Потпишан меморандум за подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството

07.09.2018 Новости-М

Денеска во Министерството за правда беше потпишан меморандум за соработка од страна на новоназначената амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Рејчел Галовеј, министерката за правда Рената Дескоска и претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова Зафриовска.

 

„Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Македонија“ е новиот предмет на соработка помеѓу страните потписници на проектот кој ќе се спроведува до крајот на март 2020 година.

 

Целта на оваа програма е подобрување на перцепцијата и довербата на јавноста во правосудниот систем пред се преку зголемувањето на транспарентноста на судовите, како и преку поддршка на реформите и зголемување на капацитетите на судството.

 

Toa ќе се одвива преку три компоненти од кои се очекува да спроведат објективна проценка на судските реформи во Македонија: Преку следење на напредокот на реформите во правосудството, зајакнување на правната сигурност и предвидливост преку подобрување на правната рамка и обуки за судиите за постојана примена на правото, и последната компонента која подразбира отворање на судскиот систем во смисла на зголемување на неговата транспарентноста и одговорноста кон јавноста и граѓанскиот сектор.

 

Имплементатор на овој проект ќе биде Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА).

 

 

 

Со почит,

 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Skopje
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости