски со извршителите и претседателите на  основните судови

Средбата иницирана од Министерот Маневски беше можност за разговор за првичните  резултати од примената на Законот за извршување како и за согледување на пројавените слабости и  проблеми во секојдневното работење на извршителите, а во исто време и договор за натамошни активности за успешно функционирање на оваа дејност.

25.09.2006

Средба на Министерот за правда Маневски со преставници на Здружението на судиите на Република Македонија

На средбата заеднички беше констатирано дека е неопходно целосно спроведување на реформите во судството и преземање на активности насочени кон имплементација на амандманите на Уставот и донесените закони, се со цел јакнење на независноста и самостојноста на судовите и поголема ефикасност на судскиот систем.

03.10.2006

Работен состанок на Министерот Маневски со Колегиумот на судии во Гостивар на тема обезбедување простор за Апелациониот суд

04.10.2006

Средба Министер Маневски со Омбудсманот на Република Бугарија г-н. Гино Ганев

На остварената средба се разменија идеи помеѓу Министерот Маневски и Омбудсманот на Република Бугарија г-н. Гино Ганев за улогата и важноста на народниот правобранител во демократските општества и се дискутираше за целокупната реформа на правосудниот систем.

06.10.2006

Работна средба Министер Маневски- нотарска Комора на РМ

Министерството за правда одржа работна средба со Нотарската Комора на Република Македонија во Врховниот суд на Република Македонија.

Средбата беше закажана со цел да се разгледаат прашањата кои се однесуваат на примена на Законот за вршење на нотарските работи и негово надоградување, како и остварување на надзорната функција на Министерството за правда и на Нотарската комора, која што е во согласност со Законот. Во своето излагање министерот Михајло Маневски рече дека нотарската работа го оправда своето постоење и има голем придонес во вршењето на правните работи, но несовесното постапување на одредени нотари го рушат угледот на нотарската професија.

10.10.2006

Средба Министер Маневски - Димитар Ѓеорѓиевски, директорот на Државниот управен инспекторат со сите државни управни инспектори

Министерот за правда Михајло Маневски денеска присуствуваше на првата работна средба на директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски со сите државни управни инспектори. Тој им изрази целосна поддршка во спроведувањето на законите и прописите во интерес на граѓаните и остварувањето на нивните права.

12.10.2006

Прва регионална конференција за медијација во Југо-Источна Европа

Форум на медијатори од Југо-Источна Европа

Конференцијата беше отворена од страна на Заменик Министерот Василевски кој им се обрати на присутните медијатори од регионот.

16.10.2006

Средба Министер Маневски со група оштетени граѓани здружувачи со средства за инвестициона градба во фирмата ФИ-КОМ ДОО Скопје

Средба со група оштетени граѓани здружувачи со средства за инвестициона градба во фирмата ФИ-КОМ ДОО Скопје на која се дискутираше за преземените мерки во надлежност на МП со цел да им помогне на засегнатите граѓани.

18.10.2006

Средба Министер Маневски со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија предводена од претседателот Ванчо Муратовски и Генералниот секретар на УПОЗ Пеце Груевски.

На средбата министерот Маневски ги запозна присутните со реформските закони од областа на правосудството и активностите поврзани сонивната имплементација. Министерот Маневски потсети дека покрај залагањата на Синдикатот за заштитата на правата и за зголемување на платите на вработените ,потребно е поголемо внимание да се обрне на совесно и одговорно извршување назаконски пропишаните обврски навработените во судската администрација и судската полиција, а пред се заради ефикасна заштита на правата на граѓаните.

19.10.2006

Средба Министер Маневски со Заменик јавниот обвинител на Македонија, Славчо Станков

Министерот за правда, Михајло Маневски оствари средба со Заменик јавниот обвинител на Македонија, Славчо Станков, кој го заменува Јавниот обвинител според годишниот распоред на работа на Јавното обвинителство.

На средбата стана збор за остварувањето на функцијата на јавното обвинителство и натамошната соработка со Министерството за правда, особено при донесувањето на Законот за јавното обвинителство и Законот за совет на јавни обвинители, како и други прашања од надлежност на Јавното обвинителство.

19.10.2006

Средба Министер Маневски со Мирјана Најчевска, претседател на  Хелсиншкиот комитет на Република Македонија

На средбата г-ѓа Најчевска го информираше министерот Маневски за мерките што се преземени за подготвување предлог Закон за заштита од дискриминација и му предаде нацрт на Законот што го изработил Хелсиншкиот комитет кој се потпира на законите на Република Бугарија, Република Романија и на Република Северна Ирска со цел истиот да биде разгледан од страна на МП и да се започне процедура за негово донесување. Министерот Маневски увери дека ќе биде разгледан и проучен во Министерството за правда, а дека Законот би се носел во две фази.

01.11.2006

Работна средба на Министерот за правда со судиите на Апелациониот суд во Штип

02.11.2006

Работна средба на Министерот и Заменикот Министер за правда со судиите на Апелациониот суд во Битола

 

06.11.2006

Работна средба на Министерот и Заменикот Министер за правда со судиите на Апелациониот суд во Скопје

 

13.11.2006

Работна средба на Министерот за правда со судиите на Апелациониот суд во Тетово

07.11.2006

Координативен состанок во областа на правдата и внатрешните работи со ЗПВРМ Коневска, Министерот за внатрешни работи Јанкуловска и Министерот за правда Маневски во просториите на СЕП

На работниот состанок се дискутираа прашањата на координација на активностите во областа на правдата и внатрешните работи како и се разгледаа и следниве точки: реализација на приоритетите од Акцискиот план за Европско партнерство во делот на ПВР и планот за ажурирање на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ; Подготовка на Третиот состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи меѓу Република Македонија и Европската унија; Активности во врска со претстојниот Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија за 2006 година; Имплементација на инструменти за борба против корупцијата и креирање на индикатори за одредување на степенот на корупција во главните области од јавниот живот; Подготовка на конференција (трибина, тркалезна маса) од областа на правдата и внатрешните работи, со предлог-датум за одржување - 22.11.2006 година

       III.    КОНФЕРЕНЦИИ, СЕМИНАРИ, ТРКАЛЕЗНИ МАСИ, ЈАВНИ РАСПРАВИ    ОДРЖАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

20.10.2006

Тркалезна маса – Реформи во пенитенцијарниот систем

Во организација на Здружението на пенолози се одржа тркалезна маса во Струга на која присуствуваше Заменик Министерот Василевски.

24.10.2006

Тркалезна маса - статусот на јавното обвинителство

Во организација на Здружението на јавни обвинители на  Република Македонија и финансиска поддршка на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, се одржа Тркалезна маса  на тема  ,,Статусот на Јавните обвинители-Закон за Јавно обвинителство и Закон за Совет на јавни обвинители што претставуваше можност за отворање на повеќе прашања околу регулирање на статусот на Јавното обвинителство во новите законски проекти на Министерството за правда

На Тркалезната маса учествуваше и Министерот за правда Михајло Маневски кој истакна дека со новиот Закон за јавно обвинителство позицијата на јавниот обвинител ќе биде зајакната пред се заради ефикасно справување со   организираниот криминал и корупцијата во државава. Јавниот обвинител според министерот Маневски во новите законски прописи во преткривичната постапка ќе ја синхронизира и насочува работата на другите институции и органи  надлежни за гонење на криминалот, кои со закон ќе бидат обврзани да соработуваат со него. Исто така, Јавниот обвинител ќе има главен збор и во истражната постапка, наместо истражните судии како што беше случај до сега истакна Министерот Маневски. За оваа намена измени ќе претрпи и Законот за кривична постапка.

02.11.2006

Тркалезна маса – 3 конференција за евалуација на примената на Програмата за превенција и репресија на корупциј во организација на Државната Комисија за спречување на Корупцијата, Струга

 

06.11.2006

Почетна конференција на КАРДС Проектот за техничка поддршка на Академијата за обуки на судии и јавни обвинители

На конференцијата беше присутен Заменик Министерот Василевски кој имаше воведен говор во кој се осврна на значењето на воспоставување на институција за континуирана едукација на судиите и јавните обвинители.

09.11.2006

Регионална конференција: „Пристап до информации - најдобри практики и научени лекции”

Министерот за правда Михајло Маневски се обрати на регионалната конференција: „Пристап до информации - најдобри практики и научени лекции” при што тој подвлече дека со донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се придонесува во развојот на демократскиот амбиент на Република Македонија. Министерот потенцира дека со решенијата кои се вградени во него се очекува да се придонесе во афирмирањето на администрацијата како јавен сервис со легитимитет, како и зајакнување на довербата на јавноста во државната власт. 

20.11.2006

Меѓународна конференција „Соработката со омбудсманот – релевантен фактор за развој на демократијата

Министерот за правда Михајло Маневски се обрати на меѓународната  конференција на тема „Соработката со омбудсманот – релевантен фактор за развој на демократијата”, што ја организираше Народниот правобранител на Република Македонија. Министерот Маневски во своето излагање потенцира дека од особено значење е соработката на омбудсманите заради постигнување поголема ефикасност  во функционирањето на правосудниот систем на демократските општества.

20 и 22. 11.2006

Тркалезни маси на тема: “Усогласување на законите со Амандманот ЏЏ од Уставот на Република Македонија и Законот за прекршоци”

Министерството за правда во соработка со Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, одржа две тркалезни маси на тема “Усогласување на законите со Амандманот XX од Уставот на Република Македонија и Законот за прекршоци”.

На тркалезната маса која се оджа на 20 Ноември 2006 год, присуствуваа судиите кои постапуваат по прекршочни предмети во сите судови во Република Македонија, членови на работната група, која го подготвуваше Законот за прекршоци, како и преставници на Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје. Тркалезната маса имаше за цел уочување на проблемите од непосредната примена на Законот за прекршоци од страна на судовите и неговата имплементација во материјалните закони.

На 22 Ноември 2006 год, на истата тема се одржа втора тркалезна маса на која согласно Информацијата на Министерството за правда до Владата на Република Македонија за потребата од итно пристапување кон усогласување со одредбите на Законот за прекршоци, учество земаа преставници од органите на државната управа или организации, како и други органи што вршат јавни овластувања, кои согласно Законот за прекршоци, се должни да ги усогласат законите во кои се пропишани прекршочни санкции со новите предвидени прекршочни санкции.

22.11.2006

Работната средба на тема „Република Македонија кон единствениот простор на правдата, слободата и безбедноста на ЕУ”

Работната средба посветена на областа на правдата и внатрешните работи се одржа на иницијатива на ЗПВРМ во организација на Секретаријатот за европски прашања. Средбата беше организирна со цел  да се разменат гледишта и утврдат насоките во реформите во областа на правдата, слободата и безбедноста во склад со препораките на Европската комисија.
На средбата што ја организираше Секретаријатот за европски прашања  учествуваа претставници од повеќе министерства и од правосудните органи во Република Македонија и претставници на Делегацијата на Европската комисија во РМ. Вториот дел од првиот модул посветен на „Реформите во областа на правдата, слободата и безбедноста во Република Македонија” го водеше Министерот за правда Михајло Маневски. Министерот Маневски во своето обраќање се осврна на главните приоритети и предизвици во процесот на преземање на реформи во областа на правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата како и ги подвлече насоките во кои треба да се движат понатамошните реформи при што направи и рекапитулација на постигнатиот напредок и тековните активности.

23.11.2006

Конференција организирана од Здружението на правници од областа на стопанството

На конференцијата Министер Маневски им се обрати на присутните при што се осврна на имплементација на реформите во правосудството особено во делот на постигнување поголема ефикасност.

24.11.2006

Посета на Претседателот Црвенковски и Министерот Маневски на казнено-поправниот дом „Идризово”

Претседателот на државата, Бранко Црвенковски и министерот за правда, Михајло Маневски го посетија казнено-поправниот дом „Идризово”. По обиколката, претседателот Црвенковски изјави дека  состојбата во затворите е вистинското огледало за демократијата во една земја. Министерот за правда, Маневски потенцира дека средствата за казнено-поправните установи во буџетот годинава биле намалени за 30 до 35 проценти, наместо да бидат зголемени. Тој информира дека со доаѓањето на функцијата веднаш побарал зголемување на средствата со ребалансот на буџетот за 30 до 40 милиони денари.

 

     IV.  МЕЃУНАРОДНИ КОНФЕРЕНЦИИ/ФОРУМИ

 

12-13.10 2006

Ереван, Ерменија

27 Конференција на европските министри за правда на тема “Жртви: место, права и помош”, Советот на Европа

Делегација на Министерствот за правда предводена од Министерот за правда, Михајло Маневски учествуваше на 27-та Конференција на европските министри за правда на тема “Жртви: место, права и помош”, во организација на Советот на Европа, која што се одржа во Ереван, Ерменија. Целта на конференцијата на кој присуствуваше Министерот Маневски беше да се идентификуваат новите начини за помош на жртвите, како и зголемувањето на соработката на земјите членки во оваа сфера. Притоа, Министерот Маневски контрибуираше кон генералната дебата на темата со тоашто им се обрати на присутните во рамките на пленарните сесии на Конференцијата, при што ги образложи активностите и мерките кои ги презема РМ во однос на востановување на ефикасен систем на заштита на жртвите на криминалот и предложи насоки за иден напредок во оваа област.

Во рамките на конференцијата беа остварени и значајни билатерални средби со Министерката за правда на Романија Маковеј со која беше начелно договорена и работна посета на Македонска делегација на Романија со цел анализа на најдобрите практики и реформските мерки во областа на организираниот криминал и борбата против корупцијата. Беа реализирани и билатерални средби со претставници од Германија, Малта, Србија со цел запознавање и афирмирање на интересот за идна соработка во областа на праводудството и борбата против организираниот криминал.

10-11.11.2006

Москва, Руска Федерација

Конференцијата на министри за правда и внатрешни работи на Совет на Европа

Делегација на Министерството за правда, предводена од заменик Министерот за правда Сашо Василевски на 9 и 10 ноември 2006 година учествуваше на Конференцијата на министри за правда и внатрешни работи во организација на Советот на Европа и Министерството за правда на Руската федерација, на тема “Подобрување на Европската соработка во областа на кривичната материја”.

Заменик Министерот Василевски им се обрати на присутните во рамките на работните сесии, при што ја презентираше легислативната рамка во областа на кривичното право на Република Македонија со која се обезбедува меѓународна правна помош, трансфер и екстрадиција на осудени и обвинтети лиза, етаблирана преку измените на Законот за кривична постапка во 2004 година. На конфренцијата беа остварени и значајни билатерани средби со претставници од Романија, Португалија, Србија и Министрите за правда на Германија и Австрија од кои се доби поддршка за понатамошна соработка со РМ а беа и дискутирани конкретни активности.

16-17.11.2006

Тирана, Албанија

Министерски Форум ЕУ-Западен Балкан во областа на правдата и внатрешните работи

Министрите за внатрешни работи  и за правда,  Гордана Јанкулоска и Михајло Маневски учествува на дводневниот форум „ЕУ-Западен Балкан” што во организација на Финска, како претседавач со Европската унија се одржува во Тирана на 16 и 17 ноември, на теми кои се однесуваат на борба против организираниот криминал и корупцијата, судска и оперативна соработка и регионалните перспективи на интегрираното гранично управување.

Министерот за правда Михајло Маневски во рамките на вториот модул на форумот во своето излагање се осврна на соработката мегу институциите во делот трговија со луге и заштита на сведоци. Тој информира за тековните и ги подвлече идните активности кои треба да се преземаат со цел поефикасно поврзување и регионална соработка во борбата против сите форми на организиран криминал.

Средбата претставуваше значајна реафирмација на европските перспективи на земјите од Западниот Балкан со посебен акцент на областа на правдата и внатрешните работи како клучни реформски сегменти значајни за европските аспирации на земјите како и потврда од страна на претставниците на ЕУ за процесот на европска интеграција на целиот регион. Форумот беше прв од ваков вид која се организира во регионот (Албанија), со што се подвлекува принципот на регионалната сопственост на процесот, со намера тоа да стане практика во иднина. 

      V.   БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ

28-29.11.2006 Рим, Италија

Средба на Министерот Маневски заедно со Претседателот на Владата Груевски и ЗПВРМ Коневска со Др. Франческо Мандои, заменик-обвинител во Бирото за анти-мафија на Италија. Целта на средбата беше заокружување на системот на борба против корупцијата и криминалот и се разговараше за функциите на јавниот обвинител во однос на гонење на сторителите на кривичните дела.

       VI.  МЕДИУМСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Министерството за правда во рамки на законски  утврдените надлежности настојува отворено и транспарентно да обезбеди проток на информации до медиумите во Република Македонија и пошироко, со цел јавноста и граѓаните на Република Македонија да бидат навремено и точно запознати и информирани за сите активности што ги презема Министерството за правда.

Во таа смисла, во изминатите 100 дена медиумската презентација на Министерството е реализирана преку:

Ø     ИНТЕРВЈУА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА

09.2006

Интервју за МРТВ новинар Мирјана Димовска

Тема-Имплементација на правосудните закони

16/17.09.2006

Интервју за ,,Дневник,,

Наслов-Криминалот и корупцијата немаат политичка припадност

19.10.2006

Учество во дебатна емисија-,,Клуб 120,,  МТВ

Тема-Реформи во правосудството-постигнати резултати и идни чекори

22.11.2006

Интервју за ,,Време,,

Наслов –Парите мора да се вратат

Ø     ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИИ

1.09.2006

Министер Михајло Маневски

Тема-Стапување во сила на Законот за судскиот совет

3.10.2006

Заменик министер Сашо Василевски

Тема-Самоубиство на затвореник во Идризово

Ø     БРИФИНГ

31.10.2006

Заменик министер Сашо Василевски

Тема: Почнува примената на Законот за медијација

10.10.2006

Директор Димитар Ѓорѓиевски

Тема: Активности на Државниот управен инспекторат од аспект на законски надлежности

Ø     ИЗЈАВИ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА МИХАЈЛО МАНЕВСКИ ЗА ПЕЧАТЕНИ МЕДИУМИ

10.09.2006

Изјава за сите медиуми-Влада:

,,Сите предмети за кои е досудена одштета од над милион денари ќе бидат ставени под лупа , заради преиспитување од аспект на оценување на законитоста ,,

11.09.2006

Вест

,,Нема да се игнорира одлуката на Уставниот суд за поништување на одредбата за замена на затворската казна со парична ,,

12.09.2006

Време

,,Побарувањата се тежок удар за државата и буџетот , но ќе се преземат сите мерки да не се наруши функционирањето на органите ,,

13-09-2006

Утрински весник

,,Поимот ,,Бачило,, стана синоним за корупција.Наместо успешно да се бори против корупцијата, Прчевски стана заложник на партиско-олигархиски структури,,

14.09.2006

 Дневник

,,Според Деловникот на Уставниот суд е органот кој треба да го посочи начинот на извршување на одлуката ,,

14.09.2006

Вест

,,Долги години немало надзор врз работата на нотарите ,,

15.09.2006

Утрински весник

,,Сакаме да ја снимиме состојбата со нотарите заради потврда на сознанијата дека кај дисциплинските органи има значителни последици на кршење на законите,,

15.09.2006

Дневник; Време

,, Јавниот обвинител не ја оправда работата и не покажа резултати во работењето,,

19.09.2006

Дневник

,,Јавното правобранителство според Зконот може да вложи жалба до Апелациониот суд во случајот ,,Бачило,,

20.09.2006

Време

,,Прашањето за  ,,Бачило,, треба да се гледа и од аспект на кривично гонење на инволвираните лица кои не презеле мерки да го заштитат државниот имот а биле должни да го сторат тоа,,

20.09.2006

Утрински весник

,,Нема ништо незаконско во смената на Прчевски,,

20-09-2006

Утрински весник

,,Непреземањето соодветни законски мерки во случајот Бачило придонесе од државната каса да се одлеат 730.000 евра,,

21-09-2006

Утрински весник

,,Досега во Министерството за правда не е направена ниту една верзија на Законот за јавното обвинителство иако според Програмата за работа на министерството тоа било предвидено,,

25.09.2006

Време

,,Преземени се сите правни мерки за екстрадиција на Смиленски,  се чека одлуката на Министерството за внатрешни работи на Република Србија,,

25.09.2006

Вечер

,,Извршителите треба да ги почитуваат своите обврски спрема државата,,

28.09.2006

Вест ,Утрински весник, Шпиц

,,Министерството за правда суспендира двајца чувари поради бегство на притвореникот Енвер Зимери од Истражниот затвор ,,Шутка,,

29.09.2006

Македонија денес , Дневник

,,Состојбата е усложнета годинава бидејќи во споредба со лани за затворите се одобрени 35% помалку средства во буџетот.Владата ќе побара одговорност за лицата што придонеле за таквата ситуација,,

29.09.2006

Вечер

,,Го разгледавме барањето на претседателите на Апелационите судови и на Уставниот суд и во текот на наредната недела ќе излеземе со предлог за правен излез од оваа ситуација настаната со одлуката на Уставниот суд,,

3.10.2006

Вест

,,Во фокусот на надлежните министерства, правобранителството, обвинителството и судовите е да не се дозволи државата да плаќа за нешто што не е должна да плати, или да плаќа повеќе од тоа што треба,,

7/8.10.2006

Шпиц

,,Во изминативе години никој не ја контролирал работата на нотарите и не се постапувало по жалбите на граѓаните,,

7/8.10.2006

Вечер , Утрински, Време, Дневник

,,Ниту еден нотар досега не е казнет, иако околу 140 граѓани во последниве 8 години поднеле претставки за несовесно работење на нотарите,,

9-10-2006

Време

,,Доколку се потврдат најавите дека барањето за српско државјанство е одбиено, сите правни патишта за екстрадиција на Смиленски се отворени,,

23.10.2006

Утрински весник , Време

,,Во 90% од поднесените над 65.000  тужби  се бара надомест на штета од државата , а јавното правобранителство и другите надлежни институции не ја вршеле својата обврска и не презеле мерки на кои се обврзани,,

23.10.2006

Утрински весник

,,Уште од сега го подготвуваме  наредниот извештај, со цел да не се повтори грешката Република Македонија да ја нема во извештајот на Советот на Европа,,

25.10.2006

Вечер

,,Надлежност на обвинителите е да ја спречат корупцијата. Јавното обвинителство е на самиот врв на постоечките институции задолжени за сузбивање на корупцијата, најголем проблем е како да се обезбеди координација и синхронизираност помеѓу институциите,,

25.10.2006

Дневник

,,Ќе се формира посебно обвинителство за организираниот криминал, јавниот обвинител ќе има зајакната улога,,

2.11.2006

Дневник, Вест

Изјава по средбата со судии на Апелација- Штип

,,Судските редови мора да се чистат од корумпирани судии и од судии што не ги почитуваат законите,,

,,Може да имаме многу добри закони но ако не ги применуваме граѓаните немаат полза од тоа,,

3.11.2006

Изјава по состанокот на Антикорупциска комисија во Струга

,,Со завршувањето на судските реформи и зголемувањето на надлежностите на јавниот обвинител ќе се подобри и борбата против корупцијата,,

3.11.2006

Утрински весник

,,Јавното обвинителство со новиот закон ќе добие пошироки овластувања и надлежности, и тоа посебно во истрагата, и соработка со полицијата, финансиската  полиција и управата и други органи,,

3.11.2006

Утрински весник

По Работна средба со судиите на Апелациониот суд од Битола

,,Не тргнавме во лов на корумпирани судии низ државава, туку да се увериме како работат судиите, со какви проблеми се соочуваат и како се имплементираат реформските закони во судскиот систем,,

3.11.2006

Дневник, Вечер

,,Министерот за правда Михајло Маневски вети зголемена поддршка од Владата за Антикорупциската комисија и поголема координација на сите институции,,

3.11.2006

Вечер, Време

,,Предвидено е да се направат измени во Законот за извршување. Има неразјаснети работи во него, кога ќе се смени законот новиот тарифник ќе се усогласи со Правилникот,,

4.11.2006

Шпиц, Утрински весник, Дневник, Време, Вечер

,,Во Основниот суд Скопје 1 промовирана нова судница за судење на случаи за организиран криминал,,

Министерството за правда презема и други активности кои се во рамки на нејзините редовни законски утврдени надлежности а за кои јавноста е запозната преку соопштенија, известувања , поединечни информации или состаноци.

VII.   АКТИВНОСТИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ  НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

28.09.2006

Конститутивна Седница на Комисијата за прв избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија

Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за првиот избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите, кој се врши во согласност со Законот за судскиот совет на Република Македонија. Комисијата треба да донесе решение за распишување на прв избор за членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите, врз основа на кое ќе се утврди роковник за спроведување на изборните дејствија. Комисијата, која треба да ги спроведе изборите, е составена од четворица судии од Врховниот суд и пет преставници од Министерството за правда.

27.10.2006

Седница на Комисијата за прв избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија

На одржаната седница на Комисијата за прв избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите се утврди дека се пријавени 54 кандидати за членови на првиот Судски совет. Кандидатските листи Комисијата за првиот избор  на членови на Судскиот совет  на Република Македонија од редот на судиите ќе ги утврди на седницата која ќе се одржи на 30-10-2006 година.

07.11.2006

Утврдени имињата на кандидатите за кандидатските листи од страна на Комисијата за прв избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите на седницата одржана на 06-11-2006 година.

15.11.2006

Спроведени изборите за избирање на 8 члена на Републичкиот Судски совет. За осумте членови на Судскиот совет од редот на судиите гласаа 625 судии од сите судови во земјата.

16.11.2006

Објавени изборните резултати од гласањето за првиот избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија

VIII.  АКТИВНОСТИ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ПОСТОЈАНА ОБУКА НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

·          Учество на Министерот Маневски во работата на Управниот Одбор на Академијата

·          Избран е Директор и Извршниот Директор на Академијата

·          Усвоен е Акциониот план за работа на Академијата за 2007 година

·          Постапка за избор на програмски совет на Академијата (тековно)

 

 IX. ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА ПО   СЕКТОРИ

1)   ДРЖАВНА УПРАВА, ИЗБОРЕН СИСТЕМ И УПРАВНИ НАДЛЕЖНОСТИ

·    Подготовки за состанокот на Поткомитетот за правда и внатрешни работи што ќе се одржи во Брисел на 29.11.2006 г.

·    Јавен увид во избирачкиот список, постапка на собирање на потписи на независни кандидати и организирање на печатење на изводи од Избирачкиот список, како тековни активности согласно Изборниот законик а во насока на спроведување на изборите за градоначалник и избор на членови на советот на општина Сарај кои ке се одржат на 14.01.2007 година

2)   ПРАВОСУДСТВО

·    Ажурирање на Судски изборен именик

·    Издавање на службени легитимации на судии и јавни обвинители

·    Активности за вработување на судската полиција

·    Проследени 54 предмети за поединечно помилување

·    Реализан План за групно помилување по повод Новата 2007 година преку посета на казнено-поправните установи

·    Редовно водење на статистика за судството

·    Ажурирање на податоци за националната структура на судиите и јавните обвинители

·    Архивско работење

·    Учество во работни групи за изготвување и ажурирање на Националната програма за прифаќањето на законодавството на ЕУ

·    Мислења по Информации од другите органи на државната управа

·    Мислења по Иницијативи пред Уставниот суд на Република Македонија за оценување на уставност и законитост

·    Извршен надзор над Нотарска комора

·    Извршен надзор над 4 нотари поради поднесени претставки

·    Закон за судовите-работни состаноци со основните судови,  апелационите судови и Врховниот суд на Република Македонија

3)   ЕВРОПСКА УНИЈА

·    Подготовка и учество на поткомитетот за правда и внатрешни помеѓу Република Македонија и ЕУ, Брисел 30.11-01.12.2006 г.

·    Учество на третиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација (одржан на 18 и 19 септември 2006 во Скопје),во делот на реформи на правосудството, борбата против корупцијата и соработката во областа на кривичните предмети и борбата против организираниот криминал.

·    Учество на Состанокот за Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на РМ за 2006 година, заради дополнителни информации од македонската страна

·    Активности во проектот за придонес на Република Македонија во развојот на цивилните капацитети на Европската безбедносна и одбранбена политика на ЕУ

·    Координирање на Работната група 23 - Правосудство и фундаментални права од НППА -  ревизија на НПАА, поглавје 23

·    Координирање на активностите за реализација на приоритетите од Акциониот план за Европско партнерство.

·    Подготвување и доставување на мислење и коментари до Владата на РМ, Секретаријатот за европски прашања, по однос на Нацртот на Повеќегодишниот Индикативен програмски документ (МИПД) за ИПА-Инструмент за претпристапна помош и Регионалниот МИПД, во делот за правда и внатрешни работи,

·    Координирање и реализирање на активности од Регионалниот Проект КАРДС 2003 - Востановување независно, сигурно и функционално судство и унапредување во судската соработка меѓу државите од Западен Балкан,

·    Изготвување и доставување на мислење до СЕП по Нацрт Стратегија за информирање и комуникација со јавноста во процесот на пристапување на РМ во ЕУ (2006-2010),

4)   НАТО

·    Изготвување одговори на дополнителните прашања поставени на состанокот на РМ со високиот зајакнат политички комитет на НАТО (одржан во Брисел на 06.10.2006 г) во врска со Годишната национална програма на РМ 2006-2007г за членство во НАТО, во делот на реформата на судството, борбата против организираниот криминал, корупцијата и трговијата со луѓе;

·    Предлог за поведување на постапка за потпишување на Конвенцијата за спречување на потлупот на странските јавни службеници во меѓународните деловни трансакции, на ОЕЦД, доставен до Владата на РМ

5)    ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, КОРУПЦИЈА И ТЕРОРИЗАМ

·    Предлог за поведување на постапка за потпишување на Конвенцијата за спречување на потлупот на странските јавни службеници во меѓународните деловни трансакции, на ОЕЦД, доставен до Владата на РМ

·    Периодичен извештај за напредокот на полето на спречување на корупцијата во РМ, согласно приоритетите усвоени во документите на СПАИ иницијативата за борба против корупцијата при Пактот за стабилност

·    Дополнителен извештај за имплементација на препораките содржани во Извештајот ГРЕКО за Република Македонија (прв круг евалуација) доставен до ГРЕКО на Советот на Европа

·    Коментари по Извештајот на Комитетот против тероризам на Советот за безбедност ОН, од посетата на Македонија (март 2006)

·    Изготвена е профил-брошура за законодавната и институционалната рамка за борба со тероризам во РМ

·    Учество во работата на МОНЕЅВАЛ Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари при Советот на Европа и во работата на Советодавното тело за борба против перењето на пари и финансирање на тероризмот(ДСПП),

·    Учество во работата на Меѓуресорката комисија за борба против нелегално производство и промет со опојни дроги како и во изготвувањето и усвојувањето на Предлог Националната Стратегија за дрога на Република Македонија,

·    Учество во реализација на активностите од ЕУ КАРДС Твининг проектот за “Борба против криминал поврзан со дрога”

6)   МЕЃУНАРОДНА ПРАВНА ПОМОШ

·     Фактичката состојба на 25.08.2006 година по предметите за екстрадиција беше следна: Вкупно предмети активни за работа и тоа екстрадиции од други држави во Република Македонија односно кога екстрадиција бара Република Македонија има 41, а екстрадиции од Република Македонија во странство односно кога екстрадиција бара странска држава има 6. Завршени -реализирани екстрадиции во периодот од 1.01.2006 година до 25.08.2006 година има од Република Македонија во странство 7 и од странски држави во Република Македонија 9. Фактичката состојба на 24.11.2006 година вкупно активни предмети за работа има 40 - екстрадиции од странски држави во Република Македонија односно кога Република Македонија бара екстрадиција и 8 предмети кога екстрадиција бара странска држава. Додека завршени реализирани постапки за екстрадиција до 24.11.2006 година има вкупно 27. Што значи дека во периодот од 25.08.2006 година до 24.11.2006 година завршени се 11 екстрадиции, а нови заведнеи предмети во овој период се вкупно 20 и тоа кога екстрадиција бара Република Македонија 14 предмети и 6 кога екстрадиција бара странска држава.

·     Од 25.08.2006 година изготвени се вкупно 270 предмети за барањата за судски превдувачи од кои дел се потпишани од Министерот за правда дел се дадени на попис и дел се изготвени кои треба да се дадат на потпис кај Министерот

·     Покрај овие предмети работени се и предмети за кривично гонење-отстапување на списи, замолници за правна помош во кривична материја, дозвола за посета на притворени странски државјани во Република Македонија, известувања за притвор, изготвување на информации од областа и друго.

7)    ПРОЕКТИ  ЗА ПОДДРШКА НА РЕФОРМИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНИТЕ КАПАЦИТЕТИ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

Национални проекти

1) Донатор  УСАИД

Име на проектот ДПК Проект за Модернизација на Судот

Период  2002-2007

2) Донатор  ЕК

Име на проектот  КАРДС 2003 Техничка помош за реформа на судскиот систем и судската администрација

Период  2005-2007

3) Донатор  ЕК

Име на проектот  КАРДС 2004 Техничка помош на Тренинг Институт за Судството (Фаза 2)

Период  2006-

4) Донатор ЕК

Име на проектот КАРДС 2005 Твининг- Поддршка на Јавното обинителство

Период 2006-

5) Донатор ЕК/Совет на Европа

Име на проектот КАРДС 2006 Понатамошна имплементација на стратегијата и Акциониот план за реформа на правосудниот систем

Период 2006-

6) Донатор Светска Банка

Име на проектот Правна и судска имплементација и помош на институции

Период 2006-2010

7) Донатор ЕК

Име на проектот КАРДС 2001 Техничка помош за поддршка на формирање на Институт за обука на правосудството (фаза 1)

Период 2004-2005

8) Донатор ЕК

Име на проектот ФАРЕ 2000 Техничка помош за реформа на судскиот систем и судска администрација (3 фази)

Период Завршен

Регионални проекти

1) Донатор ИФЦ (Меѓународна финансиска корпорација)

Име на проектот Алтернативно решавање на спорови -Медијација

Период 2005-2008

2) Донатор ЕК, Совет на Европа

Име на проектот КАРДС 2003 Регионален Проект - Воспоставување на независно сигурно и функционално судство,и унапредување на соработката меѓу судствата од западен Балкан

Период 2004-2007

3) Донатор СИДА

Име на проектот Регионален ПАКО-ИМПАКТ Имплементација на плановите за спречување на корупцијата во Југоисточна Европа

Период 2004-2006

 X.   АКТИВНОСТИ НА ДРЖАВНИОТ УПРАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

01-30.09.2006                              

Извршен беше инспекциски надзор по претставките барањата и иницијативите и други поднесоци од граѓани до Државниот управен инспекторат и тоа:

·       Државниот завод за геодетски работи-Сектор за премер и катастар Скопје;

·       Општина Илинден Скопје -Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на живитната средина-служба за извршување на управни акти донесени од овластениот градежен инспектор на општината;

·       Општина Студеничани Скопје-Сектор за финансии за донесување на решение за данок на промет на недвижност;

·       Општина Кисела Вода Скопје- Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на живитната средина-служба за извршување на упавни акти донесени од овластениот градежен инспектор на општината;

·       Министерство за финансии-Комисија за одлучување по барањата за денационализација за општина Гази Баба Скопје за донесување на решение по две барања за денационализација

01-31.10.2006

По овластување од Министерот за правда изврши надзор во работењето на судовите за 2006 година и тоа во:

·       Апелационите судови во Скопје;Битола и Штип;

·       Основните судови во Радовиш; Прилеп; Гостивар;Крива Паланка

·       Основен суд Скопје II-Скопје во поглед на примената на одредбите од Судскиот деловник

01-30.11.2006

По овластување на министерот  извршен е увид во:

·       работењето на Врховниот суд на Република Македонија за 2006 година во поглед на примената на одредбите од Судскиот деловник

·       во Министерството за финансии-Комисиите за одлучување по барањата за денационализација за општините Кисела Вода,Гази Баба,Центар,Карпош и Чаир Скопје во Владата на Република Македонија-Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализацијата

·       Државниот управен инспекторат како орган во состав на Министерството изготви Информација за работата на органите на државната управа кои одлучуваат во првостепената и второстепената управна постапка од областа на денационализацијата од почетокот на примената на Законот за денационализација( од Март 2000година) до Ноември 2006година-која е во тек на подготовка.

·       За извршените инспекциски надзори во органите на државната управа      се изготвени се записници со утврдената состојба во работењето  а отстранување на недостатоците е наредено со решенија со рокови за нивно отстранување. За извршените увиди во работењето на Судовите во Репубиката во поглед а примената на одредбите од Судскиот деловник се  изготвени записници со утврдената состојба во работењето и истите се доставени до претседателите на Судовите во определен рок да го усогласат работењето со одредбите од Судскиот деловник , а за превземените мерки да го известат Министерството за правда.

     XI.  АКТИВНОСТИ  НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ

18.09.2006

КАРДС-2006-евалуација на избор на фирма која ќе врши консултантски услуги за проценка во КПД-Идризово; Затвор Штип и Отворено Одделение во Прилеп

Избрана е фирмата Јакобс ГИББ. Лицата ангажирани од фирмата ги посетуваат  наведените установи со цел разгледување на можностите за инвестирање, согласно предложениот извештај на експерт ангажиран од страна на Совет на Европа. По извршената проценка и даденото мислење на консултантите ќе се направат проекти за конкретни капитални инвестиции кои потоа ќе треба да се реализираат од страна на Европската агенција за реконструкција

Врз основа на распишан  тендер од нивна страна

7.11.2006

Евалуација на грантот за помош во реформите на затворскиот систем во РМ во делот на обука на вработените во КПУ-ВПУ

Се евалуира грантот, кој содржи: тренинг за вработените во затворите; развој на програми за работно ангажирање, едукација, социјални програми, како и советување и подршка на осудените лица пред да се ослободат; Подобрување на состојбата со здравствената грижа со ставање посебен акцент на третманот на зависници од дрога; Експертиза на Законот за извршување на санкциите од стр.на експерти од Совет на Европа и доставување на можни амандмани

ЗАКЛУЧОК: -Извршена обука на кадри за вршење на секојдневните активности

-Развој на програми за едукација, ранотно ангажирање социјални програми

-Обучен медицински персонал во делот на Зависноста на дрога

-Подобрување на здравствената грижна на осудените лица

-Ќе се изврши експертиза на Законот за извршување на санкциите.

6.10.2006

Поднесено барање за издавање на решение за локациски услови за градба до Мин.за транспорт и врски. (Доказ за сопственост-Имотен лист; Елаборат за нумерички податоци; Идеен проект.

Со адаптација,надградба и изградба на Затвор Куманово во с.Кшање на к.п.1545 во к.о. Куманово ќе се намали постоечката пренатрупаност во КПУ во РМ

1.11.2006

-   Отворен повик за адаптација, надградба на Затвор Куманово

-   Отворен повик за набавка на трафостаница-Затвор Куманово

-   Отворен повик за набавка на надзор на изведба за Затвор Куманово

За потребите за адаптација и надградба на Затворот во Куманово, согласно Законските одреби се објавија Отворени повици во Службен весник на РМ

ЗАКЛУЧОК: -Адаптацијата и надградбата  на Затвор Куманово ќе се одвива во 2007 година

Октомври / Ноември 2006

Согласно Законот за извршување на санкциите изготвени  се (седум)  7 подзаконски акти

·    За вооружувањето начинот на вршењето на работите и посебната опрема на припадниците на Секторот за обезбедување во КПУ и ВПУ

·    За униформата, симболите и ознаките на звањата на припадниците на Сек. За обезбедување во КПУ_ВПУ

·    Упатство за определување на

·    видовите и начините на третман на осудените лица

·    Правилник за времето што треба да го помине и условите што треба да ги исполни осуд.лице во установа од определен вид

·    Правилник за утврдување критериуми за предвремено отпуштање на осудено лице пред истек на казна

·    Програма за утврдување на психофизичката способност на лицата кои се примаат за врќење на работи во Сект. За обез. воКПУ-ВПУ

·    Упатство за условите и начинот на употреба на средствата за присилба од страна на припадниците на Сек.за обез.воКПУ-ВПУ

·    Правилник за определување на надоместокот и наградата за работа на осудените лица   кои без своја вина не работат

Донесени се спроведбени подзакоски акти за имлементација на Законот за извршување на санкциите

Септември / Октомври / Ноември

Учество во работна група за изработка на Националната стратегија за дрога на РМ

Изготвување на предлог Национална стратегија за дроги на Република Македонија 2006-2012 со цел:

·    создавање рамка за мерки и активности насочени кон контрола на дрогите, и обезбедување кординација на сите актери кои ќе учествуваат во нивна реализација

·    кординација на национално и меѓународно ниво

·    намалување на побарувачката

·    намалување на снабдувањето и борба

·    против недозволената трговија

·    Проценка, надгледување, информации, обука

·    Меѓународна соработка

4.11.2006

Учество во Управниот одбор на проектот за техничка помош за имлементација на ИТ- база на закони и други податоци за мрежно поврзување на правосудните органи

Создавање на база на податоци за софтвер од областа на извршувањето на санкциите заради унапредување, реформа и мрежно поврзување на правосудните органи и водење на единствена и воедначена евиденција на податоците

14.11.2006

Затвор Штип состанок за подготвување и селектирање на досија на осудени лица кои издржуваат казна затвор за групно помилување по повод новата 2007 година за  Затвор Штип со Отвореното одделение во Струмица и Затвор Гевгелија   

Извршен е увид во списоците на осудени лица кои издржуваат затворска казна и врз основа на поведнието издржаниот дел од казната и кривичното дело давани се предлози за групно помилување на одредени осудени лица од страна на споменатите Установи за да се постигне:

·    Мотивираност на осудените лица со своето поведение  и однос во средината да добијат акт на милост од државата

·    Зајакнување на вербата во институциите кај осудените лица, како акт на помилување на државата кон нив

16.11.2006

Затвор Тетово состанок за подготвување и селектирање на досија на осудени лица кои издржуваат казна затвор за групно помилување по повод новата 2007 година за  Затвор Тетово и Затвор Скопје со Отвореното одделение во Крива Паланка

Извршен е увид во списоците на осудени лица кои издржуваат затворска казна и врз основа на поведнието издржаниот дел од казната и кривичното дело давани се предлози за групно помилување на одредени осудени лица од страна на споменатите Установи за да се постигне:

·    Мотивираност на осудените лица со своето поведение  и однос во средината да добијат акт на милост од државата

·    Зајакнување на вербата во институциите кај осудените лица, како акт на помилување на државата кон нив

17.11.2006

КПД-Идризово состанок за подготвување и селектирање на досија на осудени лица кои издржуваат казна затвор за групно помилување по повод новата 2007 година.

Извршен е увид во списоците на осудени лица кои издржуваат затворска казна и врз основа на поведнието издржаниот дел од казната и кривичното дело давани се предлози за групно помилување на одредени осудени лица од страна на споменатите Установи за да се постигне:

·    Мотивираност на осудените лица со своето поведение  и однос во средината да добијат акт на милост од државата

·    Зајакнување на вербата во институциите кај осудените лица, како акт на помилување на државата кон нив

10.10.2006

Посета на Затвор Гевгелија, Основно јавно обвинителство, Основен суд Гевгелија

Извршен е целосен увид во состојбата на Затворот, човечките ресурси и материјално техничката опрема и оценета е потребата од:

·    вработување на 12 лица во Секторот за обезбедување

·    вработување на лекар и медицинска сестра

·    врботување на 1 лице во Секторот за ресоцијализација

·    Набавка на 10 видео камери, за зајакнување на системот (камери)

17.10.2006

Посета на Затвор Битола, Основен суд Битола, Апелационен суд Битола, Основно јавно обвинителство Битола, Вишо јавно Обвинителство

Извршен е целосен увид  во состојбата на Затворот, човечките ресурси и материјално техничката опрема заради:

·    реконструкција на притвореничките простории

·    набавка на 10  видео камери,за зајакнување на постоечкиот систем

20.10.2006

КПД-од отворен вид Струга, Затвор Охрид, Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основно јавно обвинителство Струга

Извршен е целосен увид во состојбата на КПД од отворен вид Струга и Затворот во Охрид, човечките ресурси и материјално техничката опрема. Оценети се потребите од:

·    Реконструкција на парното греење во КПД-Струга

·    Градба на надворешен ограден ѕид во КПД-Струга

·    Набавка на 2 видео камери КПД Струга

·    Вработување на 4 надзорници во Секторот за обезбедување

·    Вработување на 1 лице во Секторот за ресоцијализација

·    Вработување 1 лице во Стопанско инструкторска служба

·    Вработување 1 лице  сметководител

·    Вработување на лекар и медицинска сестра во Затвор Охрид

·    Вработување на 6 лица во Секторот за обезбедување кој се моментално по договор на дело  Затвор Охрид

·    Вработување на лекар и медицинска сестра во КПД-Струга

24.10.2006

Посета на Затвор Штип и Отвореното одделение во Струмица

Извршен е целосен увид  во состојбата на Затворот и Отвореното одделение, човечките ресурси и материјално техничката опрема. Оценети се потреби од:

·    Материјално техничка опрема, видео камери, детектори и сл.

·    Реконструкција или набавка на нов котел за парно греење и казани за истото во Затвор Штип

·    Вработување на 10 лица во Секторот за обезбедување во Затвор Штип и 4 лица во Отвореното одделени9е во Струмица

·    Вработување на лекар и медицинска сестра во Затвор Штип и Отвореното одделение во Струмица

·    Вработување на 2 лица во Секторот за ресоцијализација во Затворот Штип и 1 лице во Отвореното одделение во Струмица

25.10.2006

Посета на Затвор Тетово, Основен суд Тетово, Основно јавно обвинителство Тетово

Извршен  е целосен увид  во состојбата на Затворот, човечките ресурси и материјално техничката опрема. Оценети се потреби од:

·    Материјално техничка опрема, видео камери, детектори, оруже и сл.

·    Вработување на 9 лица во Секторот за обезбедување од кои 2 жени

·    Вработување на лекар и медицинска сестра

·    Вработување на 1 лице во Секторот за ресоцијализација

·    Вработување на 2 лице во Стопанско инструкторска служба

27.10.2006

Посета на Отвореното одделение на Затвор Битола во Прилеп, Основен суд Прилеп, Основно јавно обвинителство Прилеп

Извршен  е целосен увид  во состојбата на отвореното одделение Прилеп на  Затвор Битола, човечките ресурси и материјално техничката опрема. Оценети се потреби од:

·    Доизградба на оградниот ѕид на Отвореното одделение

·    Реконструкција на парното греење

·    Уредување на санитарниот чвор

·    Вработување на 15 лица во Секторот за обезбедување.

·    Вработување на лекар и медицинска сестра

·    Вработување на 1 лице во Секторот за ресоцијализација

30.10.2006

Посета на Затвор Скопје

Извршен е целосен увид  во состојбата на Затвор Скопје човечките ресурси и материјално техничката опрема. Оценети се потреби од:

·    Материјално техничка опрема,  20 видео камери, скнер за  детекција на пакети, агрегат, 2 котла за парно греење, стоматолошки стол

·    2 комбиња за спровод на притворени и осудени лица

·    Вработување на 1 лице во Секторот за ресоцијализација

·    Вработување на 1 лице стоматолог

·    Лабараторија за крвни анализи

·    ЕКГ апарат

·    Вработување на 10 лица во Секторот за обезбедување

·    Реновирање на просториите за притворени и осудени лица.

31.10.2006

Посета на КПД- Идризово

Извршен е целосен увид  во состојбата на КПД-Идризово човечките ресурси и материјално техничката опрема. Од увидот во состојбата се оценува потребата од превземање на значителни мерки и дополнителни материјални средства заради опремување, набавки, адаптација и реновирање и други потреби на затворот и тоа:

·    Материјално техничко обезбедување

·    рефлекторско осветлување

·    видео камери минимум 30

·    центар за видео надзор

·    палки, батерии лисици

·    5-10 возила за спровод на осудени лица

·    ренген детектор

·    Вработување на 30 лица во Секторот за обезбедување

·    Вработување на 16 лица  во Здравствениот сектор

·    ренген апарат

·    стоматолошки стол – 2

·    лабараторија за крвна анализа, урина

·    вработување на 2 готвача

·    дислокација на пекарата, пералната и котларата

·    нова котлара за централно греење

·    реновирање, санација и адаптација на третото крило на Затвореното     одделение

·    целосна реконструкција на Отвореното одделение

·    ограден ѕид околу женско одделение

2.11.2006

Отворено Одделение во Крива Паланка на Затвор Скопје

Извршен  е целосен увид  во состојбата на отвореното одделение Крива Паланка на  Затвор Скопје, човечките ресурси и материјално техничката опрема.  Оценета е потреба од:

·    Материјална техничка опрема, 5 -10 камери,  рачни детектори

·    Кујнска опрема комплет

·    Ограден ѕид  и ограда околу зградата

·    1 трактор

·    1 возило пик ап

·    Вработување на лекар и медицинска сестра

·    Вработување на 1 лице во Секторот за ресозијализација

·    Вработување на 2 лица во Секторот за обезбедување

2.11.2006

Отворено одделение Велес на КПД-Идризово

Извршен  е целосен увид  во состојбата на отвореното одделение Велес на  КПД-Идризово, човечките ресурси и материјално техничката опрема. Потребно е:

·    Приклучување на Установата на градскиот водовод – 1 км.

·    Вработување на лекар и медицинска сестра

24.11.2006

Изготвена Анализа на состојбите во Управата за извршување на санкциите и во казнено-поправните и воспитно-попранните установи

По увидите во сите КПУ и ВПД Тетово, направен е аналитички приказ на состојбите преку материјалните и сместувачките услови, пополнетоста на капацитетите како и на систематизираните места и кадровската екипираност во овие установи. Се предлага Владата да ја разгледа Анализата и да ги усвои предложените мерки со нивните фискални импликации, со цел да се надминат неповолните состојби во кои се наоѓаат КПУ и ВПД Тетово. Се оценува потребата Анализата да биде разгледана и од Собраниетот на РМ.

 

  XII.    ЗАКЛУЧОК

Во работата на Министерството за правда во првите 100 дена се преземени значителни мерки и дејствија насочени пред се кон имплементацијата на законите кои овозможуваат реформи во судскиот систем, како и надоградување на правната рамка во областа на судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство, извршувањето на пресудите и другите одлуки, вршењето на нотарските работи и особено на планот на јакнењето на ефикасноста, независноста и создавањето на основните претпоставки за успешна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Министерството за правда и во наредниот период ќе презема потребни мерки на планот на спроведување на судските мерки, надзор на примената на законите, јакнењето на одговорноста во врска со примена на законите и натамошната надоградба на правните норми од оваа област.