Побрзо и полесно до административна правда

11.06.2018 Новости-М

Создавањето на поефективни и поефикасни административни постапки за граѓаните е цел на третата оценска мисија поддржана од Европската Унија како дел од поддршката за Владата на Република Македонија во спроведувањето на реформските заложби се одржа денеска.

Министерката Дескоска се заблагодари за поддршката што Владата на Република Македонија ја добива во спроведувањето на реформските заложби и истакна дека постои голем простор административните постапки да се одвиваат побрзо и поефикасно за граѓаните да дојдат побрзо и полесно до административна правда.

Целта на мисијата е да ја процени ефикасноста и ефективноста на системот на административната правда во државата, односно да го анализира системот за решавање на управните спорови во јавната администрација на централно и локално нив, како и работата на судиите на Управниот суд и системот на жалби преку Вишиот управен суд.

Од експертите кои учествуваат во мисијата, се очекува да дадат  совети и препораки за сите овие области за кои би можеле да го засноваат развојот и спроведувањето на политиките, во делот на  планираните измени на Законот за управни спорови кои треба да се усвојат во месец септември 2018 година.

На состанокот,  покрај експертите од мисијата, присуствуваше вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски со што беше истакната заложба за координиран меѓуресорски пристап заради овозможување поквалитетни, поефикасни и поедноставни услуги за граѓаните.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<септември 2018>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
Архива на новости