Заменик-министерот Оливер Ристовски на Меѓународна конференција: „Борба против корупција за напредок на Југоисточна Европа‘

04.11.2019 Новости

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски учествува на дводневна меѓународна конференција на високо ниво за борба против корупција во организација на Министерството за правда на Република Србија и проектот ,,Превенција и борба против корупцијата“, финансиран од Европската унија, која се одржува од 3 до 5 ноември во Белград, Србија.

На оваа конференција ќе се дискутира околу усогласувањето на меѓународните и националните механизми за борба против корупцијата и зајакнување на интегритетот, вклучувајќи ги и резултатите од специјализираните правосудни институции за борба против корупцијата во регионот и пошироко. Главната цел на конференцијата е да се зајакнат капацитетите, да се дефинираат надлежностите и да се воспостави силна соработка помеѓу институциите за борба против корупција на национално и регионално ниво.

Конференцијата е насочена кон подобрување на соработката помеѓу релевантните антикорупциски тела и служби за борба против корупција во Република Србија, како и во другите земји од Југоисточна Европа.

Антикорупциските институции, специјализирани и со соодветни ресурси, се од суштинска важност во борбата против корупцијата и промовирање на специјализација на службените лица и други институции надлежни за борба против корупцијата.

Учесниците на конференцијата ќе разговараат за механизмите и методите за борба против корупцијата, како и за начините за подобрување на транспарентноста и одговорноста на јавниот и приватниот сектор, со цел уништување на корупцијата.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости