Јавната дебата ќе придонесе да имаме подобар Закон

03.10.2018 Новости-М

Дебатата околу нацрт-текстот на предлогот на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси продолжи на денешната трибина со политичките партии во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Транспарентност Македонија – Скопје.

Министерката за правда Рената Дескоска кусо се осврна на Предлогот на Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси. Таа при тоа додаде дека во изминатиов период во Министерството за правда пристигнале одредени коментари кои ќе го подобрат законскиот текст, оценувајќи дека во моментов е понуден задоволителен законски текст, кој секако ќе биде  дополнет и подобрен со добиените коментари и препораките од различни меѓународни извештаи. Министерката Дескоска, исто така,  информира дека во моментов во Македонија е техничката мисија на ГРЕКО која врши сондирање на законската рамка и одредени подзаконски акти коишто се однесуваат на оваа област.

Организаторот на дебата изрази жалење што јавноста нема да има можност да ги чуе мислењата и предлозите на претставниците на опозицијата поради тоа што тие не присуствуваа на истата.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

 

 

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2018>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости