Министерката Дескоска на сесија на Комитетот на министри за човекови права во Стразбур: Случајот „Ел Масри“ затворен - сите обврски се исполнети

05.12.2019 Новости-М

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска учествува на сесија на Комитетот  на  министри кој го надгледува извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Напорите на Владата и на Министерството за правда во спречувањето тортура и несоодветен третман како и спречување на нивната неказнивост, беа признати од Комитетот со затворање на надзорот врз случајот „Ел-Масри“, и спуштање на нивото на надзор во случајот „Хајрулаху“.

Во случаите „Ел Масри“ и „Хајрулаху“, Судот во Стразбур утврди, меѓу другите и повреда на членот 3 од Конвенцијата.

Во својот говор министерката Дескоска ја нагласи посветеноста на Северна Македонија за почитување на човековите права, владеењето на правото и градење на демократијата.

Со исполнување на сите обврски во случајот „Ел-Масри“ , испративме порака до сите европски држави дека нема толеранција за тортура и дека особено е значајно да се почитуваат правата -дури и во деликатни ситуации кога постои закана за тероризам или за безбедноста.

“Владата воспостави надворешни контролни механизми во согласност со пресудите на Европскиот суд за човекови права во случаите „Ел – Масри“ и „Хајрулаху“ – истакна Дескоска.

Надзорната структура е воспоставена преку Посебното одделение за истраги на лица со полициски овластувања, како и надзор од Народниот правобранител и граѓанското општество.

На крајот на дебатата, Комитетот донесе финална резолуција за затворање на случајот „Ел- Масри“ и спуштање на надзорот над имплементација над случајот „Хајрулаху“, за чие целосно затворање се потребни измени во Кривичниот законик.

 

Со почит,

 

Министерство за правда

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
<август 2020>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
Архива на новости