Јавен оглас за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

19.12.2018 Новости

 Врз основа на член 4 од Европската конвенција за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување, Комисијата за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

ОБЈАВУВА

ЈАВЕН ОГЛАС

за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

 

 

Секој од заинтересираните кандидати треба да ги исполнува следните услови:

– да е државјанин на Република Македонија,

– да има завршено правен, медицински или филозофски факултет (отсек-психологија, социологија, или социјална работа и политика),

– да има најмалку 5 (пет) години искуство во вршење на работи во областа на правото, заштитата на човековите права, а особено во пенитенцијарниот систем, судската медицина, социјалната медицина или психијатријата,

– да не му е изречена не е изречена санкција - забрана за вршење  на професија, дејност или должност  и

– активно да го владее францускиот или англискиот јазик.

Заинтересираните кандидати кои поднесуваат барање за избор на член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување треба да ги достават следните документи :

– уверение за државјанство

– доказ за завршено високо образование – правен, медицински или филозофски факултет (отсек-психологија, социологија, или социјална работа и политика)

– доказ за положен специјалистички испит по судска медицина, психијатрија или социјална медицина (за кандидатите кои имаат завршено Медицински факултет)

– потврда за најмалку (5) пет години искуство во вршење на работи во областа на заштитата на човековите права, а особено во пенитенцијарниот систем, судската медицина, психијатријата или социјалната медицина

– уверение дека не е изречена санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност  

– доказ за степенот на познавање на англиски или француски јазик

– кратка биографија на англиски јазик.

 

Потребните документи за докажување на исполнувањето на условите заверени на нотар, кандидатите да ги достават скенирани по електронски пат на следната електронска адреса: vdelov@mjustice.gov.mk , со назнака: за Комисија за избор на тројца кандидати за член од Република Македонија во Европскиот Комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување

 

Рокот за доставување на барањата изнесува  7 (седум) дена од денот на објавувањето на огласот на веб страната на Министерството за правда, односно ќе трае заклучно со 27.12.2018 година.

Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Во согласност со одредбите од Европската Конвенција за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување и Резолуциите на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, се охрабруваат кандидати од двата пола да се пријават на огласот.

 

 

                                                                                                МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА

    д-р Рената Дескоска

   

Јавен оглас

Образец CV

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<август 2019>
повтсрчепесане
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости