Јавна расправа за Законот за спречување на корупција и судир на интереси

24.09.2018 Новости-М

На денешната јавна расправа организирана од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Министерството за правда, претставници на граѓанските организации, политички партии, државните институции, експертската и академската заедница имаа можност јавно да ги искажат своите ставови и мислења поврзани со нацрт-текстот на новиот Закон за спречување на корупција и судир на интереси.

Министерката за права Рената Дескоска ги презентираше новините во законот, кои веќе надминуваат повеќе од третина од оригиналниот законски текст, што согласно нашите законодавни правила наметнува потреба од носење на интегрално нов текст.

Почетна точка во предлагањето на овие решенија се препораките коишто произлегуваат од неколку релевантни меѓународни организации и експертски групи, но секако и потребите коишто произлегоа од негативните пракси во Република Македонија. Кога зборуваме за препораките, инкорпорирани се препораките на ГРЕКО, Европската комисија, Извештајот на ПРИБЕ, исто така реферираат на одредени препораки на извештаите на ОДИХР коишто се однесуваат на делот на финансирање на изборните кампања односно злоупотреба на буџетски средства во период на избори.

Препораката на Европската комисија се однесува на создавање услови со кои ќе се обезбеди непристрасен и транспарентен процес на избор на членови на ДКСК, како и критериуми коишто ќе овозможат деполитизација на оваа функција.

Како критериуми и начин на избор на ДКСК, во овој законски текст, дадени се две алтернативи. Во делот којшто се однесува за услови за именување на претседател и членови на комисијата, има две алтернативи со тоа што заедничко за двете алтернативи е забраната за политизација на кандидатите за овие функции во последните 10 години, а тој критериум се повторува во двете алтернативи. Разликите можат да бидат забележани во делот на бараните години на работно искуство и она што значи искуство во спречувањето или откривање на корупција.

Вториот дел којшто се однесува на постапката за избор на членови на претседател е исто така даден со алтернативи. Едната алтернатива, овозможува транспарентна постапка за избор на членови на ДКСК во постапката во рамките на Собранието, кадешто здруженијата на новинари и невладините организации ќе можат да номинираат свои претставници коишто ќе учествуваат во интервјуто на кандидатите и на кандидатот за претседател во рамките на Собранието со цел се овозможи транспарентност на постапката.

Втората алтернатива е со формирање на претходна комисија за селекција на кандидатите којашто е составена со претставници од различни институции, а како потенцијален проблем се јавува дефинирањето на кругот на претставници кои би учествувале во оваа постапка, поради недостатокот на детално дефинирани критериуми, или пак во случаи кога институциите не се функционални со што се попречува номинацијата или учеството на претставникот во постапката.

Делот којшто се однесува на надлежностите на ДКСК е практично зајакнување на надлежностите во комуникацијата со другите органи, кои сега ќе имаа прецизни рокови и обврски да одговорат на барањата на ДКСК, но и да ги информираат во случај кога постапките не се завршени.

Се овозможува и пристап до банкарските сметки, кој ќе биде дополнет со ефикасни механизми за стимулирање на соработка со ДКСК - прекршочни одредби со цел казнување на оние институции, вклучувајќи ги и банките, во случај да не одговарат на барањата на ДКСК.

Зголемените надлежности на новата ДКСК ќе бидат проследени со зголемено финансирање за активностите на ДКСК – самата антикорупциска ќе го предлага буџетот, кој посебно се гласа во Собранието, со што ќе се зголеми и финансиската независност на ДКСК.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2018>
повтсрчепесане
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
Архива на новости