Дескоска: Дел од забелешките кои произлегоа од јавната расправа веќе се вметнати во текстот

31.01.2020 Новости-М

Втора средба за Законот за Јавното обвинителство во поширок формат со претставници на политичките партии и пратеничките групи од Собранието. На средбата се разговарало околу амандманите за подобрување на текстот после експертската јавна расправа за законот. 

 
Дескоска информираше дека одредени пратенички групи веќе доставиле амандмани, дел ќе достават амандмани во текот на утрешниот ден, а дел не сакале да преземат одговорност да подготват амандмани. 
 
Министерката ги информирала присутните дека дел од забелешките кои произлегоа од јавната расправа веќе се инкорпорирани во текстот на законот. 
 
Министерката истакна дека очекува амандманите да ги достават најдоцна утре до 12 часот на пладне, а потоа ќе се закаже нова средба, најверојатно во понеделник. На следната средба ќе се дискутираат амандманите коишто ќе ги достават пратеничките групи и политичките партии. 
 
 

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
Архива на новости