УИС: При претресот во Идризово беа одземени шест мобилни телефони

31.10.2018 УИС

 

На 29.10.2018 година, околу 22 часот, по наредба на Директорот на КПУ Идризово беше извршен претрес спроведен од страна на затворските службеници.

 

Претресот следеше откако беше утврдено дека осудените нелегално поседувале мобилни телефони во затворот, и ниту една друга причина не беше повод за извршениот претрес.

 

Дел осудените лица, со цел да го спречат претресот предизвикаа пожар во една од ќелиите, додека пак други осудени лица предизвикаа намерна материјална штета при што дојде до истекување на поголема количина на вода. 

 

По завршувањето на овие настани, ситуацијата беше ставена под контрола на затворските службеници, а претресот продолжи и во сите останати ќелии. За време на претресот беа одземени вкупно шест мобилни телефони. Напоменуваме дека, осудените лица немаат право да поседуваат мобилни телефони, а од страна на затворот се обезбедува  телефон и контакт со блиските.

 

Со оглед на високиот ризик на осудените лица сместени во ова одделение, претресот беше извршен  успешно. 

 

Со почит,

Управа за извршување на санкциите

 

 


 

 

 

Автор
Управа за извршување на санкции
02 3223 519
Скопје
<ноември 2018>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости