ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА НОТАРСКИ ИСПИТ ВО ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА

30.04.2019 Регулатива и ресурси
 Врз основа на член 161 од Законот за нотаријатот ("Службен весник на Република Македонија" бр. 72/16, 142/16 и 233/18) и Правилникот за начинот на организирањето и полагањето на нотарскиот испит ("Службен весник на Република Македонија" бр. 32/19), Министерството за правда распишува
О Г Л А С
ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПОЛАГАЊЕ
НА НОТАРСКИ ИСПИТ ВО ЈУНСКА ИСПИТНА СЕСИЈА
 
         1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на нотарски испит треба да ги  
           исполнува следните услови :        
   - да е дипломиран правник со четиригодишно високо образование или дипломиран правник кој според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС),
-  да има положено правосуден испит   и  
    - да има најмалку три години работен стаж на правни работи по положен правосуден испит или две години работен стаж во нотарска канцеларија по положен правосуден испит.
2. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање на нотарски испит треба да ги достави следните документи:
- пријава во писмена форма во која читко ќе бидат наведени личните генералии, точна адреса, број на лична карта или пасош, име, татково име, презиме, број на телефон (мобилен или домашен), адреса на електронско сандаче, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за административна такса за полагање на нотарски испит во износ од 50,00 денари, назив на примачот - Буџет на Република Северна Македонија, банка на примачот - Народна банка на Република Северна Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, уплатна сметка 840***03161 (трите ѕвездички се однесуваат на шифрата на општината во која подносителот е жител), приходна шифра 72 23 13, програма 00,
 - доказ за завршен правен факултет со четиригодишно високо образование или дипломиран правник кој според Болоњската декларација има 300 кредити на правни студии според Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС),
 - потврда со која се докажува работен стаж на правни работи од најмалку три години по положен правосуден испит или две години стаж во нотарска канцеларија по положен правосуден испит,
 
- уверение за положен правосуден испит и   
-доказ за уплатен износ на предвидените средства за полагање на испитот, односно  уплатница (образец ПП/50) на износ од 9.000,00 денари, уплатени на жиро сметка на Министерство за правда, број 070 010 014 063 112 со цел на дознака за полагање на нотарски испит, назив на примачот – Министерство за правда, банка на примачот - Народна банка на Република Северна Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 1 000 000 000 63 095, приходна шифра 72 30 13, програма 10.
      3. Потребните документи (во оригинал или фотокопие заверено кај нотар) се поднесуваат во архивата на Министерството за правда, ул.”Димитрије Чуповски” бр.9, Скопје.
      4. Пријавувањето на испитот е од 1 до 15 мај 2019 година.
       5. За времето и местото на одржување на испитот кандидатите ќе бидат дополнително известени  со објава на веб страната на Министерството за правда.
6. Министерството за правда, за денот на полагањето на поправниот испит, дополнително ќе ги извести кандидатите кои не покажале задоволителен резултат по еден предмет, односно биле вратени на поправен испит.
       7. Кандидатите кои ќе полагаат поправен испит ќе треба да поднесат пријава во рок од пет дена од денот на објава на резултатите од устниот испит .
 
                                                                                                                        МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА
                                                                                                                            д-р Рената Дескоска
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости