Автентичното толкување ќе покаже кој е за правда – кој за помилување

29.11.2019 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, во изјава за медиумите истакна дека со отварањето на вчерашната постапка од страна на Уставниот суд за оценка на членот 11-а се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат за и врз основа на прислушуваните материјали.

“Јас не сакам да прејудицирам, ниту да влијаам на било каква одлука на Уставниот суд, но за да се спречи активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Иванов, го повикувам Собранието да ги искористи механизмите кои ги има во своите раце“ – потенцираше Дескоска.

Собранието со свое автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување може да го потврди тоа што го тврдеше и го тврди стручната јавност, а тоа е дека членот 11 на кој Иванов ги засноваше своите масовни помилувања, не постоеше, односно дека одлуката на Уставниот суд од март 2016 година за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, не го оживеа стариот член 11 од законот.

“Во рацете на Собранието е еднаш за секогаш да го затвори ова прашање и да оневозможи оживување на незаконските помилувања на Иванов. Министерството за правда ќе поднесе иницијатива до Владата да побара автентично толкување од Собранието, но тоа секако уште денес можат да го сторат и пратениците кои покрај барање за автентично толкување може да бараат и итна седница на Собранието за ова прашање“ изјави Дескоска.

Дескоска потенцираше дека преку ова прашање ќе се види кој е за правда и казни за оние кои се огрешиле од законот, а кој е за амнестија и помилување.

“Пред пратениците од сите пратенички групи е како ќе се постават во овој случај – како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот“ рече Дескоска.

Покрај пратениците, министерката додаде дека претседателот на Собранието е тој кој може да ги забрзува или забавува ваквите постапки.

“Сите зборуваат за нулта корупција, борба против криминал и корупција – сега ќе ги видиме кои се вистински за тоа, а на кој тоа им е декларативна заложба. Избегнувањето на давање на ова автентично толкување ќе значи дека политичките партии или сили се надеваат на ефектуирање на овие помилувања дадени од Иванов“, истакна Дескоска.

 

 

Со почит, 

Министерство за правда

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<декември 2019>
повтсрчепесане
25
26
27
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
Архива на новости