Дескоска: Предлог – законот ја гарантира независноста на обвинителството од извршната и законодавната власт

29.01.2020 Новости-М

Предлозите за номотехничко уредување на текстот ќе бидат испратени до работната група која го подготви Предлог - законот за Јавното обвинителство, но и до Секретаријатот за Законодавство која е надлежна институција по ова прашање.

Според Дескоска, овој Предлог – закон подразбира градење на силно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кој покрај тековните надлежности што ги има, ќе ги преземе и случаите коишто ги водеше СЈО. 

“Ова Обвинителство, согласно предложениот текст има одредени финансиски и статусни гаранции, коишто треба да му овозможат и да му гарантираат независност од извршната и законодавната власт, со цел да не може да биде уценувано ниту од финансиски аспект, ниту да се врши било какво влијание“, потенцираше Дескоска.

Министерката истакна дека во текот на вчерашната расправа биле изнесени неколку естрадни тврдења дека има неуставност во овој концепт, што според министерката е апсолутно неточно бидејќи концептот со зајакнати надлежности на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постои и во други земји. 

Околу прашањето за предлагање на Јавен обвинител од страна на опозицијата, Дескоска истакна дека во текот на јавната расправа никој не ја поддржал оваа идеја како добра процедура било кој обвинител да биде на предлог на опозицијата.

“Слушнавме еден предлог којшто е вреден за размислување за зголемување на транспарентноста на постапката за избор на обвинител за организиран криминал и корупција и тој предлог ќе биде земен предвид“, потенцираше Дескоска.


Во однос на членовите 108 и 109 кои важат за најтешките прашања во Законот за Јавното обвинителство и кадешто се лоцирани клучните барања на опозицијата, министерката истакна дека ја охрабрува ставот истакнат од повеќе експерти, дека дури и да не биде изрично наведено дека постапките продолжуваат – тие ќе продолжат согласно Законот за кривичната постапка. 

“Тоа значи дека согласно она што беше истакнато вчера во текот на јавната дебата, дава простор за градење на консензус, бидејќи една од забелешките којашто ја истакнува опозицијата е дека не сакаат да се дозволи постапките да продолжат. Ако нема изречна одредба дека продолжуваат, тогаш тие ќе продолжат согласно Законот за кривичната постапка. Но, нема простор за ставање на одредба дека одредени постапки ќе запрат“, потенцираше Дескоска. 

Во однос на делот  кој се однесува на бројот и систематизацијата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Дескоска смета дека треба да се размисли дека ако се има вистинска желба за градење на капацитетно обвинителство дека треба да му се дадат обвинители за да ја вршат таа работа. Исто така, министерката истакна дека не е пречка и прашање коешто може да доведе до тоа законот да не влезе во Собранието. 

Дескоска потенцираше дека е добро што и пратениците биле дел од јавната расправа и можеле да направат проценка кои ставови се аргументирани.


 “Мислам дека сите оние коишто имаат добра волја можат да влезат во процесот на договарање. Ние веднаш ќе се обидеме да закажеме средба со пратеничките групи во поширок формат – се надевам дека ВМРО – ДПМНЕ нема да избега од овој формат“, потенцираше Дескоска.

“Вчера слушнавме и предлог во законскиот текст, наместо уставното име на државата да се користи терминот „Република“. Размислував околу тој предлог, но не мислам дека е добар бидејќи со таков предлог и концепт во законот всушност го бришете зборот Македонија од целиот текст и тој ќе биде спомнат само еднаш. Вие знаете дека првичната и најтврдата позиција на којашто Грција долго време инсистираше тоа беше зборот „Македонија“ да не биде дел од нашето уставно име. Со ваков концепт кадешто ќе го избришете низ сите закони зборот „Македонија“, мислам дека доаѓате всушност во градење на она што беше суштински интерес на Грција во тоа време. Се надевам дека тоа не е “соломонскиот концепт” на ВМРО-ДПМНЕ за избегнување на уставното име преку избегнување на зборот Македонија“, потенцираше Дескоска. 

Што се однесува до барањето на обвинителката Фетаи да се вклучи и меѓународната јавност како набљудувач на процесот на избор на Јавен обвинител, Дескоска истакна дека смета дека нејзин личен став е дека и јавноста, медиумите и граѓанскиот сектор би можело да бидат вклучени како набљудувачи во тој процес.

 Во делот на тоа дали адвокати или професори можат да бидат избрани за Јавен обвинител, министерката истакна дека ставот којшто е усогласен со Европска Унија е дека во Основните судови и Основните обвинителства може да се влезе само преку Академијата за судии и јавните обвинители, но дека ќе настојува на тоа професори да може да конкурираат. 

“Во тековниот закон, којшто е на сила во моментот, постои можност во вишите обвинителства да бидат избрани лица надвор од Академијата. Мене навистина не ми е јасно, Советот за Јавните обвинители досега неколку пати зборува за недостаток на јавни обвинители, а никогаш откога сум во ова министерство, не отвори постапка за избор на Виш обвинител бидејќи имаше шанса да избира лица од надвор, како адвокати. Во неформалните консултации со Европската Унија добивме листа како се врши избор на Обвинител на европско ниво, а нивниот став е дека треба да биде професионализирана функција и дека преодот може да биде само од судија со десет годишно искуство во кривична материја. Адвокатите не беа препорачани во тој опсег. Мој личен став е дека професори универзитетски треба да се дозволат и дека би било додаден квалитет“, потенцираше Дескоска. 

 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<февруари 2020>
повтсрчепесане
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости