Повик за аплицирање

24.01.2019 Новости-М

 

"Кристална вага на правдата" - награда на Советот на Европа за иновативни практики за ефикасност и квалитет на правдата

 Целта на наградата "Кристална вага на правдата", која годинава  се доделува по десетти пат,  е да ги идентификува и промовира иновативните практики кои се однесуваат на спроведувањето на постапките, судската организација и функционирањето на судскиот систем во целина.

За да бидат земени во предвид, практиките кои ќе бидат номинирани мора да се скоро имплементирани и да бидат лесно применливи во други држави и правосудни системи. Исто така, нивната ефикасност мора да биде мерлива.

За наградата за 2019 година може  да се пријават судовите, адвокатските комори, невладините организации и други тела кои работат во областа на правосудството во државите членки на Советот на Европа или државите набљудувачи на СЕРЕЈ.

Апликациите мора да ги задоволат потребните критериуми наведени во правилата за доделување на наградата и треба да бидат доставени до Советот на Европа (најсоодветно во електронска форма) најдоцна до 31 март 2019 година.

Правилата за доделување на наградата и формуларот за апликација се достапни на следниот линк 

https://www.coe.int/en/web/cepej/events/crystal-scales-of-justice-prize

Контакт: cepej@coe.int

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
Архива на новости