Министерката Дескоска се сретна со Јан Петерсен – шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

10.09.2018 Новости-М

Министерската за правда г-а Рената Дескоска оствари средба со г. Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Скопје, која во моментот спроведува набљудувачка мисија за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30ти септември оваа година.

Министерката Дескоска потенцираше дека исходот од претстојниот референдум ќе биде исклучително значаен за иднината и развојот на Република Македонија. Од тој аспект присуството на набљудувачката мисија и спроведувањето на нејзините активности ќе биде од особена важност и истото ќе ја спречи можноста резултатите да бидат оспорувани од било кој од чинителите.

                Интересот на претставниците на мисијата се движеше во насока на информирање за постоечкиот Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, со кој се уредува начинот и постапката за спроведување на референдумот.

 Министерката за правда посочи дека соодветната примена на законите кои го регулираат ова прашање нема да остави простор за сомнеж на спроведувањето на референдумот на 30-ти септември, а дека се надева дека истото ќе биде оправдано од страна на државните институции, а констатирано и легитимирано од страна на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во државата, како и другите набљудувачи на процесот.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости