Дескоска за „Макфакс“: Покрај имотот, ќе се испитуваат и влијанијата врз судиите и обвинителите

22.11.2019 Новости-М
 Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, во интервју за „Макфакс“ откри нови детали за ветингот: Покрај тоа што ќе се испита имотната состојба на судиите, ќе се испитаат и евентуални влијанија во носењето судски одлуки, а тоа важи и за јавните обвинители.
„За да може да си објасниме зошто некои случаи се водат како што се водат, мора да видиме дали има влијание зад тие случаи, дали влијаат политичари, сегашни, поранешни, дали влијаат адвокатска фела, дали влијае криминално подземје, лоби-групи, бизнис-центри на моќ“, вели Дескоска.
На македонското судство му недостасува имплементација на законите од правосудството, Дескоска смета дека Судскиот совет треба да го слушне гласот на граѓаните кој вели дека судството е институција со најмала доверба.
За донесување на Закон за ветингот ќе биде потребно двотретинско мнозинство, постојат многу силни аргументи за спроведување на ветингот, но се уште е потребно зелено светло од Европа за спроведување на ваков процес, вели во интервјуто Дескоска.
“Битно е ветингот да биде направен во кредибилен процес. Да нема никој никакво сомневање дека стои задна намера зад тоа, дека стои друга агенда.  Мора да биде процес во којшто ќе веруваат судиите, граѓаните, политичарите – дека се води како што треба“, потенцира Дескоска.
На прашањето за тоа кој би го спровел ветингот, Дескоска одговори дека нејзин личен став е дека треба да учествуваат претставници на европските институции.
“Да имаме на некој начин не само мониторинг, туку активно учество во таа Комисија за ветинг од лица коишто ќе претставуваат европски институции. Покрај антикорупционери коишто ја разбираат проблематиката, покрај луѓе коишто го разбираат функионирањето на судството и лица коишто се претставници на странски институции за да бидат гарантори на тој процес“ потенцираше Дескоска.
„Задоцнетата правда е исто така неправда. Сите очекувања и од граѓаните но и од Европската Унија се насочени кон судовите. Ако го видите Извештајот на Европската Унија вели дека законите се одлични, добри и усогласени, ги поздравуваме напорите - сега треба да следи имплементација. Таа имплементација е во рацете на судовите“, вели Дескоска.
Со почит,
Министерство за правда
Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости