Конститутивна седница на Советот за координирање на ИКТ во правосудството

06.11.2019 Новости-М

 

Денес во Министерството за правда се одржа конститутивна седница на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи (Совет за ИКТ).

 

Согласно член 87-а од Законот за судовите и Правилникот за состав и начин на работа  на Совет за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Советот за ИКТ го сочинуваат следните членови:

 

1. Митко Митревски,Генерален секретар на Јавно обвинителство на  Република Северна Македонија,

2. Ирена Димовска, информатичар, Јавно обвинителство на Република Северна Македонија;

3. Весна Бојаџиевска,Раководител на служба за информатика,Врховен суд на Република Северна Македонија;

4. Билјана Сековска Манева, виш судски соработник, Врховен суд на Република Северна Македонија;

5. Аспарух Мисајловски,Генерален секретар на Совет на Јавни обвинители на Република Северна Македонија;

6. Анита Андоновска, Генерален секретар на Судски совет на Република Северна Македонија и

7. Маја Хаџи –Кимова Трпкова, Раководител на одделение за информациско-комуникациски технологии, Судски буџетски совет. 

 

Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ  во правосудството.

 

 На констиутивната седница со едногласно избрани се Митко Митревски за претседател на Советот за ИКТ, и Весна Бојаџиевска за заменик претседател на Советот за ИКТ.

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<ноември 2019>
повтсрчепесане
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости