ОБУКА за Кодекс за однесување на службените лица во извршувањето на работните задачи во казнено-поправните и воспитно-поправните установи

14.06.2018 УИС

 

Во рамките на Проектот “Јакнење на правата на осудените лица” на Советот на Европа и согласно Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем на Република Македонија (2015-2019) беше предвидено донесување на нов Кодекс за однесување на службените лица во извршувањето на работните задачи во казнено-поправните и воспитно-поправните установи. Кодексот за однесување е донесен во соработка на Советот на Европа и Управата за извршување на санкциите и истиот е објавен во Службен весник на Република Македонија бр.30 од 15 февруари 2018 година. Кодексот за однесување на службените лица во извршувањето на работните задачи во казнено-поправните и воспитно-поправните установи е изработен во согласност со Европскиот етички кодекс на затворскиот персонал  и се однесува на сите вработените во казнено-поправните и воспитно-поправните установи.

 

Во рамките на овој Проект во периодот од 16 април до 16 мај 2018 година беа предвидени и реализирани 10 обуки на вработените во КПУ и ВПУ и тоа: пет обуки во Тренинг Центарот во КПД Идризово и тоа за вработените од КПД Идризово, Затвор Скопје и Затвор Куманово со Отворено Одделение Крива Паланка, една обука за вработените од Затвор Тетово и ВПД Тетово која се одржа во Тетово, една обука за вработените од Затвор Битола и Затвор Прилеп која се одржа во Битола, во Охрид се одржа обуката за вработените од Затвор Охрид и КПД од Отворен вид Струга, во Штип се одржа обуката за вработените од КПД Штип и во Гевгелија се одржа обуката за вработените од Затвор Гевгелија и Затвор Струмица.

 

Предавачи на обуките беа вработените од Управата за извршување на санкциите кои беа дел од работната група задолжена за изработка на Кодексот и тоа: Александра Анѓеловска, Маја Каталиниќ, Симон Јосифовски, Момчило Лазаревски и Мартин Раваноски.

На обуките присуствуваа вработените од секторот за ресоцијализација, припадниците на затворската полиција како и директорите на сите казнено-поправни и воспитно-поправни установи. Вкупно беа обучени 230 лица. Од страна на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, испечатени се 1000 примероци од Кодексот кои се поделени на сите вработени  во  казнено-поправните и воспитно-поправните установи.

 

 

Автор
Управа за извршување на санкции
02 3223 519
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости