Маричиќ: Проектот Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – IPA 2019 значаен за реформите во правда

23.09.2020 Новости-М

 

Во рамки на соработката на проектот  Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – IPA 2019, министерот за правда Бојан Маричиќ денес оствари средба со Г-дин Станислав Пинтар, Резидент ЕУ јавен обвинител Г-ѓата Елиса Дибало Резидентниот ЕУ полициски експерт и Г-ѓа Мила Станковиќ, Национален правен советник.  

Овој проект е ко-финансиран од страна на Европската комисија, владата на Германија и владата на Италија, а се спроведува од страна на GIZ од Германија, CILC од Холандија и Италијанското министерство за внатрешни работи. 

Целта на овој проект е да се зајакне одговорот на земјите од Западен Балкан во борбата со сериозниот криминал и тероризам, преку зајакнување на соработката на државите од регионот, но и со ЕУ институциите како Европравда, Европол и други.

На состанокот се разговараше околу процесот на изградба на ефикасна мрежна поврзаност и соработка на државите од Западен Балкан, како и за интероперабилноста на институциите на земјите во регионот со што би се овозможила поефикасна борба против сериозниот криминал.

Воедно, на состанокот се дискутираше и околу значајноста на донесувањето на новиот Закон за меѓународна соработка во кривична материја, кој ќе овозможи поефикасна меѓународна соработка во делот на борбата против криминалот.

Министерот Маричиќ се заблагодари за поддршката овозможена преку проектот и истакна дека сите елементи на владеењето на правото се значајни, но дека борбата против организираниот криминал и корупцијата е можеби најзначаен елемент за Северна Македонија.

Автор
Министерство за правда
+389 (0)2 3116 - 493, +389 (0)2 3116 - 648
E-mail: cabinet@mjustice.gov.mk, publicrelation@mjustice.gov.mk
Скопје
<октомври 2020>
повтсрчепесане
28
29
30
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
1
2
3
4
5
6
7
8
Архива на новости