Министерката за правда Рената Дескоска од состанокот со членовите на Венецијанската комисија: Потребни се квалитетни, долгорочни законски решенија за воспоставување на независен, кредибилен и професионален судски систем

09.07.2018 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, придружена од заменик министерот Оливер Ристовски и претставници на министерството за правда одржаа работен состанок со четиричлена Делегација на Венецијанската комисија, која е во дводневна работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството.

 

Реформските процеси кои ги спроведува Министерството за правда за интеграција на Република Македонија во Европската Унија, беа тема на денешниот состанок  на кој поконкретно се разговараше за Законот за судови и Законот за Судскиот совет на Република Македонија. 

 

Првично министерката Дескоска им се заблагодари на членовите на Венецијанската комисија за нивната поддршка во напорите на Министерството за правда во создавањето законски решенија и правен систен кој е во согласност со европските стандарди и критериуми.

 

Министерката Дескоска потенцираше дека се потребни квалитетни, долгорочни законски решенија за воспоставување на независен, кредибилен и професионален судски систем во Република Македонија. Tаа дополни дека е потребен консензус и поддршка од опозицијата во законодавниот дом за ваквите законски измени кои се носат со двотретинско мнозинство, но потенцираше дека нема да отстапи од првичната цел – независно судство.

 

Во текот на дводневната посета на Република Македонија, Делегацијата на Венецијанската комисија ќе оствари средби и со претставници на Уставниот Суд, Врховниот Суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот Совет, Јавното обвинителство, претставници на Собранието на Република Македонија, како и со граѓанските организации.

 

Членови на Делегацијата на Венецијанската комисија која е во посета на Република Македонија се: г-дин Ричард Берет, кој доаѓа од Ирска, г-дин Цирил Рибичич, член од Словенија, г-дин Филип Димитров кој доаѓа како член на комисијата од Бугарија, и од Франција г-дин Григори Диков, кој е правен експерт од Оддел за човекови права и владеење на правото – Совет на Европа.

 


Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости