Дескоска се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих

19.07.2018 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска се сретна со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е. Томас Герберих придружуван од д-р Штефан Пирнер, раководител на проектот за Македонија при Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ).

 

На средбата стана збор за подготовките во Министерството за правда околу препораките кои Република Македонија треба да ги исполни во однос на почетокот на пристапните преговори со Европската Унија.

 

Итните реформи и препораките од Извештајот на Прибе беа во фокусот на денешната средба, и во таа насока министерката Дескоска потенцираше дека и во самиот Извештај е нотирано да се следат одредени контури на германскиот правосуден систем, а особено во делот на квалитативното оценување на судиите, за разлика од домашниот систем кој содржи бројни елементи за квантитативно оценување на судиите.

 

Роковите содржани во акциониот план од Стратегијата за реформи во правосудството не беа изоставени како тема на состанокот, и во таа насока министерката Дескоска истакна дека го задржува принципот на работа кој го имала во претходното министерство, и најави процес на консултации со сите засегнати страни за сите закони кои Министерството за правда ќе ги менува во наредниот период.

 

Министерката Дескоска се заблагодари на амбасадорот на СР Германија за понудената помош и безрезервната поддршка која неговата земја ја нуди и дава во процесот на евроинтеграција на нашата држава.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<август 2018>
повтсрчепесане
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости