Дескоска учествува на Кран Монтана Форумот во Швајцарија

27.06.2019 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска деновиве учествува на јубилејното 30 издание на Кран Монтана Форумот кој деновиве се одржува во Женева, Швајцарија.

 

Овогодинешната тема на форумот е насловена како “Дали мирот, развојот и стабилноста стануваат сон?“, а министерката за правда Рената Дескоска ќе се обрати на сесијата посветена на Иницијативата за источно-медитеранската соработка, за која оваа година исто така ја одбележуваме 30 годишнината.  Во рамки на истата сесија, ќе се обрати и поранешниот претседател на Република Албанија, г. Сали Бериша.

 

Целта на Кран Монтана Форумот е да ја зајакне меѓународната соработка преку промоција на добри практики на меѓународна соработка и градење на постојан дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучни актери и носители на одлуки.

 

Кран Монтана Форумот е невладина меѓународна организација која е основана во 1986 година, и мисијата на оваа организација е да изгради подобар свет, чие мото гласи "кон похуман свет".

 

На форумот  учествувал и  поранешниот претседател на Република Македониј, Киро Глигоров.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<септември 2019>
повтсрчепесане
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
Архива на новости