„Едукација за владеењето на правото: Инспирирајте. Направете промена. Заедно“

07.10.2019 Новости-М

 Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска во Виена учествува на конференција насловена како “Едукација за владеење на правото: Инспирирајте. Направете промена.  Заедно“, која се одржува од „Иницијативата за Едукација за правда“ во рамки на глобалната програма на Обединетите нации за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ).

 На конференцијата на која учествуваат министри за правда и министри за образование, во фокус на дискусијата е Декларацијата од Доха, која претставува првиот документ усвоен од земјите-членки на Обединетите нации што конкретно ги поврзува образованието и спречувањето на криминалот, кривичната правда и другите аспекти на владеењето на правото.

 Целта на настанот е да и се овозможи на меѓународната заедница да разговара за начините и средствата за промовирање на образованието за владеење на правото.

Севкупно, целта е преку образование за владеење на правото да се оспособи следната генерација да стане глобално општествено одговорен актер со здрав морален и етички компас – подготвени граѓани да се справат со светските предизвици поврзани со владеењето на правото.

За време на кратката посета на Виена, министерката Дескоска оствари и средба со Извршниот директор на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ) Јури Федотов, со кој разговараше за реформите кои ги преземаме за борба против организираниот криминал и корупција. На средбата Дескоска се заблагодари за досегашната соработка со Канцеларијата на ОН за борба против наркотици и криминал со нашата земја и за можностите за понатамошна соработка

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2019>
повтсрчепесане
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
Архива на новости