Со барања за амнестија нема право и правда во нашата држава

04.04.2019 Новости-М

Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава.

 Децидно истакнуваме дека, очајничките обиди и надежите за изнаоѓање на креативни решенија со кои во законот ќе се смести скриена амнестија, нема да бидат прифатени. Залудно е секое инститирање на неказнивост и скриена амнестија.

 Право и правда во нашата држава може да има само со продолжување на кривичното гонење и финализирање на судски постапки против сегашни и поранешни високи функционери на политички партии.

Шансите за договор зависат од тоа колку ВМРО- ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Крајно време е Мицкоски да се преиспита што му е поважно: дали европската иднина на нашите граѓани или спасот на оној кој му ја менаџира партијата од Будимпешта.

 

Со почит,

 

 Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
Архива на новости