Маричиќ на средба со новиот амбасадор на ЕУ Гир: ЕУ ќе биде партнер во спроведување на реформите за владеење на правото

23.09.2020 Новости-М

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со новиот амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

Посакувајќи му топло добредојде на новиот евроамбасадор, министерот Маричиќ истакна дека клучните реформи во поглед на евроинтеграциите на Северна Македонија се наоѓаат токму во ресорот правда и дека поддршката од ЕУ ќе биде мошне значајна за европеизација и трансформација на земјата.

На средбата се дискутираше и околу подготовките во Министерството за правда за почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права.

Маричиќ истакна дека правдата е најголем приоритет за граѓаните и дека најголемите очекувања се токму во оваа област: Зголемување на ефикасноста, транспарентност и етика во постапувањето на судовите и обвинителствата.

Владеењето на правото, изградба на непристрасен, објективен и ефикасен правосуден систем ќе бидат во фокусот на вниманието за време на неговиот мандат, истакна Маричиќ, кој дополни дека во сите процеси и најавени реформи во правосудството и владеење на правото, ЕУ ќе биде партнер во спроведување на реформите.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости