Законот за ЈО го подготвуваа домашни и странски експерти 2 години, ВМРО – ДПМНЕ да достави амандмани

04.02.2020 Новости-М

Денес продолжуваат консултациите со пратеничките групи околу Предлог – законот за Јавното обвинителство. Министерството за правда потенцира дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Закон за Јавното обвинителство, бидејќи работната група го подготвуваше текстот повеќе од две години, а една година има откога се започнати преговорите за овој закон.

 

Законот за Jавно обвинителство се изготвуваше долг временски период во Министерството за правда, од работна група во која што учествуваа домашни експерти, научната јавност, јавни обвинители, но исто така и странски експерти и дури странски јавни обвинители коишто даваат сугестии и мислења за одредени пршања поврзани со Законот.

 

Законот е се уште на маса и доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да учествува во процесот, ги повикуваме да подготват амандмани на овој текст – се останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
Архива на новости