Формулар за акредитација на медиумски работници за Министерскиот форум - ЕУ Западен Балкан за правда и внатрешни работи

13.11.2019 Новости-М
Почитувани претставници на медиумите,
На 18 и 19 ноември 2019 година (понеделник и вторник) во Собранието на Република Северна Македонија, ќе се одржи Министерскиот форум - ЕУ Западен Балкан за правда и внатрешни работи, во рамки на финското претседателство со Советот на ЕУ.
Воедно, Ве информираме дека првиот ден од конференцијата (понеделник, 18 ноември) ќе биде посветен на секторот правда, за кој е предвидено снимање на инсерти/фотографирање во 13.30, а одржување на прес-конференција во 17:10 истиот ден.
Вториот ден од Министерскиот форум (вторник, 19 ноември) ќе биде посветен на секторот внатрешни работи, при што снимањето на инсерти/фотографирањето е превидено во 09.30,, а прес-конференцијата е планирана во 13:30 часот.
Доколку сте заинтересирани да ги покривате активностите за време на овој Форум, ве покануваме да се акредитирате пополнувајќи го ФОРМУЛАРОТ.
*Барањата се поднесуваат поединечно за секој медиумски работник.
Крајниот рок за акредитација е петок, 15 ноември, до 14:00 часот .
Откако Вашето барање за акредитација ќе се процесира и одобри, ќе добиете детални информации за времето и начинот на подигање на беџовите за пристап до локацијата и присуство на планираните прес конференции, во рамки на Форумот.
Напоменуваме дека присуството без соодветна акредитација нема да биде дозволено, согласно безбедносните мерки за време на одржување на Форумот.
Бараните податоци ќе бидат употребени исклучитлено за акредитирање, и истите ќе бидат уништени по завршувањето на акредитацијата.

Контакт лице од Министерство за внатрешни работи:
Димче Гаштарски, +389 71 304 195, kontakt@moi.gov.mk
Контакт лице од Министерство за правда:
Владимир Делов, + 389 71 211 642, 078 25 25 00, vdelov@mjustice.gov.mk
Линк:  Формулар за акредитација на медиумски работници
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости