Рената Тренеска Дескоска ја презеде должноста министер за правда од досегашниот министер Саљији

04.06.2018 Новости-М

Дoсегашниот министер за правда г-дин Билен Саљији, денеска ја предаде должноста на новоименуваната министерка за правда, проф. д-р Рената Дескоска.

 

Поранешниот министер, г-динот Саљији, честитајќи и го изборот на новата функција и посака многу успех и среќа во работата, како и успешна имплементација на проектите во ресорот.

Новоименуваната министерката за правда, проф. д-р Рената Тренеска Дескоска се заблагодари  на досегашниот ангажман на г-динот Саљији, за спроведувањето на владината програма за реформи во судството и останатите области под ресорот правда.

 

Дескоска изјави дека првенствено ќе биде посветена на два фронта во Министерството за правда. “Eдното е подобрување на состојбата на граѓаните со остварувањето на нивните права, каде што спаѓаат поголем спектар на права, но еден од првите приоритети ќе биде измена на Законот за извршување со цел да се овозможи поправеден систем со помали трошоци за граѓаните во постапките со извршителите“, кое како што изјави Дескоска е опфатено во владината програма. 

 

-Првенствено целта е да се намалат трошоците на граѓаните. Видовме во пракса дека некогаш за мали долгови, со извршителските трошоци долгот се зголемува многу и станува збор за непропорцијално оптеретување на граѓаните. Целта е да создадеме законска основа за намалување на трошоците на извршние постапки. Секако и социјалните примања и приходите кои се неопходни за одредена категорија граѓани не треба да бидат допрени, - изјави Дескоска.

 

Вториот дел или фронт, на кој што ќе биде насочена министерката за правда Дескоска, ќе бидат реформите во судството.

 

Таа најави дека во однос на реформите во ресорот, во наредниот период  ќе следат преговори за претстојните законски измени за кои е потребно двотретинско мнозинство за нивно изменување, но и најави дека за сите законски измени ќе цели кон широка поддршка во Собранието, пред се поради изразување на консензус и волја за овозможување правна основа за независност на судството.  

 

Новата министерка за правда им порача на сите граѓани кои имаат постапки пред судовите, без разлика дали се наоѓаат во улога на обвинети или странки во одредени постапки, дека времето на тефтерчиња и судии од тефтерчиња заврши, одговарајќи на поставеното прашање за отвореното писмо на г-ѓата Јанкуловска.


 - Мојата заложба ќе биде судството да го направиме независно и немам намера да се мешам ниту да диктирам како да се водат  постапки во судовите, ниту пак какви судски одлуки да се носат, истакна Дескоска.


- Секој граѓанин, без разлика во која улога бил или се наоѓа, треба да биде свесен дека судството е независно од извршната власт, и извршната власт нема право ниту да се меша, ниту да укажува како да се водат одредени судски постапки, а уште помалку какви да бидат судските одлуки во постапката. Таа дополни дека како професор на факултет, коментирањето судски одлуки можела да си го дозволи, но како министер за правда, судските пресуди нема да може да ги коментира.

 

Новата министерка за правда, Рената Тренеска Дескоска која дојде од ресорот образование, е професорка на Правниот ФакултетЈустинијан Први при УниверзитетотСв. Кирил и Методиј во Скопје, а има искуство како пратеник, потпретседател на Собранието на Република Македонија и шеф на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното Собрание на ОБСЕ.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости