Предизвик за Законот за Судски совет и Законот за судови: да се дефинираат основите за одговорност кај судиите

08.11.2018 Новости-М

„Расправа за предлог-измените во Законот за судовите и Законот за Судкиот совет“ беше темата на денешната конференција на која учествуваше министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, а на која присустваа и претседателот на Здружението на судии, судијата Џемаил Саити, како и г. Клеменс Која - амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во чија организација е и овој настан.

 

Министерката Дескоска истакна дека по добивањето на Мислењето на Венецијанската комисија, законите се веќе ажурирани во насока на подобрување на законската рамка за судовите и Судскиот совет.

 

Според министерката Дескоска, измените во овие законите треба да ги имаат предвид и да ги адресираат постојните предизвици и прашања со коишто се соочува судството.

 

-Она што е главна мотивација и посебен предизвик во Република Македонија, имајќи ги предвид проблемите со кои се соочува судството во Република Македонија е прашањето како да воспоставиме систем со гаранции за независност на судството, но воедно да постои систем на одговорност на судиите – потенцираше Дескоска.

 

-Предизвик е попрецизно да се дефинираат основите за одговорност кај судиите, да се воспостави систем во којшто единствена основа за нивната работа ќе биде Уставот, законите и меѓународните конвеции, но исто така како да се воспостави систем на одговорност којшто нема да дозволи мешање или злоупотреба на политика во постапките за одговорност на судиите, систем којшто ќе спречи корпоративизам во рамките на судството,влијание на економски и други лоби групи, или затскривање на судиите коишто не работат во согласност со закон и етичките критериуми во рамките на судството зад принципот на независност – истакна министерката Дескоска.

 

Прашањето околу одговорноста на членовите на Судскиот совет во случај на нивно постапување спротивно на уставните принципи на независност на судството, како и спротивно на законските принципи на независност и избор на квалитетни судии коишто ќе влегуваат во судскиот систем и нивното напредување, е прашање кое според министерката Дескоска се очекува да биде наскоро затворено.  


Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<ноември 2018>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
Архива на новости