Дескоска од формирањето на Судско-медиумскиот совет: Само со учество на јавноста се обезбедува легитимноста на судската одлука

21.09.2018 Новости-М

 

На денешната промоција, министерката за правда Рената Дескоска го поздрави формирањето на  Судско-медиумски совет кој на повисоки основи треба да ја подигне соработката на судството со новинарската фела, од аспект на зголемување на транспарентното работење на судовите и објективното новинарско известување.

 

Дескоска истакна дека изминатите години јавноста сведочела на честите злоупотреби на медиумите од страна на извршната власт преку објавување на снимки од притварања и судски приведувања на лица, целосно погазувајќи го начелото за презумција на невиност.

 

-Овој судско-медиумски совет со својата работа треба да ја зајакне довербата меѓу овие две фели и да овозможи правилно и објективно информирање за судските процеси од интерес на јавноста, без при тоа да се нарушуваат основните човекови права на учесниците во постапките, истакна Дескоска.

 

Министерката потенцираше дека транспарентното и јавно работење на државните органи ја одразува положбата на државните органи во едно демократско општество, а оние кои вршат било каква власт не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат.

 

Според Дескоска, таквата работа на органите на државната власт ќе допринесе за унапредување на општото знаење и разбирање на граѓаните за организацијата на државата и општеството. Министерката Дескоска дополни дека само на овој начин може да се зајакне довербата на граѓаните во власта и нејзината работа, на тој начин што ќе се оствари и контрола над работата на органите на власт и ќе бидат санкционирани девијантните однесувања, во согласност со механизмите предвидени во едно демократско општество.

 

-Ова начело се однесува и на судовите кои се основани како државни органи и се носители на судската власт во државата. Јавноста во судската постапка е една од фундаменталните уставни претпоставки која го обезбедува правото на правично судење – потенцираше Дескоска.

 

Според Уставот на Република Македонија, расправата пред судовите и изрекувањето на пресудата се јавни. Во судските постапки начелото на јавност преставува своевиден контролен механизам и тоа надворешен преку учество на јавноста во текот на постапката и внатрешниот механизам односно преку правните лекови до повисоките судски инстанци кој ја проверуваат законитоста на судската одлука.

 

Дескоска потенцираше дека учество на јавноста обезбедува легитимност на судската одлука, а на тој начин и се гради довербата во работата на судовите. 

 

Во правната теорија, под принципот „јавност“ се подразбира општа јавност и јавност на учесници во постапката. Општата јавност подразбира однапред неопределен круг на лица кои не се учесници во постапката, а на кои треба да им се обезбеди да ја следат истата без при тоа да докажуваат постоење на свој правен интерес. Таквата јавност секако вклучува и право на тие лица да своите сознанија и впечатоци за работата на судот ги пренесат на други лица вклучувајќи ги тука и медиумите, можат да завземаат критички став за работата на судот и другите учесници во постапката но не смеат да се мешаат во самата постапка, и никако не смеат да го повредуваат принципот на судска и процесна автономија како и интересот на самата постапка. Границите и рамнотежата на овие два интереса е нужно да биде предмет на интерес на овој Судско-медиумски совет, кој со својата работа меѓудругото треба да помогне и за јакнење на довербата во судството.

 

Судовите во Република Македонија се основани како државни органи пред кои се заштитуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите субјекти во државата.

 

Воедно, кога тие одлучуваат за граѓанските права и обврски како и за кривичната одговорност се должни да обезбедат право на правично и јавно судење во разумен рок.

 

Министерството за правда во последните измени на Законот за судовите и на Законот за судски совет, кои беа донесени од Собранието на Република Македонија, се раководеше, меѓу останатото, и од овие постулати, воведувајќи притоа поголема транспарентност во работењето на Сускиот совет.

 

Имено, обврската  за јавност на седниците на Судскиот совет беше занемарена и исклучокот за тајност на седниците се воведе како правило. Со последните измени на Законот за судскиот совет на Република Македонија овој недостаток е надминат со законското решение за јавно образложување на причините за исклучување на јавноста од седницата на Советот.

 

Исто така предвидени се и низа одредби со кои се задолжува Судскиот совет јавно да ги објавува одлуките на својата веб-страница.

 

Министерството за правда во својата законодавна надлежност ќе продолжи со јакнењето на транспарентното работење на правосудните органи заради зајакнување на довербата на граѓаните во овој сектор и враќање на принципот на владеење на правото, на нашиот зацртан пат кон НАТО и Евроатланските структури.

 


Со почит,

 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2018>
повтсрчепесане
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
Архива на новости