Министерката за правда Рената Дескоска се обрати на отворањето на дводневниот скрининг за Поглавјето 23 во Берлејмонт

27.09.2018 Новости-М

Денеска формално започна објаснувачкиот скрининг за Македонија и Албанија, како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија. Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и главен политички преговарач и Шеф на Делегацијата за преговори со Европската унија д-р Бујар Османи, министерката за правда Рената Дескоска и посебниот советник за евроатлантски интеграции на претседателот на Владата на Република Македонија и главен технички преговарач и шеф на техничкиот преговарачки тим м-р Бојан Маричиќ ја предводат владино - државната делегација, составена од 40 експерти, на која Европската комисија ќе и го презентира Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права.

Министерката за правда Рената Дескоска имаше свое излагање при официјалното отворање на состанокот.

Министерката Дескоска, рече дека делегацијата е подготвена да ги вложи напорите во процесот на скрининг, а потоа во процес на преговори, бидејќи овие напори се инвестиција во мир, просперитет, стабилност и безбедност, како инвестиција во развојот на демократијата и заштита на човековите права, инвестиција во безбедна и просперитетна иднина на Македонија.

„Почитувањето на човековите права, независното судство, владеењето на правото и демократијата не се само барања што треба да се исполнат при пристапувањето во ЕУ. Тие се, исто така, стратешките цели на Владата на Република Македонија. Тие се наши цврсти и недвосмислени цели. И ова беше потврдено во нашата Владина програма и во Плановите за реформи, План 369 и План 18.“

Дескоска потенцираше дека владеењето на правото не значи само усвојување на законодавство во согласност со ЕУ, туку и негова конзистентна имплементација на одржливи решенија.

„Нема да оставиме простор за сомнеж во политичка волја за реформите, за борба против корупцијата и криминалот, за заштита на човековите права, за зајакнување на независноста на судството, за замена на владеењето на човекот со владеењето на правото.“

Министерката Дескоска смета дека скринингот ќе помогне да се создаде нова реформска динамика која ќе ја унапреди консолидацијата на Македонија како стабилна, модерна демократија, која ги поддржува и го зајакнува владеењето на правото и целосно ги опфаќа европските вредности.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2018>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости