Дескоска-Саити: Здружението на судии на Република Македонија ќе биде партнер во спроведувањето на реформите во правосудството

29.06.2018 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска оствари работна средба со претседателот на Здружението на судии на Република Македонија, д-р Џемаил Саити.

На средбата се разговараше за реформите во судството, подобрување на статусот на судиите и обезбедување независност на судството, реформирање на системот за оценување и евалуација на работата на судиите, и ефикасноста на судските постапки.

Министерката Дескоска изрази заложба за продолжување на соработката со Здружението на судии на Република Македонија и потенцираше дека партнерскиот однос ќе продолжи и во спроведувањето на реформите во правосудството.

 
Со почит,

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
Архива на новости